Епа тоа е таа регресија, нас скокот еве со членката викаме ни помина, а спиењето е крш. Во 4ти,6ти и 8ми имаат регресии во спиење што се пуштени на најјако.
@0ли абе какво мразење па ти си дискутираме. Гомоставам јас веќе 2-3м цело време, ама пак нема некој напредок А ортопедот рече нема никаков проблем наизглед, се е развиено како шо треба, си држи и глава и се, ама не знам што е маката.
Мрзливо, па и ние не сме сите со иста енергија. Јас знам бебе кај што беше кај го оставиш, таму ќе го најдеш и на 8 месеци, еве го ден денес е ист хаха сите играат трчаат во прак,он ти вика јас ќе си одморам малу на клупа и не мрда царот
Јас ја седнувам ама веќе сама седнува не е стабилна,ама си седи сама и веќе ја седнувам,ако самостојно седнува,седнувај го.
Ич не ми текна на регресија. И моево тешко заспива деновиве, јас па си велам скоков е. Поставувај го на меше ти и види како реагира. Упорно, секој ден кога ќе е буден. Па макар и по 10 секуди ако само толку дозволува. Ќе го видиш напредокот, но мора да се навикне. Ништо нема проблем, можеби го мрзи Малку грб, малку меше без да го чекаш сам да се сврти.
Да па така и правам, а онака е доста активен, нучи раце да шлака повторува по нас тапшин тапшин, покажува со рака како дај ми прави знаете, како дојди, подава раце да го земам, книги разгледува на големо, размислува, си игра со играчки ги анализира, на меше седи без проблем ама ќе го ставам и он ќе се загледа така во нешто и ќе го анализира и не му текнува да мрдне Мајка ми го зафракава дека е мрзлив боем интелектуалец уште сеа
Ќе ви се убацам во дискусијата, но ете ти доказ дека секое дете се развива во различни области со различно темпо. Исти ни се децата, со некој ден разлика, моето не прави ништо од ова што го наброи. Нити подава раце, нити шлака со раце, си ги фаќа/гледа/глода играчките да и толку. Ама од друга страна од мал кога лежи на меше е кеефови, на грб кога и да го оставам се врти секундарно како нинџа, ротира како стрелка и се обидува да лази, ама уште му тежи газето. Зборот ми е, иако се исти на возраст, гледај како различно се развиваат и сето тоа си е најнормално. Јас никогаш не го споредувам со деца на негова возраст, едноставно уживам во секој следен ден и тоа што го носи.
И јас на хранилка го ставав на 45 и сам со рацете се исправаше, а во скут знаев да го седнувам.. никогаш намерно не сум го форсирала на земја со перници наредени ама во скут понекогаш да. Ништо не форсирам, сам ми дава знаци кога е спремен за нешто првиот пат кога седна сам на земја лупна со главата наназад и од тогаш се задржува да не падне, значи сам си се учи..
Ова е мноогу точно. Исто и јас, не ја споредувам, ама воочувам колку е различно секое дете и колку се свои уште од мали. Мојава од старт е многу жива и ја забележувам дека има поразвиена моторика. На тоа е фокусирана цело време. На другарка бебето што се тука негде повеќе е фокусирано на социјализација. Збори, брбља, звуци испушта, се кикоти. Мојата тек сега почна тие работи да ги прави. Тук таму ќе направат иста работа. Ама секое си е приказна за себе. И ништо не форсирам а гледам дека пак си достигнува мајлстоунс ко што треба. Ние мајките по природа изгледа сакаме се, сега одма, веднаш. Ама трпение. Се ќе си постигнат во свое време и со свое темпо, само да им дадеме простор.
Баш така, и моево тек пред недела дена почна да ‘збори’ бабаба, абаба, уабаба, амама, дадада и слично а деновиве сме на фрекфенција пискање. Ама физички е ептен живо бебе, глава држи од многу мал, сега веќе сака да седи и се крева за да стане итн. Ние мајките колку и да викаме не споредуваме сепак ни пролетува низ глава, а кога ова, а кога она. Ама децата не растат по книга, затоа треба да уживаме во процесот, а не да сме нон стоп со прашалници.
О не, не седнува сеуште така. Не го форсирам за ништо, се што прави сам прави. Но се случува некогаш на пример кога јадам да плаче и да морам да го земам во раце и тешко ми е да го држам исправен, па тука на пример би го седнала на скут. Тоа е 5-10 мин дур се најадам. Или во кола, ако збеснува морам да го земам и да го седнам. Да лежи нејќе, исправен е долг или ќе гази по мене и ќе се бутка или морам да го седнувам.
Ех, допрва доаѓаат прашалници. Колку и да сакаш да уживаш, не може да не се запрашаш зошто уште не лази или не оди, не зборува, носи уште пелени... Грижи не може да немаш, мозокот стотка на саат работи. Па затоа родителството е и големо уживање и многу грижи за сè, едноставно посилно е од тебе, не може да не се прашуваш и преиспитуваш постојано. И сфаќаш дека со детето растеш и ти, запознаваш нова димензија на себеси.
Е аман бе се не фати. Еве денес три пати со ред исправен ми заспива, не ми дава да го легнам. И така имам мака со кичма, ќе останам искривена ако трае ова многу. Маж по цел ден на работа, на мене цело тумкање.
@Nala37 Јас не сум го седнувала во скут додека не седна сосема сам со прав грб, онака баш додека не го совлада тоа. Можеби некоја ќе пише дека си го седнува уште од 4 месеци во скут, но ете јас чекав да зацврсти сосема, сепак друго е да седи во хранилка, количка, а друго е во скут. Треба да го придржуваш околу, па дали добро ќе го држиш, па не му се зацврстени мускули за седење и нагло може да мрдне. Само како пример, ете јас така размислувам и по тоа се водам.
Ние во скут почнавме сеа по малце да го уседнуваме, пример кога давам вкус, кога пие од шише, или кога сака нешто да тупа по маса и слично, ама у глобала пробам да го држам со виснати нозе без притисок на кичма и газ. Он секако се тегле да седне од било која положба ама уште само во количка го уседнувам по 45, ќе видиме какви знаци ќе даде уште некоја недела па може повеќе ќе се опуштам за седење.
Здраво мајки, може да споделите некоја табела од доктор за воведување вкусови? Како правите, 2 дена по 2-3 лажичка и така менувате? И жити се кои зеленчуци да ги најдеме сега во ноември? Да биде нели био еко... Инаку ние сме 5ипол месеци, со 6 полни почнуваме со вкусови.