Ние добро го врвиме вчера беше громчето(да не се подречам) само вчера и денес борба е пред да се заспие плачи и испраен враце заспива имаме 4 дремки по 40минути. Не сака баш на подлога да лежи и престана да се врти од грб на стомак ама упорна ке сум ке го ставам па ке видиме.
Anaftin baby или Оsa гел, а имам и Osanit гранули, ама нив ги чувам за кога баш ќе биде опасно. За сега се трпи нервозата негова и колку толку ова му помага, Оsa гелот помага доста ама може само три пати на ден, а овој другиот Anaftin baby може колку сакаш па него повеќе го употребувам. Софи глодалката, има една на Chico како авокадо, и лом ги прави колку ги гриза. А цуцлата да не зборам веќе, и пластика и рачка се и гриза. Ко ќе има заби очекувам да биде упропастена цела И мене ми го гризи носот, од рамо ми се чеша, рацете му се камен ладни од што се му се во уста пикнати. Се што фати во уста се пика да се проба плус што текстура е и да се чешаат непцата нормално.
Здраво на сите, мајки ве молам за мислење ако некоја знае нешто повеќе околу генетика и мутации. Дали има некаква поврзаност помеѓу stork's bite (белегот) и мутација на MTHFR генот? Ако некој знае нешто повеќе околу ова или ако би можел некој да ме упати кај доктор стручен за ова би била преблагодарна
Јас мислам дека ние влеговме во 5ти скок, немам друго објаснување. Значиии заспивањево ни е борба навечер. Од дете што имаше ред за спиење навечер, еве сега заспа со тешки маки. Ме влече, се бутка, р'жи, мрда, неможам да ја додржам, а и се спие и се плаче. Прашањето ми е: да ја оставам да заспива во 10,11 или да се бориме да заспива во 7,8? Ќе се врати ли после скоков како што беше со спиењето?
Не значи дека е до скокот, тој период имаат и регресија во спиењето. И син ми е во петти скок исто, се ближиме кон громчето, ама спиењето му е подобро од било кога, да не го урочам. Баш последниве недели фати некој ред и можам да предвидам кога ќе бидат дремките и кога ќе заспие вечерта зошто приближно е секој ден. Да форсираш да спие не можеш, знаеш и сама дека они диктираат. Следи си прозорци на будност, први знаци на поспаност и тоа е тоа. Ќе се стабилизира кога ќе и дојде време, не може ништо на сила.
Друштво, кога учеа да не се дават од цицање? Истото ме снајде ко со првото, цица мн брзо, после минимум 1 саат да ждригне и да престане да се грчи. не ми текнува кога поминуваше 'фазава', ми иде да се
Денес бебе полни 2мес и примаше 3 вакцини. Го измерија 6400, се роди 3600, а на еден месец беше 4700 . Изгледа ќе дуплира тежина пред 3 месеци.. мене воопшто не ми изгледа дебелко зошто некако е долг сега страв од вакцините дали да ставам ациди борици или од тие лепенките за темп
Само што дојдовме и ние од вакцина, ацидиборици и ставив одмс, мене ми е страв од температурата, лежам до неа со парацетамолот до мене…
И јас ама едвај заврзав и од што мрда не ми е баш сигурно. Лепенките не можат да се одлепат па ќе видам до приквечер ќе продолжам изгледа со лепенки. Добро е што барем иде викенд и ќе имам помош повеќе од сопругот ќе следиме ситуација
Јас не сум чула да има, и моево го има белегот. Од каде де замисли за ова? Некој доктор ти спомна нешто?
Мене на фб ми излезе едно видео. Глупости. Дај нека олабават малку со дезинформации по интернетот и да престанат да плашат и онака потресени мајки. https://www.reuters.com/article/uk-factcheck-birthmarks-not-mthfr-gene-v-idUSKBN25U2UL Не прочитав цел текст, доволен ми беше насловот. И мојот има сторк бајт, како да му бледее ама сеуште е тука. Едит. И бтв па и да има мутиран мтхфр шоако? И ја имам мутирани гени добри 99% имаме овде. Генетски мутации темата е полна и сите знаеме дека не е нешто алармантно, ама има луѓе шго не знаат и си мислат којзнае што е тоа мутиран ген. Таквите луѓе им се таргет за кликови. На некој по упатен ќе му е јасно дека не е ништо страшно дури и да е точно.
Глупости, човек сфашта ќе види по интернет. Секој пишува што ќе му текне, само паники да се ствараат. Ужас.
И првото и сега второво го има назад белегот, исчезнува само. @KuklickaSk скоро е 2 месеци не се дави веќе, ама уште повраќа, цица отпоќе изгледа. Синко има поврзано јазиче, ја читав темата тука на фемина и го забележав сама, па бевме кај матичната и ми потврди, рече ко ќе напрај 5,6 месеци а можи и порано, да се сецни мембраната. Кај него нема проблем, цица убаво, напредува супер, ко што тргна ќе ја дуплира тежината пред 3 месеци, ама мене сеуште ме болат брадавиците од цицање, на левата блистер ми направи и стои месец дена. Кај него грчеви има ама во споредба со првото многу послаби. Од тоа што читав добро е што напредува бидејќи често не напредувале или помалку бебињата со поврзано јазиче. И така нема рает со деца...
Нема да кренат температура од првата вакцина. Немаат уште терморегулација. @lackygirl таман реков мирно ова, овој исто нема осет со цицање. За 14 дена има качено кило, вчера не скараа на педијатар многу било.
Нема врска, не знам зошто така кажуваат. Е сега он качи од Мен Б вакцината која во УК ја даваат на 8 недела и уште во болница им даваат парацетемол превентивно одма дека 99% качувале висока тт од неа. Може од другите не качуваат, втора доза не качи моево од другите, може затоа тука така кажуваат. Ама дефинитивно може да качи, треба да се прати. А мислам дека нивната терморегулација и подоцна не е развиена, ако не се лажам може и до година.
Како бе вака кажуваат Од првата вакцина мојата крена мислам најмногу до 37,8. Ептен кратко и само првиот ден, вечерта.
Баш изгледа преминува од 4 на 3 дремки. Две долги има и две куси. Едвај чекам да помине скоков, сите сме дома во скок