И мојов бебуш си сака во раце и тоа само во моите раце,те разбирам потполно мајка . А за коментари од сопруг, мајка,свекрва ,золва и тако даље не ми ни се почнува. Јас немам душа да го слушам како вришти малово и немам намера да го оставам да вришти . Од тоа плачење и стегање добивме папочна кила и сега ми е уште по тешко кога плаче.
Моето има 3ипол месеци. Почна кога го држам потпрен на мене со грб да прави обиди да се исправа,како стомачни да вежба Најбитно ми е за летната количка од кога ќе можам да ја користам зошто е лесна како пердуф. Раце ми паднаа од транспортерот и големата количка, веќе е 7кг се изморив по скаливе.
10ина дена пред да полни пет го ставив јас, со тоа што не беше така цело време, само повремено чисто да почне да се навикнува. Сега има 6 месеци и 10 дена, го возам или на 45 или на 60.
Мислам дека е мало за да седи на 45, сега нека повежба стомачни уште малку Едвај чекам да ја спакувам корпата уште малку, до кај 5 месеци ќе ја користам. Малку денес ја ставив во хранилка да поседи, седеше мирна додека нè гледаше како со бато готвиме во кујна. Првпат и' беше, интересно и' беше да си разгледува, па одма почна да се буни кога ја легнав. Инаку, те сфаќам за летната, едвај чекам да ја користам и јас, но ќе почека до пролет. Сакам да ги доискористам деловите од комплетов, убаво ми е седиштето за зима, тамам е за зимската вреќа, а летната е како малку потесна.
Зашто во Охрид дежурнава аптека може да даде лек само по повик од доктор? Дури и парацетамол а сум заборавила да земам
Паа сам седи 15 20 мин макс, па го земам во раце. Заспива само во раце или на цицка. Не знам како поинаку на 2 месеци...
Јас сум цицозаспивач и подобро така ми е за кичма отколку во раце на пример. Иако сега откако почна да се врти на меше, заспива и сама. Мојава сега сама не седи, сака да е со некого, но ја ставам на земја и ја оставам додека не се буни и после ја анимирам. Алал да ти е со држењето во раце, јас не би можела. Си пробала да го ставиш на земја и да го анимираш со тропка, да си присутна? Па и подлоги има со висечки играчки, ќе почне да го интересираат. Да не мора да држиш во раце многу. Плус така ќе вежба вртење бидејќи кај да е ќе се врти на меше, лазење, седење понатаму и сл., за коишто нема можност да ги совладува ако е во раце поголемиот дел од времето. Можеби ќе ти звучам како мајка ти и свекрва ти, ајде сега тежи толку, но што ќе правиш кога ќе тежи 10 kg?
Моето бебе 2ипол мес заспива само во количка, многу ретко во раци само ноќеска. Количка се вози низ цел стан кој како стигне баба, дедо сите возат навечер откако ќе завлече по 30-40 мин го префрлам во креветчето, а преку ден го оставам во количка.
Иаме подлога онаква baby gym со висечки играчки ама све тоа трае 10 15 мин. После тоа цифка. :/ искрено појма неам шо ќе правам кога ќе тежи повеќе оти ми е прво дете. Немам апсолутно никакво искуство ) Најчесто заспива на цицка, поретко во раце, ама си сака преку ден во раце. Плаче мнооогу гласно, драматично да не речам (општо кога сака нешто) и многу ми е мачно да го слушам како плаче. Не сака количка/цуцла. Ама па и 2 месеци има, не знам што можам да очекувам од 2 месечно бебче. Секако секој совет е добредојден!!! бебо е лесен спијач, сака во раце, а го спуштам во креветче, отвора очи и се буди (иако заспал на цицка/во раце) освен ако ептен не е изморен... така што стварно не знам шо ќе праам кога ќе тежи повеќе Тренинг за спиење, било каков совет?
За да го префрлиш во креветче, треба да е цврсто заспан, а за да спие цвесто, потребни се 15-20 мин. Следиш прозорци на будност? На таа возраст мислам дека 1,5 саат максимум им е будност.
Mamicki malku sum zagrizena...bebe utre 40 dena, ne imitira zvuci da ispusta nesto kako guganje i nema volna nasmevka. Se vrti po zvuci i place koga nedto i fali. I toa e. Ovie dva dena i pomalku jade..nekoj sovet?
Многу се 2 часа, мало е и дури накај 4 месеци може 2 часа да е будно, кога ќе намали од 4 на 3 дремки. Кога ќе помине 1 час откако се разбудил, почни со припреми за заспивање.
Уште не знае каде е, какво гугање Сега само спиење, јадење, бањање и пресоблекување. Со вториот скок почнува гугање.