Мајки, на доење сме, добро напредува, 6 месеци е бебе. Мене пред некое време почна многу да ме боли брадавицата. Како да пукна, отприлика, и нешто бело има како кожички. Ме боли кога е мокро, после туширање многу, кога ќе фати да цица и после тоа. Кога ќе се засуши е малку подобро и не е бело, туку како рана да речеме. После туширање се прави како бело и можам да ги излупам тие кожички. боли многу и се зголеми. Се надевам дека може да се прикачи сликата. Што може да е, о што да правам?
Миј ја градата после секое доење и оставај да се исуши, не ја бриши со пешкир, мачкај ланолин редовно, а медела е поскап малце ама убав е. Мене тоа ми помогна.
Мене уште пораспукана ми беше, не ги чистев мачкав ланолин. Колку повеќе ги корнеш толку повеќе се прават кожички. Битно е миеш и сушиш без пешкир. Колку повеќе градата надвор да ти биде. И мачкај ланолин.
Само 3-4 часа откако се вративме дома беше многу поспан што не е карактеристично за него. Потоа беше најнормално, не качи температура лепевме лепенки. Инаку уште го тераме вториот скок и забележувам промени, но на позитивно. Од вакцините не би рекла дека има нешто
Ова е блистер го имам повеќе од месец никако не ми проби мене. Ме боли ама сега не многу. Пиши на нет ќе прочиташ повеќе.
Уште една пелена за една употреба наопаку залепена одозгора. Таква препорака во Систина ни дадоа. Со првото пред 6 год ортопедот кај што ја носев ни препорача широк повој меѓутоа ретко дали 10 пати и ставив
Препораката била веројатно конкретно само за твоето бебе ако виделе дека има потреба, без консултација со ортопед и потврда од него дали треба или не, широк повој не се препорачува и не знам зошто таква пракса уште не е искоренета.
И мене во ремедика ми рекоа да ставам. Ни еднаш не и ставив. Уште пред испис и направија ехо на колкови и се беше во ред. Не знам зошто и покрај тоа препорачуваат. Пред да направи 2 месеци ја однесов во Орто плус и докторката рече се си е супер нема потреба од ништо.
Јас кога прашав за вакво нешто во Англија искрено се чудеа што прашувам, кога успеав да објаснм рекоа дека тоа е пракса искоренета веќе со години, не знам зошто тука уште го прават тоа.
Затоа што некои доктори не мрднале од некој 10-ти век Требало - не требало, ставај широк повој. И кога доктор ќе ти каже, шубе те фаќа да не послушаш, си велиш сигурно повеќе од мене знае.