Комбинација 4-ти скок, регресија, вакцина, првпат добивање после породување, дете од 3 и пол години што сака внимание и е со секакви дешавки во денот... Ќе преживеам, ама дали ќе бидеме со мм нормална после ова...
Ке бидете малку шу шу , мала шала. Ќе помине и тоа и ќе дојди потешко така велат сите. Дека како растеле потешко било. Мене ми е прво уште не знам за што зборат . Допрва ќе видам како ќе биде.
Камо да сме само шу-шу, ова на нешто повеќе ми изгледа. Со првото не осетив ни скокови ни регресии, потешкото почна на 3 и пол години. Ова ќе наплати и за двајцата како што гледам. Регресијава ме поремети
Ти верувам, зошто знам како е. Тешко е кога му е пореметен и сон и се. Одма дете понервозно. А најтешко ми е што одбива да спие и морам усправно во раце да го успивам, а кичма ме боли едвај издржувам, а он пу пу на мајка изгледа дека има околу 7 и пол кила. Ќе видиме сега во петок на контрола. Има едно прашање сите мамасити си го поставуваме 100%, а тоа е .... Зошто е толку тешко да успиеш некој кој е веќе поспан
Заспивањава ни станаа опасни по здравје. Ми го истражува лицето, ама не е така филмски и нежно како на филмовите, туку е боксерски меч…мава, штипе, ми пика цели прсти во носот, еден ден и око ќе ми извади. Цела сум со отпечатоци од нокти по лицето, огромни вдлабнатини. Али си викам нека му е, бар заспива
Колку и да и' ги сечам ноктите, пак ќе се најде некое како жилетче што ќе ме изгребе до крв додека ме штипе и мава.
А некои tips&tricks за регресијата во спиење има ли и нас не стигна,порано бар знаев дека по 35-40 минути ќе дремне а сеа и тоа не ми е сигурно. Друго што се мислам промената на сметањето на времето од летно во зимско како ќе успеам да го изменаџирам, он сега станува во 6, 6 ипол што значи 5 ќе биде кога ќе се буди
Апсолутно се согласувам со тебе мајка, јас многу се измачив да ја дојам, токму ради тоа што сите околуу мене ми го збореа самоо тоа "доење најздраво, како мајчино млеко шо е ништо не е итн итн..." Е супер, имав млеко кога се породив, цицаше бебе се до 40 дена кога направи, и снемав млеко. Абе пекол, бебе вришти по цели ноќи неспиени ни она ни јас, ама ја упорно пак само на цицка. Дојде баба ми да ја види (петто правнуче и е иначе, жената сите не исчува) ми вика сине детево гладно ти е. Ја па се расравам не па не мора да цица и готово...Будала ја...Додека е отидовме на педијатар за да ми кажат дека не само што не напреднала, туку и ослабела 100 грама. Се скршив, душава ми рикаше на цел глас од жал што сум го изгладнувала бебето само и само од тој притисок дека мора да се дои...Ок после други ствари се дешаваа, па ај чаеви за лактација па ај апчиња свашта нема млеко и крај. Па бебево шише не фаќае па со шприц се раневме, пекол не сакам ни да се сеќавам на тој период. Па остај све тоа па и како немајка се чуствував, зошто немам млеко, детето на вештачко ли да ми расте, па плачење цела недела и така Да не бидам сфатена погрешно, супер е доењето, но за да се изгради една здрава врска помеѓу бебето и мајката треба пред се мајката да е среќна исполнета, за да биде и бебето. Еве бебе ми е само на вештачко, јас дефинитивно грам млеко немам, двете сме среќни, беба напредува супер а јас не се осеќам веќе дека не сум добра мајка затоа што не ја дојам. Тежок период ама помина...
Види, следам прозори на будност и навистина си заспива во тоа време кога ќе и' завршува прозорецот. Проблем имам со вечерното спиење. Ќе заспие со плачење, едвај се смирува, се трга од града. Ај ќе заспие. Се буди после на секој час до кај 12 и после на 1,5-2 часа. Ноќеска ми беше будна од 4 до 6. Некое пореметување на денски дремки нема, си заспива сама, само што некој ден има три (две подолги и една кратка), а некој четири (сите кратки) дремки. Така ќе биде додека не се префрли целосно на три. И мачно е, навистина. За промената летно-зимско, само поместување по 10 минути ми помагало. Секој ден по 10 минути подоцна сум го легнувала поголемото сите дремки и вечерното. Така најмалку има шанси да е преморено, еднакво поместување за да нема голема промена. Не знам со регресијата како ќе ти биде, но пробај.
Баш вчера ми излезе може ќе ви се најде https://www.instagram.com/p/Cybvon8LwHA/?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==
Ја се шетам со расцветана уста две недели, ме удира до глава и секогаш на исто место ми ја пука. Викендов низ град ме мавна толку јако што цела уста со крв ми беше очи ми се насолзија, ќе мисли народ маж ме тепал, јер ко би ми верувал дека 9 месечно бебе ме мавнало
Следам Оли и до пред една недела ни беа предвидливи дремките а навечер се будеше само накај 4h за цицање и си заспиваше веднаш.. Е сега дремките се хаос, знае и по 10 минути да се разбуди свеж и спремен за игра и нормално после 40 минути повторно е уморен, многу е тешко да го префрлам во креветче па почна повторно со contact naps. А навечер до кај 2h е океј после се буди исто на 1,5-2 часа ама брзо презаспива. За летното зимско, тоа е ќе пробам така, а до тогаш ќе ни помине и скокот па се надевам на мирни ноќи и убави дремки . Фала @Fenix05 го прочитав, истото што и Оли го препорача
Колку треба да трае ноќта кај 2ипол месечно бебе? Заспива 20.30-21ч спие 30 мин па пак презаспивање и спие потоа цела ноќ со будење за цицање и може да спие до 11 ч утре дента(ретко) најчесто до 9.30-10.
11ч е многу касно да станува од спиење. Кога ќе почне да јаде, во 11 ли појадок ќе му даваш Идеално е најдоцна до 8ч да е станато бебето. Моето легнува за ноќно спиење во периодот од 21 до 22ч и станува некогаш во 7,некогаш во 8ч. Се буди за цицање,некогаш после 5часа сон,па потоа на 2 или 3 часа. Или неколку пати на 2-3 часа во текот на ноќта. Има 3 месеци и 12 дена.