Да, такви прифати и ден денес ги обожсва. Имаш од сите фирми, ние највеќе употребувамеод Авент и на Twistshake, имаш и на Бабилов ама мене некако ми течеше и ранецот беше лом.Пробај со цевка или вакво како последното, не мора баш пд тие за млеко шо се. Не ги вртев, а пак второво оти помирно ми спие на меше, и на вечер така го легнувам. Нема ништо околу него, а главата си ја врти лево десно без проблем.
Ставате ли некакви штитници на дрвени креветчиња? На почеток од мерак имав една оградица од Ело ама брзо ја тргнав и го оставив креветчето само со чаршавче, што од безбедносни причини, што од што се стопли и ми немаше логика да го затварам. Е сега имаме нова борба. Почна да ротира како стрелка на саат. Буквално за 360 степени се врти, небитно дали спие на меше или на грб. Ете сабајлево го ставив на спална до мене, си заспа нормално наместен. После некое време се будам нозете кај главата, а главата доле, целосно се свртел, не сум ни осетила. Плус кога е на меше почна со газот во вис да спие, на колена. Ај на спална не е страшно, ама си спие во креветче и се мава во оградата кога се врти и си ги заглавува нозете во решетките..
Мислам овде се спомнуваше за лој од гуска, @Chanell* ако добро памтам ти пиша дека имаш контакт. Каде можам да најдам?
Се врти и мојата така, но ја враќам на грб. Вчера ја оставив да заспие, па кога заспа цврсто, ја свртев на грб и си продолжи да спие. @Bella_Stella Најслатки се со газе нагоре. Син ми има 3 и пол години, уште понекогаш знае така да заспие
Мајки имам две прашања за вас. Дали педијатар или ортопед ви има кажано дека не се држи дете во раце исправено со погледот нанапред и дали ви кажал зошто? Тоа ни го кажаа на 1месец контрола. И вчера неколку пати се случи да ги заврти очињата навнатре при гледање од блиску во нешто. Има неполни 2 месеци. Има ли некој искуство со тоа, се испаничив малку
Па не го држат главчето цврсто, не ни можеш баш исправено да ги држиш, нема ни потреба според мене нешто многу носење тој период, најдобро на подлога долу и така да се поминуваат прозорците на будност, можеш да свртиш еден круг два доколку штрајкова за храна и тоа е тоа. А за очињата, не им е фокусот баш добар и нормално е да им бегаат.
И моето така ги криви очињата, 43 дена е.. Знам и големиот така правеше. Мали се уште, пишала и Бубиш.
Може да се искриват ребрата од такво држење нанапред, се прави притисок. Тоа е објаснување од ортопед. Бебе на под треба да расте, ќе го гледа исправено светот кога ќе седи, кога ќе оди...
Здраво мајки, бебето цица плус на секој подој давам АД. Сепак во денот повеќе мл. пие АД, можеби од мене исцицува само 200мл дневно. Дали мислите дека треба да давам некаков чај? Многу од страна ме прашуваат дали давам
НЕ! Вода и чај не се дава се додека не почнат со цврста храна. Шо че го нахранит чајот? Ништо, само се оптеретуваат бубрезите со непотребна течност.
Никако не може да имаш евиденција колку исцицало од тебе, ама баш никако. Не знам зошто даваш Ад, ниту колкаво е бебето, ама зошто тој чај? На бебе дур е само на доење/ад му треба само млеко и ништо друго!
Така мислам бидејќи кога прерипнува цицање измолзувам само 40-50мл многу ретко 60. Не успеав да воспоставам поголема лактација, вака сме од почеток.. Знам дека музењето не е доказ, но јас нудам и АД па колку испие толку. Исто мислев дека не треба чај, но сепак да си прашам на фемина
Доближувај му се и оддалечувај се со лицето пред бебето, добра вежба е со ликот твој. Може и со играчка некоја ако почнало движења да следи со поглед. Некоја шарена играчка држи му над глава додека лежи и чекај да ја фокусира, па полека движи ја налево, па пак накај средина, па надесно, па пак на средина, па горе, средина, долу. И сето тоа полека за да има време со очите да ја следи играчката. Мускулот на очите ќе се вежба на тој начин. Може вежби, но мислам дека само ќе се среди и нормално е да му бегаат. И прво секако прашај си доктор пред што било да правиш. Ич не е доказ ако молзиш 40-50 ml дека толку пие бебето од тебе. Камо јас да вадев по толку, ќе замрзнував постојано. Вадам жими 10, а некогаш 5 ml, а бебето е на доење. По колку ти пие ад откако ќе цица? Инаку, вода и чај здравје, понатаму. Нека ти зборат од страна колку сакаат.
Сите велат бебе треба да расне на под и да се согласувам до некаде, ама моето пример не сакаше да седи на под од мало и уште не сака, додека почна да држи глава стабилно скоро сите прозори на будност ги поминуваше во нас, легнато на нозе, легнато на спална, нишкање во раце, па некогаш дури и гледаше нанапред, секако потпрен на гради. Сега кога е поголем пак не го сака тој пусти под, интересно ми е макс 10мин и после и стој на глава да правам за да го занимавам нема да сака да лежи. Сака да е во раце, да се шета, да разгледува во двор, да фаќа се живо со раце, да се занимава со луѓето околу него. И да, бев малце загрижена дека нема да почне да се врти, ама буквално преку ноќ на спална почна да се врти на 5м, главата си ја држеше уште на неполни 3м, бевме на ортопед и среќа нема никаква штета, супер се развива , е сега не ми е поентата да деградирам мислења на ортопедите дека дете треба да расте на под, се согласувам со тоа, ама некогаш има бебиња со кои тоа едноставно не е возможно на подолг рок, и ако вашето бебе е од тие, не се обинувајте толку дека грешете или дека ќе има застој во развојот, јас се обвинував кога сите мои другарки мајки ми се нафрлија како не го ставам на под па ми го внесоа црвот и се изедов една вечер од мака. Ете го мојот црв, без под, јас го оставив да спие со главата нагоре на грб, сега е со главата надолу на стомак и така.
Бебето не е пумпа за молзење и обратно, не може иста да е ефективноста на вакуумот. Ад немаш потреба да нудиш освен ако гледаш знаци на глад. А чај не треба да даваш дур не јаде цврста храна.