Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.660
    Пол:
    Женски
    Исто ми беше првото, никако на под не сакаше, од бебе од 3 недели што се вели вриштеше ако го оставев на меше, е сега второво не прави проблем засега, сака на меше, мал е по некоја мин го оставам ама стои. Му направив од картон "играчка" секој ден си ја гледа, многу ја сака, сега како што расти почнува "да и зборува" по малку, ама од прв ден ја гледа ко му ја направив, 2 недели беше.
    Screenshot_20230927_145425.jpg
    И мене ми велат давај му чај за мешето, не давам чај, полн со шеќери е, ќе го засити. Јас аха добро :smirk: За првото имав купено, пробав да му дадам ама не го сакаше и си остана само со доење и супер напредуваше.
    Сам си ги враќа во нормала да речам, не се плаши ништо не е.
    @Bebence29 на првото му беше такво пудра бебешка му ставав му поминуваше од неа, знам дека има парфеми во нив ама тоа му беше лекот. После капење убаво бришење да биде суво, исто и зад ушињата може да се направи вака ако не се бришат убаво.
     
    Последна измена: 27 септември 2023
    На 1209 и lalinda им се допаѓа ова.
  2. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Моето има, исто се потсечува, ја мачкам со едно масло од болница ми го дадоа кога се роди. Пробај со било какво масло, бидејќи кремата се собере на местото каде што е мачкано.
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    45.892
    Пол:
    Женски
    Моето под пазувите вака му беше, од влага е, ќе ги измиеш и ќе ставиш прво бебешка пудра, па после судокрем до цинк, на моево само од ова му помина и не се повтори, а пред тоа пробав се и сигурно 2м постојано му се правеше.
     
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    156
    Дали е дозволено давање на колиеф и инфаколик капките паралелно?
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @1209 Навистина не сум чула ортопед да каже дека е океј држење во раце, на колена, сите препорачуваат на под да се става. Еве ако му кажеш за ова тука што го пиша, ќе ти каже дека треба на под да е почесто и ќе земе да објаснува. Има и зошто, сепак си има причина за тоа. Стручни се за тоа и верувам дека не зборат онака, веројатно тргнуваат од тоа дека природниот тек на развојот на секое дете доаѓа до израз на под бидејќи тоа време што го поминуваат во раце може да го искористат за вежби, да си имаат свој тек кој природно им доаѓа.
    За да сака на под, сепак треба да се навикне, а за да се навикне, треба упорно да се става повеќепати на ден. Денес 1 минута, утре 2, задутре 3 итн. Не велам дека не се обидуваш, да не сфатиш погрешно, но те советувам да продолжиш да го ставаш, нека покенка и тоа е дел од вежба кога се бори и одбива. Секогаш кога е буден, ставај го, не на пример само еднаш во денот. Можеби нема да ме послушаш, секако е твоја работа тоа.

    На почеток не сакаат и кенкаат, плачат, се бунат. Но со тек на време (кај некои побрзо кај некои подоцна), како ќе закајнува, така ќе му станува океј. Поинакво е лежењето на кревет, се разликува од лежење на под. И ние самите тоа го забележуваме кога ќе легнеме на кревет, зар лежиме на под? Не сакаме, се разбира, не е нешто удобно.
    Како вежбањето. Кога почнуваш со вежбање боли, не е пријатно, мускулатурата треба да зајакне за да ни стане попријатно вежбањето. Исто им е и ним. Во раце го нема тоа што го има на под, а за нив е важно и да се на тврдо. Затоа нели препораките се да е тврд душекот на којшто спие, во количка и транспортер да не се става на меко, така и играта да е на под. Сите важни фази пожелно е да ги помине долу, мускулатура да вежба за да седи, да стане, да оди. Ако сакаш да го држат во раце, океј, нека го подржат, но тоа нека е кратко, останатиот дел од времето пожелно е да си игра на под. Секако, како што научил да се врти во кревет, ќе научи и да седи и да оди. Твое е дали ќе одлучиш седење да научи во скут, на кревет потпрен со перници или на под, дали ќе го држиш за да оди, ќе го ставаш во дубак или од под сам да стане и да заоди. Твое право си е тоа. Вака или онака, ќе ги помине тие работи, но подот се препорачува и ортопед вели дека само треба упорност и да се става редовно.

