Ве молам поискусните за совет. Бебе има 2 месеци. Мислам дека млекото доста ми се намали по добивање на циклус. Никогаш и немав нешто претерано многу и покрај пробување разни комбинации и шеми и кога имаше cluster feeding. Пробав и чај и капсули и што не... Овие денови бебе кога цица по кратко време плаче и да заспие на града ми се буди брзо и е вознемирена. Се храни комбинирано, давам 2 оброци или 3, зависи од денот адаптирано. Ова е во консултација со педијатар. Бидејќи не сакам да давам дополнително формула, дали препорачувате кога цица и не и е доволно да давам + од моето измолзено? Ако да, колку да давам? Максимум што молзам е по 40мл од града и тоа не секогаш. Се молзам кога давам Формула или кога ми спие подолго. Имам мала резерва па доколку ова е добра опција можам да правам вака.
Еве го и синко како брат му си расти, 2 месеци на 16ти ќе прави веќе е 6кг, 3850г роден. Здравје исто би одела на 5 месеци со вкусови ама има време ќе видам како ќе напредува натаму, можеби ќе става помалку. Засега цица многу, кога и да бара му давам. Брат му само со доење на 4 и пол месеци беше 9300г роден 4300г. Супер напредуваше ама неможев јас да издржам повеќе, буквално цел ден цицаше, едноставно немав сила.. Почнав со вкусови и не по 1, 2 лајчиња, од прв ден си изеде 100г можи и 150 не памтам, така си почна одма со оброк, супер се помина, само 2 дена запек имаше прв пат и после си продолжи да си кака нормално.
Секако дека чим измолзуваш задолжително давај му го и тоа. Чувај во фрижидер и потоа згреј го преку шишето. Јас ако имам измолзено прво цица, па обавезно моето од шише па трета опција е АД ако уште му се пие. Инаку и јас сум со истиот проблем имам многу малку млеко и секогаш додавам АД.
@Sofi.ja @lackygirl и не знам кои други сте со бебе и дете во градинка.. Кога го пуштивте големото во градинка откако имате бебе? Дали, и колку чекавте?
Бато е 4 години и сега почна во градинка , а бебе е 4 месеци. Ефект гледам многу од тоа што оди во градинка од аспект што не изразува толку многу љубомора како претходно и повеќе се грижи за бебе
Јас го пуштам сега, во понеделник почнува, доста е дома, од јуни е дома, не се издржува поќе, напраен е ни вода ни киселина, по цел ден на телефон и на тв иначе е 4 г и 10 месеци Бебево на 16ти 2 месеци прави. Имаат сипаници во групава, тоа ми беше мисла и со поќе жени зборував викаат дека маливе лесно ги поминувале сипаниците, па ајде здравје можи нема да фатат секако нема допазување, мм беше 3 недели болен со кашлање, свеки исто, таа работи во фабрика со 5000 луѓе и шо ќе го чувам него дома ко другиве се мешаат со луѓе. Па здравје боже ќе видиме како ќе биди стартуваме во понеделник детска недела е оваа сега имаат доста активности па се надевам ќе имаме добар почеток оти ми вели ќе плачам нејќам да одам
Мајки совет! Неколку брунчиња му се појавија на бебето, тврди, позади колено две и неколку горе на ногата. Од што може да се?
Мој батко не направи пауза од градинка Тука читав дека не треба да му се менува рутината заради новиот член во семејството. Во реалноста во почетокот беше претешко со двајцата по дома сами. Гледав и емисија каде што доктори велат дека детето треба да продолжи да оди во градинка за да не го гледа негувањето на мајката кон бебето цел ден. Помалку воочливо ќе му биде во денот дека сега некој друг е во центарот на вниманието на мама. И тука ќе се надоврзам на коментарот: И јас мислам дека одењето во градинка има баш добар удел во непокажување на љубомора. Од првата недела го земаме бато од градинка јас и бебе. Бато е пресреќен што го гледа бебето. Потоа бебето најчесто спие,па ние може да правиме нешто заедно. Од здравствен аспект мислев да не го пуштам една недела пред вакцина,но се погоди тогаш да бидеме на одмор,па секако не одеше.
Ништо страшно, бебешки акни, а може и после убод од комарец вака да остане, кај моето од тоа беше. Луѓе нели велат ако грб и стомак им е ладен на бебињата тогаш им е ладно, е сеа моево цело време на спиење го приметувам дека е ладен во вратот и грбот, а испотен на глава, како и да го облечам ова се случува, веќе ми е на мисла да не има проблем некој. Вие приметувате вашите да се ладни на спиење?
