Баби и тетки не се слушаат баш ради такви совети. Кога сме биле ние бебиња ни ставале по автоматизам на сите, па познавам девојки со тесна карлица. Јас во ниеден момент не помислив да ставам, иако машко дете имам, ама ставаат некои и на машки нели. Како што кажа Оли бебињата сами си се ставаат во соодветна положба за да се оформат. Нормално ако има потреба ортопед ќе каже. Мада што дискутабилна е и стручноста на некои од нив. Пример кога ќе слушнам дека одобруваат/препорачуваат дете да се става во дубак и џампер, коса ми се крева.
А како на маж да му докажеш дека нема потреба од повој иако ни кажаа од педијатар и ортопед како препорака да се става
Ај ќе сфатам стринки, баби и тетки заглавени со советите, ама доктор? Веќе не ме чуди ништо, секакви глупости советуваат и педијатри и ортопеди. Последно на контрола ми вели давај вода од 5 месеци. Бебе ни почнато со храна, си цица цело време, ама не, вода. Или да ја ставам на 90 степени да седи и со перници да ја опколам за да ја држеле во таа положба. Што им е не ми е јасно... Каде бе на 90 степени? Зошто перници? Не се арни со советиве. Не виделе дете да си седне само? Не бива ако не го седнеш во ќош од гарнитура пикнато во перници или во оние округлите перници што сега ги измислија за седнување? Не чуле за самостоен развој и да си фатат свој тек? Нешто ново е ова и не им е познато дека детето само може сè и треба да се дозволи да се развие само? Или со дубакот, или ајде паткајте го сега бебето за да прооди и утре ќе дојде Станка на темава и ќе рече детево нанапред оди со телото и цело време паѓа, се удира, неправилен од има, искривени му се нозете и сл. Секако дека ќе е така, во дубак со телото нанапред оди и ќе паѓа на глава наместо на газе. Искривено ќе оди и од паткање, а и тоа тегнење на раце за да патка. Ама не, сакало тоа да оди за рака. Пуштете само да заоди, да видите како ќе клапне на газе и ќе се дочека со раце ако паѓа, ќе научи да се штити при паѓање, ќе оди на стапалото без проблеми итн. Ќе му кажам да седне да прочита, а ако го мрзи, ќе го однесам кај саглам ортопед кој ќе му објасни зошто не треба повој. Нека си стави тој на себе повој. Се нервирам
ЏПоследно на контрола ми вели давај вода од 5 месеци. Бебе ни почнато со храна, си цица цело време, ама не, вода. Или да ја ставам на 90 степени да седи и со перници да ја опколам за да ја држеле во таа положба. Што им е не ми е јасно... Каде бе на 90 степени? Зошто перници? Не се арни со советиве. Не виделе дете да си седне само? Не бива ако не го седнеш во ќош од гарнитура пикнато во перници или во оние округлите перници што сега ги измислија за седнување? Не чуле за самостоен развој и да си фатат свој тек? Нешто ново е ова и не им е познато дека детето само може сè и треба да се дозволи да се развие само? Или со дубакот, или ајде паткајте го сега бебето за да прооди и утре ќе дојде Станка на темава и ќе рече детево нанапред оди со телото и цело време паѓа, се удира, неправилен од има, искривени му се нозете и сл. Секако дека ќе е така, во дубак со телото нанапред оди и ќе паѓа на глава наместо на газе. Искривено ќе оди и од паткање, а и тоа тегнење на раце за да патка. Ама не, сакало тоа да оди за рака. Пуштете само да заоди, да видите како ќе клапне на газе и ќе се дочека со раце ако паѓа, ќе научи да се штити при паѓање, ќе оди на стапалото без проблеми итн. Ќе му кажам да седне да прочита, а ако го мрзи, ќе го однесам кај саглам ортопед кој ќе му објасни зошто не треба повој. Нека си стави тој на себе повој. Се нервирам [/QUOTE] Те замислувам Оли кај што пишиш многу нервозно и љуто,а истовремено и се смешкаш
Не сум многу нервозна, ама лута сум Нема нешто поубаво од тоа детето само да си научи сè, а докториштава им го ускратуваат тоа на децата и на родителите со глупави совети. Нема да сум лута ако им ја кажуваат и другата опција, па ајде сам родителот одбрал како да тера. Тие го кажуваат тоа како само така дека треба. Да објаснат што се случува со помагање и што со самостојност, ајде де. Да рече слушај, ако го паткаш детето, ќе се случи ова, ова и ова. Ако не го паткаш - тоа, тоа, тоа. И така...
Ќе ти кажам каков совет јас ќе добијам од поновиот ипомлад ортопед во костозглобна за едно 2 недели...Со нетрпение чекам каков совет ќе добијам
Луѓе ние се се селиме денес во поголемата група, мали наш направи пола година Ќе ве чекаме сите таму на дружба. Ама пред тоа да прашам, направив сега каша за бебето ама оно заспа, да ја ставам во фрижидер може на саат време за да му ја дадам после? Благ компир и спанаќ е, не планирам да ја загревам после. И друго посебно @0ли ќе ја тагнам, последниве денови дете одвај чека да не зграби за раце и директ се крева за седење, не го теглам јас воопшто ама он како научи преку ноќ тоа не ми е јасно, значи ме фаќа за раце и одма стомачни и оп се исправа. Го ставив и во хранилка да видам и ептен стабилно седи, ни лево ни десно мрда, под 90 исправено, јас не знам дали ова е правилно, да не си наштети? Никакво седење не сме вежбале до сега инаку, ова преку ноќ ми текна.
