Така да на кратко, ама по мене тоа не е баш седнување зошто не е 90с туку како во дубак/џампер ќе му дојде така јас сум го држела со нозе подраширени на мое колено А за да се научи сам да се исправа треба да вежба стомачни а тоа се вежба на 45с врзан со каиши само доле и да се исправа и во хранилка и во количка.
И јас се бунам многу за ова. Кога бевме на вакцина на 4 месеци таа докторката ме испаничи фонтанелата му се затвора прекини со д витамин… тогаш тој беше околу 6.5кг. После една недела бев ма педијатар и кажав што ми кажа таа докторка ми рече нема врска продолжи да си го даваш бејбитолот… и продолжив. Денес пак бевме на вакцина и истото ѓи го рече дека веќе му се затвара и дека имало уше едно дупче и ме праша шо ми кажала докторката рече штом ти рекла да продолжиш да даваш д витамин тогаш давај. Само паники ми прават сите, да не знам шо да правам
Како им подготвувате на вашите бебиња за пробување на вкусови? Дали врши работа апарат на пареа или си варите класично во тенџерче? Пробуваме зеленчук моментално па ме интересира ваше искуство
Абе нормално е да се затвара полека, што им е на тие на вакцина не знам, како што ве читам тие таму на вакцина доктори само измислуваат некои правила.
Истово и мене ме интересира. 5 месеци сме, за брзо ќе почнеме со вкусови. Па ме интересира како приготвуваат и која количина ја даваат на почеток членките
Не знам , ме испаничи ептен… Инаку ние бевме на ортопед на два месеци, тогаш ми рекоа аголот е супер, дојдете на 4+ месеци. Отидов кај матичната да извадам упат за да го носам нжна 4+ и таа не сакаше да ми даде упат (бидејќи го носев на костозглобна во Охрид), така им викале на сите таму, на 6 месеци да сме оделе на контрола… па сеа планирам деновиве да одам да барам упат пак да го носам пред да направиме 6 месеци. Кај педијатарот што го носам на приватно ми рече можам да го ставам на 45’ степени односно да го извадам другиот дел од количката. Само ме загрижува што не се врти сеуште сам, го ставам на стомаче седи така и после извесно време се нервира и почнува да плаче. Се случи 3 пати да се сврти сам од стомаче на грб. Ама изгледа не го вежбам доволно. Не знам по колку пати да го ставам и по колку време…
Јас од почеток на 5-ти месец почнав да и давам зеленчук по малце, колку за проба. На три дена и менувам, ова е по препорака од педијатар. И варам во тенџерче, но ме интересираат искуства за апарат на пареа, соковник...
Јас издадов скоро се што е дозволено, не давав по 3 дена туку по 2 и не правев паузи измеѓу, не давав и по некор ред, што наоѓав органско во моментот тоа давав.По 3 дена и со пауза планирам само високо алергени да давам кога ќе дојде времр. За почеток по малце, 3-4л, прво ќе се мршти ќе плука, после некој ден ќе почне да јаде поубаво. Јас тврди овошки и зеленчуци давав варени на пареа, ставате тенџере, одозгоре цедалка и поклопете со капаче и ете сад на пареа, готово е за 5-10мин ако е исечено ситно, праска и банана дадов неготвени. Во некои додавав малце вода и блендав ептен како каша, ама видов дека пасирана банана некако повеќе сакаше па му дадов и тиква пасирана без вода и ептен беше ентузијаст за така. Тоа е отприлика. После откако ќе дадете се почнете со мешање две намирници и така месец дена додека да воведете оброк. Еве и листа од Антуриум.
Не мора сѐ да се дава чисто, важно е само првото да е чисто. После тоа може веќе воведена намирница да се дава со нова. Јас прво дадов чисто јаболче, па тиква+јаболче, сега два дена дадов слива, утре ќе дадам слива+банана. Добро е намирниците што ствараат запек да се мешаат со такви што помагаат да се искака. Него спремал ли некој каша од замрзнато овошје/зеленчук? Како се прави? Имам домашни, мајка ми ги смрзнала за да не се расипаат па сакам да ги искористам.
Зависи што е замрзнато. Можеш на пареа да ги направиш или да ги свариш. Јас сега така и воведов брокула замрзната. На пареа ја ставам некоја минута па блендирам.
@Homme Јас ја ставав после секое станување од спиење прво малку на грб, па на меше. Во почетокот не мрдаше, како препарирана лежеше, па почна полека со нозе да мрда, да негодува што е во таа позиција. Кога ќе и' беше непријатно, ја враќав на грб и толку за тогаш. Следното станување од дремка пак. И така додека не почна сама да се врти и да одредува кога сака да е во таа позиција.
Некаде прочитав дека подобро е да се почнало со зеленчук него овошје, демек овошјето благичко ке го јаде, а зеленчук после немало да сака. Нека кажат веќе тие што имат уведено и тоа и тоа, како почнаа и дали имаа проблем со тоа што го напишав погоре, дали има вистина во тоа.
Немаме пробано многу, ама почнавме со јаболко и не го сакаше. Следно беше јаболко и тиква малку повеќе имаше интерес, ама може да има влијание и тоа што поминаа 10ина дена од првото пробување. Сливата му се допаѓа, ќе видиме како ќе биде понатаму со другите. Јас не мислам дека има влијание дали е овошје или зеленчук. Има деца што јадат сѐ подеднакво, такви што преферираат едно повеќе од друго и такви што пребираат сѐ. Да се надеваме дека нема да сме од третите.