Цврст е многу да не го урочам. Јадрата на колковите му беа оформени на 3 месеци. Има деца ни на 6 не им се. Ако е на мојата фамилија пред годинка сигурно ќе прооди. Мајка ми и брат ми имат проодено на 7 месеци. Сите се чуделе. Јас на 10 и пол имам проодено. Како и да е кога ќе посака тогаш, за ништо не форсирам.
@Bubish26 @Bella_Stella вие зборевте за заштита на оградата од дрвено креветче? Јас имам рамна оградица и ми помага, ама ми е само од трите страни,од таа страна од кај што се спушта оградата немам ништо ставено и од тука си ги вади нозете надвор. Веќе цел месец тоа го прави и се чудам што да ставам а да биде безбедно и плус да можам да го гледам. Имав гледано едни ко мрежести заштити на амазон, но не знам какви се и дали се добри. Вие што решение најдовте?
Бебе неколку дена ми се буди навечер многу често, не беше случај претходно. Од што може да е? Завчера прими вакцини втора доза ама немаше никаква реакција. 4++ сме
Бебето има околу 6 месеци, во последно време многу капс го гони, на пример вчера какаше и ако денеска не кака ќе стане во ноќта и ќе плаче поради што не какало само еден ден, а и во текот на тој ден што нема какано се гледа дека малку се мачи особено кон навечер, подскечува, ама не може, приморана сум од еден ден ако не кака да му правам клизма оти ноќе се буди плаче не прекинува додека не се олесни, некој совет, а да не е клизма?
Како да се оптегнува и да не допира воопшто на летвичките, на други слики што видов. До душа мене ми е повеќе за да не ги пика нозете. За тоа ќе врши работа а и ќе можам да го гледам
Јас имам јорганче префрлено на тој дел од оградата што се спушта, ем не ги пика рацете и нозете таму , ем и да се удри е меко. Тој дел од јорганчето што е од внатрешна страна ми е спровнат надоле под душекот за да не се покрие случајно прекуглава.
И на грб и на стомак. Малку така, малку така. И на стомак треба за да ги вежба вратот, рамениците, всушност горниот дел од телото.
Може и порано, јас ја однесов кога имаше 3 недели. Што порано, тоа подобро, не е дека мора да е на 2 месеци.
Супер, сега одам од кај педијатарот ми ја препорача Александра Димова дали бил некој кај неа? Работела во приватнава во Тетово ама веќе не, ми кажа дека работи во Скопје. Ако е добра да си закажам со време.
И јас одам кај неа со второво, во Дебар Маало работи. Супер е докторката. Еве онлајн закажување тука.
Денес педијатарот ни рече за брзо да сме почнале со воведување на вкусови. Мене ми е некако апсурдно дете кое додало скоро кило за месец дена и е 4 месеци и три дена детето да се даде таков совет. Ама некако ми влезе и ми излезе советот дур бев таму, да бидам искрена. А сега си велам можеби јас грешам, што мислам дека не. Ама ај да се допрашам овде. Кога почнавте со воведување на вкусови, а децата ви напреднуваат супер со доење? Јас планирав некаде 5 месеци полни, па чак и 5 и пол, кога ке има да почнам да го запознавам со вкусови.