Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.207
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Осанит на правото многу му помогнаа. На 6 месеци, 2 запчиња извади. Кон 8 месеци ги најдов гранулите е ств имаше ефект од нив.
    Бебе настина, исто како од Кукличка. Вчера почна со мрсули, се затна, цела ноќ не спиевме, се бореше за воздух, па тргав со аспиратор, па спрејче прскав, па ајде не раздени, денес на ручек како топол ми се виде мерам 38 тт, ајде на итна, таму ме уплашија, малку грло црвено, па има многу шлајм ајде упат за Битола на болница, ставив чепче и појдовме на болница, крвната слика покажа дека е вирусно, рече нема потреба од антибиотик, да продолжам исто со чистење на нос и за следам ако не цица или др промени да одиме пак. Ама бар цица, полни пелени, се мачи со одмарање цица.
    И еве го 6 сати од чепчето пак крева тт :( 2 сати сум само спиена, многу се нервирам, на само 2 месеци со тт, жално е што нема многу што да му помогниш :(
     
    На KuklickaSk, јolene, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Јас бев со силиконски од старт, првите три месеци немав никаков проблем, млеко дури и одвишок, бебе напредуваше супер, секогаш беше во 95тиот перцентил.
    Ама кога ми се стабилизираа хормоните започнаа проблемите. Имав бебе од 3-4 месеци на кое еден подој му беше 40 мин- саат. За мене тоа беше истошувачки, поминував 6-7 часа во денот во доење. Околу 3тиот месец имаше слаб напредок во килажа, а потоа и пад. Не ми беше јасно што се случува бидејќи имав млеко, бебе “цицаше”, или беше на града по 40 мин. Ама почнав да се соочувам со константен мастит на левата града, те мастит те немање млеко, осцилирав меѓу овие две крајности.
    На крај се видов со лактациски консултант кој веднаш ми го посочи проблемот. Силиконските брадавици во одредени случаи предизвикуваат намалување на лактација бидејќи реално доењето со и без нив е различно, самата стимулација на градата е различна, тоа го увидов откако престанав да ги користам.

    Во мојот случај, и покрај долгото времетраење на еден подој, бебето никогаш ефективно не ја празнеше градата. Секогаш успеваше да цицне таман колку да не е гладен, но не и вишокот за да напредува. Бебето со силиконската има поплиток фат на градата, но треба да влече повеќе, па се изморуваат и го нема она активно голтање, се оди многу бавно. Затоа и се соочував со честа појава на мастити и пад на лактацијата. Кога една ваква ситуација се повторува долго време, телото ја намалува количината на млеко. Последниот период додека доев со силиконска, паралелно доев и стимулирав со пумпа за да одржам лактација, ова ми беше многу мачен период искрено, и физички и ментално. Ама откако престанав да ја користам, подобрување видов за нецела недела. Бебе сеа цица 5-10 мин и го слушам колку активно и брзо голта, го осеќам млазот, тој има подобрување во килажа, едноставно скроз поинакво искуство.

    Ова е мое искуство, не значи дека на секој ќе му се случи. Но добро е да де знаат ризиците кога се користат силиконски. Доење со љубов има добри постови на темава, исто и една епизода од подкастот мислам дека беше на оваа тема, кој сака да знае повеќе.
     
    На PharmA, 0ли, AlchinovaR1979 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    И јас ги тргнав силиконските, не ради таа причина што и ти, туку почна да ги нејќе, а и порает сега без нив, вадиш цице и готово, а не дур се намонтирав тој веќе нервозен.
    Убаво си напредуваше и со нив и сега без нив. Инаку да сега цица 5-10 мин, а со силиконските цицаше и по пола саат. Ама јас тоа го препишав на тоа дека ојача па се намали времетраењето на еден подој, никогаш не ми падна на ум дека може да е резултат тоа дека ги трнав силиконските.
    Баш ми е криво што си морала низ тоа да минуваш. Сега уживајте во доењето
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    46.406
    Пол:
    Женски
    @Lavender13 ти благодарам и јас за објаснувањето.
    Ќе може ли да ми кажеш како го одвикна бебе од силиконски?
    Еве цела недела се обидувам и не ни оди. Не знае да фати, не препознава дека тоа е града од која што треба да цица, не знам како да објаснам. И одма се нервира, плаче, и се откажуваме од обидот и пак со силиконска. :(
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    45.733
    Пол:
    Женски
    Јас неповикана ќе кажам за моево, едноставно се инаетев и не му ја ставав, се мачеше малце ама за 2-3 дена сфати што треба да прави и веќе не ги употребив.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.381
    Пол:
    Женски
    Фала мајка. Денес е екстремен со глодањето и бутањето што стигне во уста. По природа е голем смешко и не е нервозен, ама знае кога глода да ржи, се познава дека си има мака. Баш ќе видиме кога ќе излезат.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Мојот фати инстантно, ама бев под надзор на лактациски консултант кој ми го намести точно ко што треба. И јас дома кога пробував пред тоа не можев да го наместам, знам на што мислиш, со устата ко риба на суво беше, не знаеше што треба да прави.
    Пробај стисни ја градата како сендвич, а бебето залепи го малце посилно, убаво да ја фати градата.
    Сепак мислам да си видиш консултант за лактација ако си во можност, можеби ние имавме среќа па веднаш фати.
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  8. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    најдобри стаклени шишиња која марка има ли некој некое искуство?
     
