Штом си напредува, детето ако е задоволно со млеко, рано е. Што им е бе на педијатриве? Бог да чува значи... Малово ако си качува со доењево, од 6 ќе почнам. Ја гледам, уште не знае каде е, ќе седи ќе јаде. Како па да не.
Не знам оли замрзнати се со стариве препораки, а не е стара докторкава и многу чудно ми падна што ми даде таква препорака. Ние уште малку и ќе ја удвостручиме родилната килажа, а сме само со доење до сега. 4 месеци полни и 3 дена има синко. Роден 3610, а денес измерен 6720гр.
Ако напредува почни од минимум 5.5 со вкусови и таман на 6.5 ќе може еден оброк. Јас почнав со вкусови сега, по некоја лажича, првите денови се мрштеше, не знаеше што да прави, ептен беше смешен, ама денес праска му дадов и ептен се потресе, многу му се допадна, бараше уште дури Јас сега кога е скоро 6м гледам уствари колку промена имаат во развој, мислев на 4 веќе разбира, ама што се прави сега не се ни споредува. Ептен е рано 4 за дете шо напредува, не ги слушај.
На 5 дадов со големата, така ќе биде и со бебе. Само што знаците се најважни, големата не ми беше баш нешто ни спремна ,ни па сакаше да јаде и паузирав некоја недела, а ова покажува знаци од сега. Ако не покажува заинтересираност, а добро напредува, ќе почекам и покасно.
Какви знаци дава. Моето ме гледа кога јадам , посебно кога јадам сладолед, со поглед ко да го јаде И кога му давам капки со лажиче го гриза со непцата, ама тоа е затоа што го чешаат непцата многу.
Супер си е баткото, немај гајле. Ако нема некои причини поврзани со напредокот, јас не би дала толку рано. Кај брзаат не ми е јасно. Бебе ако си е среќно со цицање, терајте си. Бебе постојано ме гледа како јадам, па не значи дека треба од 2 месеци да јаде. Да мљацка, да се пушта по храна, па да речам дека е малку од малку заинтересирано.
Ако пијат многу ад, ако им е многу на пример растојанието од 3 часа и бараат побрзо, тогаш препорачуваат да се почне со храна. Барем од тоа што сум прочитала тука. Можеби има и други причини. Мислам дека максимум 1 литар дневно смее, не ми текнува дали тоа беше границата.
Па ќе му стане малку таа доза и се заменува млекото со храна. Зависи и од возраста, мислам дека не е исто бебе од 4 и бебе од 5 месеци да пие 1 литар.
Како им ги давате капките д3 и биогаја? Со лажичка се молиме ама пола ги плука не ги голта. Пробавме и со млекце исто е. Можеби да барам помала лажичка?
И на грб и на меше, мада што кога го оставам на грб се врти на меше за секунда, така му е омилено да лежи.
Јас не слушам педијатар за храна, колку и да звучи нелогично. Моето бебе не напредува нешто не знам колку во грамажа. Роден е 3100, вчера на 5 месеци и 17 дена измерен е 6750гр. За мене тоа е супер едноставно не е буцко бебе. Долгичко е и нормално на изглед, ни слабо ни дебелко. Матичната негова прво ми рече само доење до 6 месеци. На контролата на пет месеци вика аааа ајде вкусови, за вчера да ми рече ајде он веќе месо треба да јаде, СО СОЛЧЕ! Јас само ја гледам немо и во себе си викам не влегувај во дискусии, џабе што нема повеќе од 45 години кога очигледно е заглавена во времето на баба и. Јас пробав на пет месеци и пет дена да дадам јаболче, бебето немаше апсолутно никаков интерес. Да стагнираше со килажа ќе форсирав, ама вака зошто да терам дете што не е спремно да јаде? Вчера дадов нов вкус, реакцијата очекувано не е многу поразлична од првиот пат. Чудна му е текстурата и вкусот, ама сега ќе давам колку сака толку, зошто за нив денот е година и како ближи кон шест месеци станува сѐ посвесен. Мој совет е да не брзаш, следи си го детето. Покажувањето интерес кон вашата храна не е единствениот услов кој што треба да го исполнува за да почнете.
Јас имам давано преку цуцлата од шишето. Мисли дека ќе пие нешто и ишмукува се. Но тоа во случај ако ти фаќа таква цуцла..
рано е и мене ми рече матичниот да почнам за 10тина дена,јас ќе почнам со полни 5 месеци па цел живот ќе јадат затоа нема потреба од брзање
Мајки едно прашање? При раѓање кај детето ми е откриена аритмија на срце и е веднаш препратено на Неонатологија во Скопје? Сега за сега само го следат на монитор. Дали некој има со слично искуство?
Искрено не ни мислев да почнам, ама нели црвот работи, и си реков чек да се допрашам со моиве мамасити да не правам јас грешка случајно. Ама е како што и си мислев и не грешам. Ќе си терам јас како што мислам и тоа е тоа. 5 или 5 и пол месеци ќе почнам со вкусовите се зависи како и ќе покажи интерес. За сега мамино млекце му е супер доволно.
Јас кај да се скријам со моево бебе Родено- 3580г Мерено на 2ипол месеци 6700г Ако гледаме според тежина во однос на возраст,ние треба на годинка да почнеме со кашички Наместо на 6, на 3м ќе ја дуплира родилната. Инаку на 5м почнав со вкусови со првото, на 6м имаше еден оброк.
Зошто да се скриеш. Пу пу нека ти е живо и здраво. Сега ке почне да ти стагнира, неможе нон стоп толку да додава, ќе намали во додавање.