И јас не сум повикана, ама ќе си кажам за нас. Кога го носев Давид на ортопед во мк, ми рече да почнам да го ставам во 45 степени позиција со 4 и пол месеци, а на 5 да почнува по малку да седи. И сега почнувам да го ставам во полуседечка положба и му е убаво
Моето бебе е на комбинирана исхрана цица плус АД и јас не давам пробиотик. Ми кажаа додека цица дека нема потреба. Редовно кака секој ден, некогаш и по повеќе пати. Дали е задолжително пробиотик?
Навистина ти кажа 90? Не 60? Никогаш не треба да се поставува на 90. На 40 во количка, на 60 додека јаде каша, а на 90 ќе седи кога ќе седи самостојно. Наслонот во ниеден случај не се препорачува да му се мести на бебето на 90. Тоа што се исправа и крева глава во количка му е всушност вежбата и треба да успее да се дофаќа на тоа напред што е на количката и да се исправува. Во количка максимум 60, па и самостојно кога ќе седи на 90, ќе си се потпре наназад кога ќе сака да се одмори.
Ние сме 3нед4дена стари, се породив у систина со царски и задолжително користиме пробиотик(имавме на неонате па сегс биогаја), д3+к1, омега и колиеф. Исто така палчевска ме советуваше и да почнам со симетикон за грчеви, конкретно користиме инфаколик од грција купени. Малиот е топ, со исклучок когс прднува плаче малку но грчевите му се скоро непостоечки. Следна недела сум на контрола па ќе видиме дали треба да продолжам со овие работи. Исто така,ексклузивно дојам.
Има некои истражувања дека бенефитно е да се дава пробиотик до 2 год, придонесувало за намалени алергии подоцна во животот.Не штети никако, јас не давав после 3м, додека не прочитав истражувања колку е бенефитно и продолжив после тоа. А за капки за грчеви, ако нема грчеви превентивно не би давала јас. Нека де учат цревата на дигестија сами. Моето имаше грчеви минимално 3-4 дена и толку, после веќе не давав. Пишав и предходно неколку пати за грчевите, пролистајте ја темата и ќе видите, иако изгледа како да има грчеви бебето, не секогаш е случај тоа.
Имаше грчеви, тоа беше хистерично плачење во конкретни временски термини секој ден, неколку денови по ред. Какаше после тоа експлозивно и беше модар од што се стискаше во лицето. Сега, со симетиконот по препорака на педијатар(сама на своја рака никогаш не би давала) тие болки се намалени и детето може да ги издржи да кажам, се жали но дефинитивно интензитетот е намален. Исто така поредовна столица има и почесто прднува, што ми е индикација дека капките му одговараат
Он не спомна степени, само рече исправајте го скроз без гајле. Мене ми е чудно да е скроз исправен зошто се клати и до сега само на 60 степени го ставам и тоа претежно кога не сме во движење туку кога седиме негде. Не ми е стабилен за поинаку, сам ќе си покаже кога ќе може самостојно стабилно да седи. Нигде не се брзаме.
Ми дојде чудно бидејќи погоре имаше пишано дека ви кажал слободно да го исправате на 90 степени во количка. Си велам кај 90 степени, тоа се клати цело лево-десно, количка се движи. Ептен кратко на 60 треба додека јаде, си велам како така ви рекол на 90 слободно да го ставате. Сега интензивно ќе вежба седење, па до кај 8 месеци би требало со права кичма на под да може да седне од лежечка положба, т.е. така се очекува да е. И да отстапува малку, не е страшно. Кога поголемото го однесов на редовна контрола кај педијатар, таа вели ајде сега мораме да го седнеме до кај 8 месеци, ставај таму перници, потпирај го, вежбај го Бог да чува, сме морале да го седнеме. На 5,5 месеци го покажа првиот знак дека вежба седење, од позиција на колена проба да седне. Потоа дури на 8 месеци и 3 дена седна на цело газе. Дотогаш секој ден се трудеше и таму му беше паметот. Прво на пола газе седеше потпирајќи се на едно раче, пресмешен беше. И кога седна на цело газе, телото му одеше нанапред, па два дена така и заспиваше со главата меѓу нозе Еднаш го сликав и имаш раче, стапалце, глава, стапалце, раче. Па дури кога седна со прав грб на цело газе, тогаш и во количка седеше стабилно на 90 и си прилегнуваше на 60 кога ќе сакаше да одмори. Многу се интересни додека ги поминуваат фазите
Ако седнува само нема причина зошто да не седи,кај мене малата седи сама си игра со играчи без потпора,никогаш не сум ја седнувала сама со потпора,еве веќе 2 недели сама си седнува и си седи си игра со играчи ги фаќа,сега малку и е што седнува почна и да станува на креветче се пентери се крева скроз изправена,има само 6.5 м.