  9. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Најмногу ги фалат Avent и Tommee Tippee. Јас имам купено на Avent, меѓутоа сега за сега не ми е искористено дека сме на ексклузивно доење.
     
    На India му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AlchinovaR1979

    AlchinovaR1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    729
    Пол:
    Женски
    Мамички помош ...
    Бебево ми е старо 42 дена , сега за сега сме на ексклузивно доење . Внимавам каква храна внесувам , дури и повеќе од колку што треба , за да нема бебуш мака со грчеви . Но , и покрај тоа бебево има грчеви и кажи речи си плаче при секое какање . А си кака од 4-6 пати во текот на денот . За грчеви давам Nurse Harveys ...

    Прашано педијатар,ми вели поради стегање на мускулите , нормално е. Ама тоа ти е ептен плачење .

    Дали некоја од вас била во ваква ситуација или знае да ми каже како да му помогнам на бебуш.
     
  11. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    И јас пазев што јадам и дете пак имаше грчеви. Јас ставав термофорче да му се стопли мешето, и доста помагаше. Прави масажи, имаш на нет како за да му олесни и какањето. Друг совет немам зошто нас ништо не ни помагаше. Сменив какви се не капки, ништо.
    А да се редактирам дур можам, го ставав на нозе полуседнат и се уште во таа положба се кака најлесно. Пробај и тоа
     
    На AlchinovaR1979 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  12. natash.a

    natash.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    179
    На мене најмногу ми помогна појасот со семки од цреша што е, го загреваш, ставаш на мешето на бебето , за 10 минути ми се смируваше бебуш со него. По 500 денари се , најдобро дадените пари досега
     
    На AlchinovaR1979 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  13. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    9.603
    Пол:
    Женски
    Каде ги има тие појаси?
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    10.454
    Хај :hai:
    Фала што ме помисли Оли, ми фали и мене катчево наше ама се помалку време имам и да читам, а тек па да пишам. Се надевам зимава ќе успеам да се активитам.

    Ај додека сум тука да си дадам рапорт, таман и пред официјално да се селам од темава.

    Моја дуда си расте, станата е ептен интересно мало човече :inlove: Последниве месеци ептен интензивно се развива и менува. Мнооогу е љубопитна, само шара со очињата, ништо не смее да и избега. Си муабети нешто по нејзино, цел ден царува доле на подлога, се врти, превртува и почна да прави некое примитивно лазење како црв :D
    Кога ќе ми текне само колку плачеше на почеток кога ќе ја ставевме на меше :sweat: факт колку брзо растат и се менуваат.

    Од пред една недела почнавме со вкусови пошто буквално почна да се тепа да стигне до наша храна. Добро ја прифаќа хранава, ама никаде не се брзаме. И повеќе од одлично си напредува од цицањето. Матичната на последната контрола ме искара зошто на 5+ месеци не сме почнале уште со храна и вода, требало уште од 4 :yawn:
    Битно столче и секакви реквизити за исхрана набавивме, чекам да ојача уште малку да седи во стол и да почнеме малку поинтензивно со целото тоа поглавје.

    Инаку јас уште пред 3 месеци се вратив на работа, а беба се чува со тато. Уште од старт ни беше во план да го делиме породилното, ама испадна ситуација да мора порано да ја направиме рокадата. Во друга прилика повеќе детали, битно влеговме во целата авантура со многу непознати, грижи и неизвесност како ќе биде.
    На кратко, беба е супер и ми се чини уште посреќна. Како со мене, така и со татко и си градат преубава врска и гледам колку убаво се поврзани.
    Јас се уште успешно ја дојам и успевам да се организирам со паузи за доење, што ми беше една од најголемите грижи и предизвици.
    Реалноста е дека маж ми е огромна поддршка во ситуацијава и максимално е посветен на својата улога, а новата работа иако ми е многу одговорна и непредвидлива, во сите ситуации кога е возможно и многу флексибилна. Често сум преуморна, доработувам работи откако ќе ја легнам да спие, ама некако се осеќам многу исполнето, а воедно и среќно дека менаџираме по дома, дека сум дел од сите активности и дека си го осеќам детето среќно.

