А да ми кажете точно кој витамин д земате за бебе од скоро 3 месеци? Со слика најдобро . Јас и давам Вигантол 500 таблета. Ама не ја сака баш најмногу, а ве читам вие некои капки давате. На преглед кога бев на 5 недели само ме прашаа колку и што зема и ништо друго. Следен преглед на крај на месецот, кога бебе 15/16 недели ќе биде... Па да земам јас од мк ако не, пошто во аптека ми рекоа само на рецепт одел вит д капки за бебиња. А рецепт може и нема да ми дадат. И колкава доза би давале за 12 недели, 6,2 кг? Фала
@IRBBB Сега видов дека си се породила Честитки, големо да расте На таа килажа почнав да давам 1200 IU. Оваа комбинација ја давам.
@0ли абе златна си еј! Од форумов треба да те платат да ти кажам. Секоја чест! Секој пат споделуваш, со совет и одмерени зборови, смирена и без расправии. Пример си тука како треба да се однесуваме сите . Да не зборам колку многу од тебе сме научиле.
Фала мами ❤️ Дури сум на темава, да си прашам Редовно си повраќа, односно бљуцка низ уста, низ нос, без разлика дали ждригнал после цицање или не. Поручеква го шеткав в количка и штом го извадив ми исповрати во млаз. Го преслеков и по 10тина мин уште еднаш ми исповрати во млаз, обилно, млеко и жолта содржина. Во транспортерот го возев, дали лошо ми беше наместен, дали ми беше многу стегнат со каишите, не знам, цивкаше дури шеткавме. До душа и цицаше бајаги пред да излезиме. Со првото ова ич не ми беше чудно оти редовно ми повраќаше така до 6 месеци. Ама дека прематурче ова, се притресувам за сѐ.
Мамички,бев до локално продавниче да земам нешто за бебо, и да не звучам параноично но му се наврте едно детенце до количката (со сипаници), ме прашува да го погали,реков не-мајкава се појави као во поминување и биле... искрено незнам но Не е за паничење или сепак е?
Бебето полни 2 месеца за 3 дена. Многу гука со сите многу сака да му пееш и да му зборуваш. Кога ќе го оставам на релаксаторот многу сака да гледа во лустерот бидејќи е црн и виси и некогаш му гука и на него и му се смее. Кога цица се врти да го погледне лустерот нагоре и некогаш му се смее а некогаш озбилно го гледа. Не знам дали е можно некако да се плаши од него? Дали сте имале слично искуство?
Моето бебе е скоро шест месеци и така се загледува во таванот. Секогаш се смее и си гука, како да гледа нешто. Мислам дека си има замислено другарче. Знае и да се ‘кара’ со таванот. Така да нормално си е, не се секирај воопшто.
Моето на мојот филџан за кафе, абе осмех кога ќе го види. Кој знае што му се гледа. На другите филџани не реагира така, само на тој, целиот е со зрна кафе во шарата, не се некој бои што приблекуваат внимание, ама ете тој му е омилен и стално му се смешка . Исто така гледа и во лустерите и таванот, ама е озбилен и посматра кој знај што
А моето утре прави 3месеци и последниве денови му се смее на ѕидниот часовник Се смее,гуга, се случува по неколку минути да не тргне поглед од него
Хахах а моето во садот што го полеваме кога го бањаме, ќе снесе кога го гледа, иноксен е. Исти такви чинивчиња имам и во нив така гледа.
Мислам дека е ова опис и за моево бебе. Како те читам така исто прави и малата на се ова што го кажуваш Плус да додадам и никнување на двете запчиња доле пред една недела,а скоро сме 6 месеци.
Моето нема запчиња сеуште, ама многу го чешкаат непцата. Ги чешка со што стигне, па дури и со јазикот. За една недела полни шест месеци. Какви промени имавте вие пред да видите запче?
Моето многу се фаќа по лице и главче, се влече за уши, најчесто за едното поретко за другото. Навечер на спиење ако не ја ставам во вреќичка за да и ги фатам рацете нема спиење, вака мирно си спие. Дали има некој од вас што вака прави и дали е знак на нешто?