@lalinda Најнормална работа е тоа што го прави, си го запознава главчето. Допрва сè ќе дофаќа и многу ќе мрда. Нема потреба да го спречуваш, потребен дел од растењето е тоа. И да си тегне уши, и главче треба да си фаќа, рацете постојано да му се во уста, да дрпа чаршав и што ќе дофати, да мава со рачиња на кревет и да спие слободно со раширени раце или кренати нагоре, да ги мести за спиење како што си сака.. Па и ќе се гребе, мене лицето лом ми го прави ама сака да ме фаќа. Остави го, треба да ,,работи" со рачињата, така учи.
Само навечер и ги фаќам за да поспие повеќе. Инаку преку ден така ја оставам што викаш си ги мести нагоре ама спие по саат време. Тоа ме интересираше да не има некое значење. Фала ти
Моето го имам приметено дека се фаќа за десното увце кога му се спие. На тема новитети кај бебе, се поинтересен станува од ден на ден испушта некој звуци деновиве па кога му ги повторуваме се гази од смеење, му збориш па знае да се оклешти ко да те разбира што му збориш Најрасположен е во 7 наутро кога ке стане, муабети прави со кружниот прозор над спална толку му се радува тоа е чудо едно. Како си ги гледа рачињата, па се смее пред некој ден го земав сабајлето на спална да поспие демек со мене тој ми фатил прамен од косава и го гледа ли гледа и го врти лево десно кога е расположен им се смее на играчињата што му се на подлогата, седи на меше АМА кога е расположен на 11 прави 2 месеци и мене ова се некако брзо ми е, очигледно ми расте бебево само мама да свати тоа, ред со спиењево ќе фатиме некој се надевам после 2 месеци
Ние наредна среда 6 месеци, а запчиња пред една недела. Сосема случајно ги приметив, меѓутоа она изминатиов месец се става во уста, ај што рачињата и се постојано во уста, па и буквално што да и доближиш до раче го фаќа и директ во уста. Плус приметив дека вриска и плаче без потреба и е поприлично нервозна. И да, често си ја кубеше косата позади ушињата и лиги еден тон
Ааа па ние сме ептен исти, и син ми на 11ти прави 6 месеци. Сум слушала дека девојките се поопасни. Кај нас немам приметено запче на повидок ама исто и он што стигне става во уста. Нека се живи и здрави, сѐ поинтересни стануваат.
Јас давам од нив една капка које има 500 IU, а ми рече ортопедот од 5 ти месец две капки да давам Ова го има на нет како инфо: 1 kap leka Vigantol (odgovara približno 0,0125 mg ili 500 i.j. vitamina D) dnevno
Вие и кај громчето треба да сте нели? Го преживуваме баш, секоја активност му е интересна по две минути и после црка се жали и плаче, и тоа морам да го земам и да шетам низ стан. На подлога кога е во секунда се врти на меше и сега ново му е се врти како ѕвезда, ќе види дека не може да лазе и почнува пак да плаче. Во количката обожаваше да се вози, сега и тоа забушава а во кола во транспортер е борба. Со цицањето се подобри, и спиењето навечер пу пу му е добро. Утре сме на вакцина а и громчето ни е за 5 дена, ќе биде интересно
Ние го преживеавме многу полесно од трет, имаше период од неколку дена кај што не сакаше да цица, дур не сфатив која е причината. И сега на крај од скок одбиваше да спие, ама ете се враќаме во нормала. Фала богу и регресијава на сон не траеше многу. Пу пу да не се повтори. Имаше вечери вриштеше од плачење, ама не можам да очекувам бебе нон стоп да се смешка. И да не заворавам, многу нервозно си ги чеша непцата, се спремаат за запчиња Прати го можеби си има и мака некоја па да му помогнеш полесно да му е. Да не се и кај вас непцата во прашање.
Која вакцина е околу 4ти скок? Нели следно се на 6м? Моето примаше во странство на 8 и на 12 недели, таму требаше правилно и на 16недели ама си дојдовме, и сега тука ми рекоа таа на 16 што е ја давале после 6ти месец…скроз сум збунета со ова вакциниве.
Не ми е при рака моментално тој распоредот на вакцини, знам дека има кај нас на 2,4 и 6 месеци, после на годинка мислам. Утре треба да ја прими таа на 4 месеци иако уште нема полни 4 (за 9 дена ќе прави) ама така ни ја закажаа претходниот пат.
Си ги чешкаа непцата со глодалки. Баш како да ги стругаа. Само гледаа да најдат нешто и да пикнат во уста. И нормално, нервозни беа.
Еве го распоредот од УК, јас ќе прашам тука за 6/1 дали ќе сакаат да му ја дадатс ега на 6м. Мен Б секако ја нема. Матичната вика нема проблем, а истото и матичната таму ми го рече, дека нема веза што се различен производител. Стварно сум на два ума што да правам.
Не знам, некако сегде е различно. Тука на 2 месеци е прва вакцина воопшто за рота, на 3 месеци е втора доза и 6, сега на 5 месеци е 3та доза и 6. Не го иам моментално списокот за деугите вакцини ама ммр е прва доза на 10 месеци, втора после годината. А мислам дека еднаш имам пишанп како за големава втора доза рота пропуштив оти Мк не сакаа да ми ја стават.. за мен мојш и покасно да редиш тоа нема гајле, не ти е со време вар тука, само се гледа дали Б или Ц според возраста
Мила ние сме пред громчето,цица на 3 часа некигаш и повеќе се заборава за јадење ноќе не се буди и да се разбуди давам ад.Само ми е во раце само цивка,количата мислам е научна фантастика веќе неколку пати се враќам дома со него во раце и ја буткам количката.хаос смее дамо плаче и во раце плаче.со лесно да ви е на вакцина ќе издржиш ЖЕНСКИ јаки сме ние нас ние громчњто за 3 дена исто и моето се заборава да цицаа,ама ноќе е добар сега за сега… од непцата е многу нервозен го мачкам неколку пати во денот и се му се рацете во уста,се става дури кога ми е во рацее носот сака да ми го смука мене ми доаѓа да му дадам каша од јаболка на моменти викам гладен е , еве го 3 ипол часа не беше цицал го нудев плачеше му направив ад плачеше затоа ми доаѓа да му понудам каша али рано му е. што му ставаш на непцата?