    Уште да видиме како ќе ја преживееме зимава со сите вируси што лебдат во околина, па се надевам ќе поминеме добро. Веќе се радувам на првата зима и празници со бебе и како заладува се натаму ми оди паметот :mm:
     
    На Nala37, LiquidLuna, Viveki и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    19.536
    Пол:
    Женски

    Колиеф капки нас ни помагаат многу и чајчето од хип што е, он не пие многу зошо детево никако не сака да фати шише одкако сме на ексклузивно доење го пљука буквално. Па пробува малку така, малку со лажиче му давам 10-15мл. Да испие и веднаш се кака и испушта гасови. Кога ке го видам дека се мачи одма му давам. И што вели @Ceneva во полуседната позиција кај мене во раце и така знае да се искака.
     
    На AlchinovaR1979 и Ceneva им се допаѓа ова.
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    46.406
    Пол:
    Женски
    Благодарам на мислењата девојки.
    Осеќам ќе биде тешко, почна да не дрма 4ти скок, кај се молиме за цицање, па и кога ќе цица со силиконска подојот трае 30-40мин, како зомби сум дека со часови будна преку ноќ, очигледно и тој ненајаден гревче, по 30мин влечење се изморува и заспива. Цела недела се обидуваме да фати без силиконска и ништо. Посетивме и консултант за лактација, само ни покажаа поза, се обидовме но ни тогаш не сакаше да фати, и само ми рече да пробаме пак па ќе видиме. Не знам уште колку да се обидувам да фати така, без да премине во малтретирање.:(
    На раб сум да почнам да молзам ексклузивно, за мене можеби малку потешко, но веќе ми е тешко и вака, но барем да сум сигурна дека бебето ќе ми е најадено.
    Стварно сум избезумена. Следен понеделник сме на мерење пак, до тогаш гледам дома на дигиталната вага со одземање на мојата тежина, колку барем да се осигурам дека не паѓа килажата.
    Ептен ми е мака за бебуш, ноќеска седев и плачев, цела ноќ размислував, не сум паметна веќе.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Верувај дека те сфаќам, поминавме низ истото, и јас се изнаплакав. Навечер подоите ми беа смрт, по саат, саат и половина. Преморена бев, доев, и стимулирав со пумпа, заспивав со пумпата на мене. Таман сум заспала тој станал. Ајде пак од ново.
    Многу бев фрустрирана, не можевме ни ред да фатиме со бебуш. Сакав да дојам ама се доведував физички до граници на изнемоштеност, а психички само се обвинував. А нема полошо од плачот на гладно бебе и чувството на неуспех и разочараност, кој сакала или не е неизбежен, кој што сака нека вика.
    Мој совет, истуркај го 4ти скок со силиконските, вратете се во нормала со доењето, па пробај пак без силиконски. На веќе фрустрирано бебе не би се обидувала да му менувам ж. Ама давај дохрана ако осеќаш дека е гладно, а ти пумпај се кога можеш за да одржиш лактација. Ќе биде тешко, ама треба многу трпение и нерви. Помош ако имаш од домашни уште подобро, фокусирај се само на тоа периодов и power through.
    The only way out is through.
     
    На Fenix05, 1209 и Luminary им се допаѓа ова.
  18. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    46.406
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам од срце. Ќе се обидуваме секако, па ќе видиме како ќе сме оваа недела. :hug:
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.985
    Допаѓања:
    45.733
    Пол:
    Женски
    @Luminary жалам што минуваш низ ова, јас немам совет пошто искрено за мене ова е чисто измачување, јас да сум на твое место искрено кажувам одма би се откажала, неам ни грам грижа на совест веќе за ништо околу доењето и искрено колку и да звучо сурово не знам зошто по секоја ценац минуваш низ ова. Моето и на дохрана беше и само со дохрана и мешано, па ексклузивно и сега пак мешано и во ниеден момент освен краток период криза што ме фати повеќе не се обвинивав и оптеретував со тоа и сеа многу ми е лесно.
    Фаќа шише?
     
    На LiquidLuna, BadKarma94, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Тешко е мајка, ама не си самА.
    За првото исто вака бевме.
    Испадна поврзано јазиче, па го сецнавме, и пак никако да се научи усните да ги намести. Ту со силиконски ту без. Цело време и доење и одмолзување, и мидификувано по малку. Додека да измиеш шише,лактатор ете пак за цицање. Цело време бевме на некој минимум. Јас немав време да го гушнам и да го бакнам. Се во грижи.
    Будење секој саат.
    Од денешна гледна точка многу ми е криво што не му давав повеќе модификувано, дефинитивно беше гладен.

    Второво дете ми е друга приказна, знае да цица, убаво напредува и спие во ноќта.

    Мери го, ако сметаш дека му треба давај модификувано, не е ништо лошо да биде на комбинирано. Храна е и тоа.
     
    На Luminary и Fenix05 им се допаѓа ова.