    Секое бебе сака во раце да се шета и да гледа, не е тоа да речам такво е бебето, така сака. Како што секое би сакало да патка ако е така научено. Ако го држат во раце и го шетаат моево девојче, мислиш дека нема да сака? Охооо ќе сака, се разбира.
    Како сега да кажам заспива со цицка, такво е бебето. Не е такво, јас си го научив. Ако земам сега да ја нишам, нема да сака, ќе се буни, не сака, но ќе се навикне ако сум упорна.

    Не го пишам ова за да се секираш, пишувам за да те мотивирам да продолжиш упорно да го ставаш повеќе и почесто.

    Играчката погоре е супер, браво @lackygirl што си ја направила. Јас поголема мрза сум и нарачав на готово контрастна сликовница, се занесува во неа и и' гуга. Обавезно и' ја ставам на меше кога е, помага за да е заинтересирана. Иако, најдолго седи на меше кога и' е братчето во близина и ја игра.
     
    На medena147, lackygirl, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    45.892
    Пол:
    Женски
    @0ли те разбирам и реков не сметам дека се за цабе препораките. И да сега го ставам, седи по 10тина минути, еднаш до два пати во ден, ама дека ужива не ужива.
    За учење за одење или седење не планирам да користам ни дубак ниту перници, ниту скут, се трудиме на под да ама дека апсолутно му наштетив што не го ставав од бебе, дефинитивно не му наштетив, тоа му беше муабетот, се научи што треба да научи во временска рамка, без форсирање од моја страна.
    Сакав да кажам не се потресувајте многу околу тоа, ставајте го колку сака и може, не е муабетот да се стави и остави ако бебето вришти.

    Друго според мене и прошетките во природа и држењето во раце е исто така битна ствар и сметам дека треба да биде вклучено во развојот, а не да се бега од него како од ѓавол.

    И секако на крај секој по себе ќе си оди, ама да не сметам дека е погрешен совет оставањето на под, треба и е многу пожелно, ама не е крај на свет ако не е по цел ден на под.
     
    На Zumbulche, 0ли и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.136
    Допаѓања:
    9.736
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам само на муабетот. А што ако бебе има рефлукс? Тогаш препорака е да се држи исправено 20 мин. после јадење
    Е сега во еден прозорец на будност што попрво. Да јаде, да се ждригне, да се држи исправено, па да се пресоблече, ајде меше, под играње дошло време за успивање. А некогаш бебе не е расположено за игра.
    Еве и јас сега грижа на совест имам што ја носам напред понекогаш. Ама што да правам кога бебе пишти кога е свртена накај мене. И башка што по пола ден чинам на рамо ја носам за да ждригне.

    Е сега друшки пошто не сакам да оставам се на случајот, ве молам препорачајте ортопед и педијатар. Идеално би било Струмичко -Штип- Кочани, ама бидејќи повеќето сте од Скопје, не е проблем пишете. И онака сакав за друо да се консултирам, пошто овде кај што живеам се им е нормално.
    Ве молам од кој сте задоволни, може и во порака.
    Фала
     
    Последна измена: 27 септември 2023
    На BadKarma94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    45.892
    Пол:
    Женски
    Кочани нема, а ниту Штип нешто асално, јас сум од Кочани, моево го носев во Ск на ортопед, кај Александра Данева(мислам беше?) презадоволна сум, а педијатар има во Кочани добра, исто Александра, пријатна е и се разбира.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Не, какво вриштење, тамам работа. Затоа велат се остава колку што дозволува, а ако често се става, тоа време на престој на земја ќе се зголемува полека.

    Тоа за седење и одење повеќе го пишав како општо, не конкретно дека ти ќе го ставаш во дубак или ќе го паткаш. Грешка моја што не напишав во безлична форма.

    Прошетки во природа обавезно, најдобра работа е тоа и за бебето и за родителите. Не сум против држење во раце на кратко, ако мислиш на тоа да ја види околината. Ама па од раѓање брзо доаѓа време за седење во количка, сè ќе гледа.