Па не е испотен само ладен, а на глвата е испотен, ама не ова од сега, одамна сакав да прашам ама зборавам, денски не се случува, само навечер. А инаку вит Д колку што ми препорача ортопед 800 единици он е 7500, може е премалку? А не приметувам да му е неудобно онака, спие мирно, испружен, со кренати раце, изгледа како да му е супер.
Не знам искрено како е дозирањето со Вит. Д. Ние го носевме на 2м на ортопед,како да го разбрав по 800 единици т.е.2 капки пливит да му давам и плус капсула бејбитол д3 со омега. Но никаде не напишал така во извештајот. Ќе чекам следна контрола на матичен да прашам. Инаку сум читала дека можно е да имаат недостаток на вит д ако премногу се потат.
@1209 Ако се потел, нормално е да е ладно телото, нели целта на потењето е телото да се излади за да не се прегрее. Кога ти препорачаа 800 да прима? Мене толку ми кажаа да прима кога имаше 4 кг. Кога направи 6 kg, педијатарот ми кажа 1200 да прима, па и' се јавив на Димова да се консултирам и и таа ми рече дека може да давам толку и уште е на таа доза.
Веруваш дека она ми кажа толку кога бевме предходен месец на педијатар к кога тој имаше 7кг, не знам зошто, мислам дека го правевме муабетот и предходно… Јас давам една бебитол со омега и една дозерка плус, не знам да почнам со две дозерки плус? Многу страв иам од вишок вит Д. На интернет на странски портали никаде не можам да најдам препорачана доза според возраст. Во Англија препорака беше една доза иста до 12м, а таму плус ни сонце нема, стварно не знам. Инаку може од жешкото се испотил па е ладен ама проблемот е што како и да го облечам и пробав разни комбинации, пак е исто.
Знам дека ти е шубе, но верувам дека на децата им се потребни повисоки дози бидејќи се во интензивен раст. Барај доза според килажа, не според возраст. Бејбитол давам омега+Д3, една чиста Д3 и пробиотик Ваја+Д3. Тоа Бејбитол не знам дали цела доза добива од нив, од пробиотикот со лажиче давам и сигурно останува на лажичето, нешто ќе плукне и не верувам дека баш баш 1200 прима. Не знам што да ти кажам, не можам да ти речам давај уште, но може да ја прашаш докторката што да правиш. Јас се консултирам обавезно пред да давам повисока доза.
И моето се поти на главата ама дур цица и дур заспива, на спиење го немам приметено. Кога се поти не е ладен, бар немам приметено, а проверувам повремено. Многу ми е шубе и мене, стварно не знам како да го облекувам. До скоро спиеше само на боди на кратки и покриен со тетра ама се откриваше иако ја заглавував странично. Сега спие на боди плус тенки пижамчиња надоле чисто нозете да му се покриени, а стапалцата му се боси. Вечна дилема ми е облекувањето мене. Д3 јас давам една бејбитол+омега и 4 капки пливит, ваја пробиотик користам ама чист, не со Д3. И мене ми е мисла да не е малку, 6750гр има последно мерен пред некој ден. За брзо сме на ортопед па ќе видам што ќе каже.
Јас давам вигантол по една капка,а ортопедот ми рече после од 5 месеци да зголемам на две капки. И мислам дека две капки е дозволено над 7 кг. И зошто е една капка ја капнувам на цуцлата и знам дека ја примил, инаку на лажиче сигурно има губиток
И три капки се даваат ако треба. Кај некои деца и покрај повисоки дози, доаѓа до омекнување на ребрата и секако дека ќе се дадат и три и четири капки ако треба. Поголемото на двапати беше со омекнати ребра. Кога имаше година и пол, му проверивме Д3 и според резултатот се одреди дозата. И следната година во истото време на две и пол години и веќе тера со таа доза. Прима секој ден 1600 IU и оттогаш не му омекнале ребрата. Само во лето му давам 1000. На контрола сме со бебето меѓу 4 и 5 месеци и ќе каже ортопедот дали да остане на 1200 или треба да се покачи дозата. И' ги проверувам ребрата, сега и' се добри. Кога ќе почнат да јадат, полесно е давањето на витаминот, може да се капне на лепче или смока на пр., зависи што јаде.
Па тоа секое дете има различна потреба. Јас кога прашав дали и babytol да му ги давам и вигантол една капка, така ми рече отсечно нееее многу му е нему тоа Пу пу фала богу е цврст многу