@1209 Сè што прави сам, без да го поставиш ти во таа положба, во ред е На 90 треба сам да се исправува, без да го седнеш директно така. Да речеме, го седнуваш на 60 степени во хранилка и се исправува сам до 90 и си седи така. Пробај и на под стави го да лежи, така нема да може да седне од лежечка положба без да се држи на нешто.
Девојкиии после долга пауза се враќам на темиве, ми требаше малце одмор од форумов, а и приватно многу работи се случуваа, па решив да направам мала пауза. Искрено веќе не ни имам толку време, мали е 100 на саат, немам време да здивнам. Последно кога пишав се пожалив дека почнавме со дохрана, имавме многууу проблеми со доење, пад во тежина, дијареа, но еве полека се средија работите. Сега сме на ексклузивно доење повторно, нетолеранција на млеко е дефинитвно утврдена, сега за две три недели ќе почнеме и со вкусови. Сакам да ви се заблагодарам на сите за советите последен пат кога пишав на темава, искрено многу ми беше тешко и не можев да собреам храброст да ви вратам, мозокот и срцето ми беа поделени, но среќа тој период заврши и го надминавме. Би сакала само да посочам дека кај нас најголем проблем испаднаа силиконските брадавици, може ќе пишам и во доење ако најдам време, чисто да му се најде како искуство на некој. Откако престанавме со нив повторно ми се воспостави лактација, и мали качи 400 грама за две недели. Во врска со почнување со вкусови, тука добив многу интересни совети, од давање повеќе вкусови истовремено, до започнување со најчести алергени наместо со овошје. Ми вика сестрата можеш да почнеш со риба, не со банана Ќе пишам повеќе деновиве, сега само на брзина сум да ве поздравам.
Мачкате ли нешто на непцињата и што? Како да препознаам дали се отечени, поима немам од овие работи. Вчера и денес се познава дека ептен го чешкаат, се става во уста, се чеша со јазикот, како да си го грицка и почнаа повеќе лиги да му течат. Не сум сигурна дали сакам да го мачкам со нешто или да го оставам така само да си глода. Знам дека е долг процес и дека дур да излезе запче може и месеци да поминат.
Мене во Ремедика тестер ми дадоа од Фрезидерм. И некои други два ми кажа докторката - Дентинокс и Камистад. Од овие два едниот бил хомеопатски, германски као, ама не запомнав кој бидејќи го погоди човекот за хомеопатски глупости Кога ќе ја поткренеш горната усна, на пример, ќе ги видиш како топчиња отечени. Прво беа како помали и како погоре некако, а сега како да се спуштаат надолу, се приближуваат накај долниот дел од непцето. Долу абер немаат, но ќе биде подбелен работ на долното непце ако се пред излегување. На поголемото не му мачкав ништо колку што се сеќавам. Давав глодалки во фрижидер што стоеја. Уште кога имаше 2-3 месеци поголемиот, докторката велеше ааа еве ги тргнале, за брзо ќе бидат. Изваде прво запче на 8 месеци. Сега за малава исто на 2 месеци ааа тргнале, побрзо ќе излезат од тие на бато. Баш да видиме. А може ти бидејќи даваш веќе храна, во глодалка што се полни со овошје да ставиш од фрижидер некое овошје и да му дадеш да цуца, да разладува непца.
Zoshto problem silikonskite bradavici? I jas dojam so niv bidejki lom mi gi napravi i mnogu me bolat.A kako si ja vospostavi laktacijata ? Moite se polnat koga cica ama pak znae i da se prazni da nema mleko i mnogu se nervira bebe i vrishti?Sovet?
Јас па горе не сум ни погледнала, а ем познавам деца што прво извадиле горни кецови. Доле има како две мали топченца на место на кецовите, ама ми се чинат некако многу назад дека се. Добра е идејата за глодалката што се полни. Денес баш прв пат ја пробавме со банана, воодушевен е, сам ја држеше. Имам смрзнати праски и диња ама уште не ми се воведени. Да ни поминат 3 дена од вакцина ќе дадам нешто од нив.
Јас го мачкам со Оsa gel а имам и osanit куглици. Од германија ми ги пратија. Да ти кажам доста помага гелот, куглиците ги чувам кога ке биде најтешко. Не знам дали може да се најдат низ мк
И јас со осонит, реално не знам дали помага или не оти цело време давам, ама у глобала оставам да глода се што стаса
Најискрено мачкаме ама дали помага...ваљда исто како со грчевите, давај она, давај ова, поминаа кога ги снема. Кај нас вака личи дека само дентинокс помага, ама смее само 2 пати на ден. Инаку досега не сум видела понервозни деца од моиве за заби, во меѓувреме во тек на ден се снаоѓам и со генгигел и осанит гранули, од германија ги нарачувам. Инаку едново глода се од 3 месеци, а први заби извади доле на 7 месеци. Ќе осетиш на допир остро кога ќе пробива и вака од око како застаклено е местото. Сега ги вади горните и е страшно, не помагаат ни силиконски со ладно овошје, ни Софи, оние со вода никад не ги ни сакаше, плачеше од нив, па сега како глодалка го користи мојот лакот или евентуално ако има на неа држач за цуцла. Ако користите цуцла, пази го, ако е нервозен ќе почне да ги кине и ќе треба да менуваш почесто, јас мислам дека пола буџет на Бибс ни оди. Со лесно.