Демек преку цуцла најмногу се ширеле инфекции. Што не ми држи вода, тоа е мое мислење, зошто ако е тоа така сите ќе беа болни и до сега цуцлите немаше да постојат.
Абе сѐ ми е јасно. Читам и се едуцирам/информирам. Ама до сега јас немам слушнато за бебе што се одбило од цицање поради цуцла. Не викам дека не се случува, ама сигурно е преретко. Така ако гледаме од милион реквизити што се користат за бебиња постои одреден ризик, поголем или помал. Тоа дека може да скокаат еден оброк не знам колку држи вода зошто со цуцла може да се одложи кратко доењето, ама ако е гладно бебето 20 цуцли не те спасуваат, барем со моето е така. Кога му се јаде не можеш со цуцла да го залажеш, станува кенкав и си бара. Јас не користам премногу, никогаш преку денот не давам од чиста мира зошто ме нервира кога гледам деца нон стоп со цуцла во уста. Ама сум пресреќна што прифати да цуца зошто во одредени ситуации помага многу. Јас имам мирно бебе па ми е од помош, а можам да замислам колку им се наоѓа на мајките со плачливи бебиња.
Јас таман се пофалив дека моето фати цуцла и само се успива ии толку беше, два дена траеше. Сега веќе не сака. И според мене шанса нема бебе да прерипне оброк ради цуцла. Дури и тоа што од шише јаде, не ја спречува да си бара цицка кога и е за цицање или галење. И мене ми е мило што не е цело време со цуцле во уста, ама некој пат, особено кога си надвор би била од помош. Вака почесто ја стерилизирам, отколку што она ја зема. @Bubish26 а овде пак кај вас во комшии, кога бевме на преглед и за ехо на колкови што се вознемирени нели, доктор сам те прашува дали имаш цуцле да му дадеш да се залаже дур помине прегледот. Исто и на итна кога бевме и плачеше, нели не може на цицка да ја прегледа, исто ни рече да и дадеме цуцла, за да се смири додека ја види.
Може во некој мал процент, а и јас пак не верувам дека тоа го предизвикува цуцлата. Сепак тоа е мое мислење. Јас му давам цуцла и си ја сака. Сега ја бара и ја пика во уста заедно со едно прсте и ги чеша непцата, многу е смешен. Инаку да прашам кога почнаа да си ги чешаат непцата, веќе скоро цел месец нервозно гриза се што ќе фати. 4 месеца правиме во вторник.
Здраво мајки дали некоја се соочила со покачени АСТ и АЛТ кај бебе 5 месеци сме имаше лактациска жолтица околу 60 вредност се и АСТ И АЛТ
После болест особено некоја поврзана со црн дроб мислам нормално е да се покачени неговите ензими. Матичен треба мислење околу ова да даде, ама мислам дека е нормално и треба да се спуштат. Мене ми беа покачени после прележана болест во бременоста па се нормализираа со тек на време.
Мајки, како ви се малечките во 4ти скок со расположение?..ние само кенкаме не сме расположени за ништо, едвај по малку на стомаче да полежи и сака само да држи нешто во рачината...пред да влезиме во скок почна да се врти од грб на стомак сега ништо
Пред три дена ни почна 4ти скок, расположение променливо, една минута се смее наредната плаче, воглавно повеќе кенка. Исто и моето почна да се врти од грб на стомаче пред скокот и по цел ден тоа праеше а сега многу поретко, малце потешко заспива и со цицањето редот ни е изгубен. Одсабајле ќе цица по 5 минутки на два саати, попладне на 40 минути бара да цица. Тоа е, ќе помине и ова .
Генерално е океј, се смее, се превртува, гуга, не плаче кога е будна. Си играме, ми ,,зборува", расположена е. Ноќе откако ќе цица, после тоа знае да почне да гуга и да вежба вртење на стомак. Е дење цицањето е предизвик, потешко оди и со молење е. Се скапувам од менување положба за да цицне, а таа ми се смее, ми гуга, прета возбудено и сака да игра. Денес е громчето и ноќеска на двапати беше будна по 1 час. Кенкава не е многу, само пред последната дремка е поизразена кенкавоста. Строго пазам на прозорци на будност инаку отидовме сите. За чудо, најчесто сама се успива дење. Точно кога ќе помине еден и пол час откако станала, почнува да покажува знаци и одма заспива. Си игра со двете рачиња, си ги гледа и тегне, тегне чаршав, дофаќа тропалка ако е на меше и мафта со раце, а знае и глодалката Софи да ја држи ако и' ја доближам до рака и случајно да ја донесе во уста. Рацете и' се најчесто во уста.
Мојот од крајност во крајност,или плаче или се смее. Не е многу заинтересиран за игра, само пика реце во уста, и се што ќе фати нервозно гризи, го чешаат непцата, ние веќе 23 дена како сме во 4 скок, громчето помина. Кога сака се врти, почна и од стомак на грб да се враќа. И во овој скок многу почна да гука. А за цицање слично како оли и липстик. Се молиме и цицаме кратко. И се мислев дека е гладен, а вчера на домашна вага го покажа 6600. Во петок сме на контрола баш ќе видиме колку ни е дома точна Ако е точна имаме додадено 700 и нешто грама
Јас ја мерам еднаш неделно и за три недели имаше ставено 540 gr. Пред 5 дена имаше 6380. Задутре ми е ден за мерење, баш ме интересира колку ставила последнава недела кога најмногу е цицањето со молење.
Оли ние се молиме од 4 ти септември, јас мислев ништо нема да качи, многу кратко цица, 5 мин на града и бара и на другата, и таму толку некогаш и помалку и се трга и те гледа и гука, а плус нервозно цица и си реков ова дете гладно е, а не ми дава до душа други знаци, полни пелени, си спие. Не плаче нон стоп. Плачи кога му се спие само. И после видов до што е нервозното цицање... се унервозува зошто ми касни рефлексот на испуштање млеко и многу јак млаз му иди после, а тој само голта голта, ко да не диши цица лакомо, целио се оросува на чело дур цица. Мислиш на борење бил . И само ме влечи за мајца или ме тепа дур цица
Истото е и кај мене. Додуша, отсекогаш на една града цицала 5 мин и потоа ја бара другата и таму знае малку подолго да цица, но во скоков и на двете кратко трае сега тоа. Мене мора со рачето да ме држи за прст и многу прета. Малку помага што е расоблечена додека цица, по боди е инаку е многу понервозна. И јас мислев дека е гладна, понудив и АД за да видам, цицнува 20-30 ml и потоа го плука и не сака. Само што јас се правам жива вода додека трга, кога ми наидува млеко препотена сум, ама буквално се цедам, лие ли лие пот. Потоа пијам течности како да не сум видела и така во круг.
При сечење ноктиња ми мрдна и ѝ пуштив крвче, што можам да ставам, намачкам за да не ја пече и боли? Скоро два месеци е.