Има некое бебе што повраќа после секое јадење/цицање? Се сомневам на рефлукс, многу се грчи ноќе, дење, повраќа.... не може да спие на рамно.
Моето повраќање мислам бљуцкаше после јадење докај 3м, престана после тоа, не се ни сеќавам кога престана. Баш повраќа во млаз или бљуцка само?
Бљуцка, на три пати само до сега во млаз. Мислам дека е од лакомо цицање... ваљда ќе надмине со тек на време
Моето е скоро 6 месеци и сеуште повраќа после секое доење,и јас мислам дека е рефлукс но дека си качува на килажа не сум добила никаков совет,само дека кога ќе почне со цврста храна треба да го снема.
Мислам дека не е рефлукс, нормално е да бљуцка, сигурно уште голта лакомо и се прејадува. Баш некаде читав дека уствари сите бебиња имаат рефлукс до некој месец, додека се развие убаво делот дијафрагмата?(мислам тоа беше, може трескам глупости ама имаше нешто) Моето и сега знае да бљуцне ако голтал брзо и лакомо или ако се заигра многу додека цица. Рефлукс онака баш мачен мислам дека би се познало со некачување килажа, со измачување додека јаде…што знам. Почекај уште некоја недела, држи го исправено после хранење подолго време и секако ждригање си знаеш тоа.
Да,млекце заостанато, ни нагоре ни надолу Сврти го за ждригање,потапкај го нежно по грбчето. Или почекај малку време (за да не поврати по јадење)па сврти го на меше,поставено на твоите колена и потапкај.
5-ти скок на најјако не дрма. 4-ти не осетивме, ама ова.. Дали вашите пискаат? Мојава од вчера само писка и вриска. Од вчера не плаче, само се дере.
Писка ехее, ама не е нервозно и на плачка него од среќа. Обично сам кога е и кога си гледа во таван/лустер или си игра со некоја играчка највеќе писка. Комшиите којзнае што си викаат.
Со ништо, го миев само со вода. Сами од себе си поминуваат за ден два. И сега му излегуваат ама поретко.
Да исто, сега на 2 месеци не после секое доење, поретко е ама си повраќа, а не ждрига некогаш.. Се намалува како што расти до кај 3 месеци се надевам ќе прекини скроз. Мене ново со ова бебе ми е и повраќањето, првото воопшто не повраќаше Не го мачкам ништо ни на лице ни на тело, капење цело тело 2 пати неделно (изгорена од првото кое го капев секој ден и му се направија егземи, мозолчиња се и сешто, ова реков не така) газе секој ден миење 1 или 2 пати зависи. Почна да зафркава за цицање, фати пушти, разгледува околу и се тегни, прета со нозе, раце, ме драска, се смее, рачињата пробува да ги носи во уста почнува да расти душата моја
Охооо не да вриска уште 4-5дена и ќе излезе од скоков, збесната е, урла по дома ништо не и е погодено
Мене двајца педијатри ме искараа кога прашав што да ставам на акните . Сами од себе ќе поминат , можеш само со млака водичка да го миеш лицето ..
Прашања што ме мачат .. 1. Колку време во денот треба да е будно 1 ипол месечно бебе ? 2. Кога почнува да реагира со насмевки , гугања ,следење предмети/лица? Моево моментално само мојот глас го препознава,само мене ми се смешка (ретко) и ме прати колку толку каде одам. На други не реагира.
Да го капев секој ден и ко се направи со егземи, кожата цела сува му беше ми рекоја да не го капам секој ден, имаше подобрување после одма ко го капев поретко, плус Биодерма почнав, немора да значи дека кај сите ќе биде ама затоа со второво поретко капење цело. За првото прашање не се замарам уште, рано е за да има некаков ред. За второто прашање, сега почна да реагира на 2 месеци на гласови, се смешка, почна рачиња да носи во уста (почнува орална фаза), предмети следи од кај месец и пол ама споро ќе му правиш. За гугање не гуга, само Г прај
За спиењето уште е мало ред да фати, мојјава преку ден спиеше, ама затоа ноќе журки правеше Исто за гугање е малечко, почнуваат после 2 месеци, а на тебе што реагира само, нормално е тоа ти си му сега цел свет. Премало е инстиктот му е појак од сите други моторни и психички функции, а ти си единствената што ја препознава, првенствено по мрисот. И млекцето. Уживајте мама❤