@0ли ќе те тагнам тебе. Александра на ортопед кога бевме ми кажа да ја врзувам во седиште и само со долните каиши на половина ако тие преку рамо и се големи, а големи и се. И ова мое бесно дете се исправа нанапред во количка и или се мава во штитникот на средина, или ако и го тргнам штитникот за да ја земам во раце си ја става главата меѓу нозе и се смее као еве видете ме Ваљда е све тоа нормално? Некако језиво ми е што толку напред иде ко кифла се витка.
Моја грешка со степените, докторот кажа само слободно да го исправаме. Спомна потпирање со перници ако сме сакале, ама за мене тоа е глупост и се направив како да не го слушам. За џампери и дубаци за кои што и онака немав намера да користам рече строго не. Знаци за седнување не знам кои се освен тоа што се витка за да ‘седне’ во релаксатор и количка. На под и на кревет кога лежи 90% сака да е на меше, за да лежи на грб мора да има некаква занимација, да фаќа играчки, ноџиња, да си правиме муабет и слично. Инаку за секунда е свртен на меше и така си лежи. Се подига со газето, ротира. Прво се подигаше помалку, сега го гледам сѐ повеќе. Моментално мислам дека има и друга цел, да се сврти од грб на меше на десно, зошто откако почна само на лево се врти. Ќе си достигнат сѐ во свое време. Денес пример сме фокусирани на гласните жици, имаме оперска претстава по дома, се писка на велико. Како и да е, секоја промена е преинтересна, уживаме во процесот. Не седи сам, не е стабилен воопшто. Релативно рано е за такво нешто, ете иако твоето седи, тоа мислам е реткост на 6 ипол месеци. Секако чекаме сам да си покаже кога е спремен за сѐ, па така и за ова.
Од 4 месеци ни рекоа може на 45 степени ама мене некако сеуште не ми оди така да ја оставам, гледам по неа дека не и баш удобно, во количка цела ми се свлекува надолу и не ја форсирам. Инаку ортопед ми рече никако да ја ставаме да седи додека сама не почне.
не сум тагната ама тука некаде ни се бебињата ние денес бевме на ортопед и ми рече да го ставам на 45 во хранилка,количка ама ќе полекам до наредна недела во Орто плус ќе го носам,ова беше итен преглед во болница бидејки бебе е преактивно па си истеглал мускул
На колку седи во количката, од 45 степени? Колку направи твоето? И од таа позиција се исправа и телото и' паѓа нанапред? Мислам дека не треба така нанапред да оди со телото, а каишите верувам дека и' се големи, пропаѓаат во количките кога се толку мали. Затоа претпоставувам некои ги возат подолго во транспортер, а јас мислам дека затоа до кај 6 месеци го возев големото во корпата со кренат наслон на 45, има опција да се вози и така седнат, тие каиши му беа точни. Седиштето од количката е доста големо и широко, па мислам дека во него го префрлив кога почнав да ја користам зимската вреќа и така му беа точни каишите. @Bella_Stella Тоа тртлење на газето води кон застанување на колена и обид за седнување на страна на половина газе. И тоа е знак и виткањето или ако те дрпа и те фаќа за да се поткрева. За да се сврти од стомак на грб, може да го мести рачето доближано надолу до телото и главата наназад да ја мести. Ќе сфати дека главата е клучот за вртењето на грб, па ќе треснува со главчето на подот и брзо ќе сфати како да си ги стегне мускулите за да не треска и безбедно да легне на грб
Не седи сам, не е стабилен воопшто. Релативно рано е за такво нешто, ете иако твоето седи, тоа мислам е реткост на 6 ипол месеци. Секако чекаме сам да си покаже кога е спремен за сѐ, па така и за ова.[/QUOTE] Чим не седи самостојно тогаш не,јас малата на 45 степени на 5 месеци ја седнав не знаев дека може,бевме кај моите и немав со кого да се консултирам,кога се вративме бев кај матичната ми рече дека смеам на 45 степени да ја седнувам,на 5 и пол почна со обиди да седне ама не можеше паѓаше на 6 м веќе седна сама,нити сум ја вежбала,ниту ја седнував,често на под со играчи сама си усоврши се,еве од кога усоврши седење почна да се крева по се,по блуза се влече се крева,во креветче и го кренав и пак усепа да се крене.
6++ е мојата, на 60 ја ставам веќе. Ама мноогу сака да се исправа и да гледа. На хранилка е под 45 и се фаќа за послужавникот кога и е ставен и лупа по него. Во количка исто, за држачот се држи и ќе летне. Ја и ставам каиши ама и се широки и има простор да си маневрира така
Пробај позади каде што се поставуваат каишите некако да ги затегнеш. Нели се протнуваат позади каишите и имаат како пластика или од самиот каиш што се протнува во основата на количката/хранилката. Е тие краевите да пробаш да ги затегнеш позади за да нема луфта и да и' бега телото напред, треба да и' служат како пречка, не е безбедно така да се вози штом нема контрола на кичма и да не оди нанапред.