Да да, така почна да се врти од грб на меше, ја зафрлаше главата наназад и на крај успеа. Ама од почеток се врти само на лево, на десно никогаш се нема свртено. Деновиве почна да ги прави истите потези како кога се научи, така да очекувам кај и да е да му успее.
Ама и за на грб главата му треба. Кога ќе е на меше, треба да стежне надолу на страната на којашто ќе се сврти
Бебчо дише низ мрсули. Се познава како потешко дише, но не е затнат. Очињата малку му светкат, како да е настинат. Каката му е во ред боја и какаше неколку пати. Што да направам совет? Инаку е 2+ месеци.
Ако имаш респираторче за нос истргај му ги мрсулите, јас и спрејче синомарин му прскам некогаш, не е настинат ама ако гледам дека е како затнат како да грчи тогаш го чистам. Моето на 16ти прави 2 м.
И јас мислев дека е настинат зошто така ми дишеше, буквално грчеше. Исто како што вели @lackygirl синомарин и чистење на мрсулите редовно. Ние на 11 правиме 2м.
Јас немам носко, но истиот е само друга фирма, За чистење носе само тоа е мајка. Прскаш синомарин и влечеш со ноското јас најчесто после бањање, зошо тогаш од топлото му сд пуштаат каналите.
Мајки две прашања. Кога се вртат од грб на стомак?( моево се заврте пред некој ден,а има 3 месеци) Дали глумат дека кашлаат и вашите? Прво беше додека се смее, а неколку пати и без смеа за што се посомневав да не е вистинско кашлање.
Околу три месеци се сврте и моето. Глуми дека кашла и тоа како. Ако се замуабетиме и никој не го гледа, а до пред тоа сме му збореле кашла. Мене ми е преслатко и баш го тестиравме едаш со маж ми. Ќе се искашла па ако му зборнеш се смее.
Да, особено машките деца, карсктеристика било за нив дека кашлаат за внимание, додека женските обично плачеле. Луѓе јас веќе не можам со спиењево, не можам да сфатам каде грешам. Значи многу немирно спие, цела ноќ будење со плачење, ќе го земам во мене ќе заспие, ќе го оставам почнува мрдање, кенкање, пискање и цела ноќ така во круг, ќе го заспијам 8-9 ќе спие мирно, таман мислам заспал он ќе се развика и ќе си игра до 12, како да спиел цела ноќ освежен. Уште 6 дена во скок, не знам дали е тоа, ама веќе не знам што е, искрено како да нема излезено од скок, не се сеќавам кога имаше мирна ноќ.
Дојди сесре да се гушнеме. Искочивме од скок, извадивме запчиња две, ама пак истото. Од 7ипол 8 до 11 12 спие, после тоа на пола саат се буди. Освен цице ништо не ја смирува. Преку ден дремки пола саат, едвај саат и нема шанси да ја презаспиеш. А веќе 6ипол месеци има.
Не си сама,заспива во 20 спие до 22 сила,и одма прокенкува на цицка презаспива и на секој сат или сат и пол се буди,веќе немам сила уште месец и пол тргнувам на работа како ќе биде незнам.До 4.5 месеци си спиеше супер во 22 ја заспивав во 4:30 стануваше цицаше до 6:30, после си спиеше до 8:30.Сега сила 7 е станата веќе немам сили само што сум задремала етеја станала,пробано и до мене да спие исто е,нема разлика.Извади две запчиња мислев кога ќе излезат ќе се врати не и не.
@1209 @Thinkerbell. мислам дека не е до скок туку до забите, или тоа е еден од факторите за лошиот сон. Моето е на крај од петти скок, никаква промена не осетивме, можам слободно да кажам дека воопшто не го осетивме скокот. Ама он нема запчиња, само го чешкаат непцата, ама не е нервозен и слично. Навечер заспива најчесто околу 9 - 9 ипол. Во тој случај се буди околу 4-5 за да цица и продолжува до 8-9 сабајле. Ако заспие порано како синоќа знае да се помачи. Заспа во 7 ипол и до 9 на два пати стануваше ама среќа презаспиваше само со гушкање. После продужи до 4, е во 4 почна журката. Стана да јаде свеж мислиш денот почнал. Го земав до мене лежејки цицаше и сака да си гука да се занимава, писка вика. Маж ми во транс се буди испаничен вика што му е, викам ден му е што му е. Ама го оставив не му правев муабет, намалив скроз светло се врткал се местел и заспал. По едно време кога се разбудив шефот спиеше меѓу мене и маж ми во хоризонтала, а ние на ивиците од спалната, готови да паднеме.
Моето е 2+ не кашла уште ама ако зборам со некој додека му давам да пие млеко прави мМмМММмм нервозно и сака да траам
Здраво мајки. Бебето ми е 2 ипол месеци. Денеска правевме лабараторија, за примање на рота вакцина. PCT елементот во крвта е на горна граница. Дали некој им искуство со ова и дали е загрижувачко? Благодарам
Девојки молам за совет. Денес бевме на преглед, бебе е 3 месеци, на ексклузивно доење сме, но последниов месец нема качено многу. Се роди 3500г, а денес е 5000г. Ме препратија кај лактациски консултант. Првите два месеци многу брзо накачуваше, па сега можеби е нормално малку да успори? Си се тешам. Малку ли е 5кг за 3 месеци? Нели на 6 месеци треба да ја дуплира родилната? Во однос на цицањето се си оди нормално како и сега, не ми личи на гладен, инаку ќе плаче, нема да полни пелени, малку сум збунета. Забележав дека бараше почесто послледниов месец понекогаш, па секако му давав на барање. А инаку е 60цм висина.
Мамасити, каков блендер/готвач на пара ми препорачувате. Јас сум тотално неодлучна. Помегу Avent, Babymoov nutribaby i Agu 3 in 1 Ако имате предлог и за друга фирма пишете
Со оглед на тоа дека е родено 3500гр на три месеци би требало да има повеќе од 5кг за да си ја следи својата крива на раст. Како растат не качуваат толку интензивно како на почеток, ама сепак има некои стандарди. Разговарај со лактациски консултант, ќе ти кажат што да превземеш.