    @јolene Ортопед Александра Димова во Дебар Маало.
     
    На 1209 и јolene им се допаѓа ова.
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    А мислење за кенгур? Јас добив на поклон. Еднаш го ставив и мислам дека е доста практичен ниту го стискаш на стомак, ребра и слично, а ете му ја исполнуваш на дете желбата да гледа напред и разгледува.
     
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.136
    Допаѓања:
    9.736
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може напред тек од 6 месец, т.е од кога ќе почне да седи само. Како така да имав прочитано негде.
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.733
    Допаѓања:
    21.421
    Пол:
    Женски
    Струмица
    https://beliotcvet.com/department/ortopedija/
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    Во кенгурот не седи, има после како едни јаки кои се отвараат од кога ке почне да седи. Го немам користено затоа прашувам
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.136
    Допаѓања:
    9.736
    Пол:
    Женски
    Знам дека не седи. И јас имам таков од ергобејби, да може и напред и кон тебе да се стави бебе. Еве сега баш во упатството прочитав, на напред смее од најрано 5 месеци, бидејки од таа возраст се вратот, колковите и грбчето доволно силни, да може да се носи така.
     
    На BadKarma94, Ceneva и Tiny Love им се допаѓа ова.
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.733
    Допаѓања:
    21.421
    Пол:
    Женски
    Без разлика што не седи, не ја држи уште стабилно главата и рбетот и затоа не се става напред. Кога е свртено накај тебе има дел со кој што ја фиксираш главата. Мислење за кенгур немам некое особено. Не користам, ама би внимавала на препораките, правилна положба на ноџиња итн.
     
    На Ceneva, 1209 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella @јolene баш сега го гледав упатството. Нанапред можам да го ставам од кога детето ќе се држи испрвено на земја на дланките, не на лактите, кога е на стомаче. До тогаш само свртено накај мајката. А од кога ќе може да седи, може и назад на грбот да го носиш.
    Јас само еднаш го ставив и не беше нешто многу одушевен дека накај мене свртен :D. А би сакала да го користам зошто кога шетаме не сака многу во колица, се вози одреден период и почнува да вреска и од срам го земам во раце. Прво се правам дека не го гледам и слушам со надеж дека ќе престане, ама неее :worried:. А некако кенгурот ми се гледа подобра варијанта отколку во раце.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    45.892
    Пол:
    Женски
    Мене ми е најискористена ствар кенгур, без него немаше да издржам првите месеци. Има кенгури за 0+, најбитно е додека не е стабилно со вратот да се држи свртено накај вас, кога ќе почне да го држи вратот може и нанапред, ние почнавме нанапред на 4+ м со консултација на ортопедот, така да @Ceneva може ова со рацете е специфично за твојот тип на кенгур, на мојов немаше такво нешто во упатството, пишеше само главата да ја држи стабилно и да е над 6кг.
    И битно да е квалитетен кенгурот, нозите треба да се во М позиција, мојот што го имам не е од тука, ама веќе гледам мал ми е некако, како да го стега и гледав што се нуди тука, правилна форма имаат само тие на ергобебе, малце се солени во цената, ама ако бебе му е омилено така да се шета апсолутно вреди за парите.
    Јас ништо друго не искористив толку како кенгурот.
     
    На јolene и Ceneva им се допаѓа ова.
  18. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.010
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    Мојот е infantino flip 4 in 1 convertible carrier. Пишува и за килажата. Накај мајката до 6.8кг а после може напред. Ја има таа М положба на нозете. Баш ќе се исконсултирам со педијатарот овде. Мојот е до 18 кг
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Практичен е, но внимавај нозете да се во положба на буквата М, тоа е најважно за колковите.
    Нас ортопедот тоа 100 пати ни го нагласи, рече не е битно колку е скап или евтин, важно е положбата на нозете и колковите да е во облик на буквата М.
     
    На јolene, Tiny Love и Ceneva им се допаѓа ова.
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.220
    Допаѓања:
    26.232
    Пол:
    Женски
    Од 3 месеци е во кенгур на напред, само доколку ја држи главата цврсто.
    @Ceneva
     
    На Zumbulche и Ceneva им се допаѓа ова.