Пробај во количката да го ставиш малку на косо. Мајка ми ми соши коса перница и го накосувам целиот да не е како седнат. Така може да разгледува наоколу и не му го ставај покривот врз глава.
Некој искуство со ова шишенце за вода и дали би пиело само 5 месечно бебе? Или некоја ваша препорака за шише за вода
Здраво мајки Бебчо има 3 месеци и од кога е роден секој ден му го чистиме носето, не му се затнува, но на дишење се слуша дека има секрет, кога го чистиме вадиме бели мрсулчиња со по малку зеленко. Прашано педијатар вели дека уште се чисти, но на мисла ми е.. Постојано му е такво носето и кога вдишува знае да се слушне рчење. При преглед е слушан и нема ништо...Некој совет како да му помине или искуство? Дали е нормално..Ви благодарам однапред.
И јас скоро секој ден вадам по еден голем мрсул мешан бело со зелено инаку е 2 и пол месеци. Нема други ознаки за настинка.
Дали би пиело никој не може да ти каже. Обично ретко кое бебе сака вода од старт и знае да ја пие. Јас нудам од шише со мек клун, шише со цуцла, лажичка. До сега едвај некоја капка дали голтнал откако се учиме. Процес е.
Ја имаме истата. Некаде 6 месеци беше кога ја зедов. Дека знае да пие од неа, знае. Макар што баш тој период повеќе играше со рачките и триеше непца, да од страв да не се повреди ја тргнав. Е сега проблемот со моево е што не пие вода т.е не обожава и се молиме од се можно да пропие. Не е до чашата.
Моментално сме во некоја фаза, по мое да ја наречам ЛЕПЕНКА. Детево сака само во раце, чим го спуштам, макар и до него да сум, почнуваат плачките. Не сака легнат на подлогата, ама седнат кај мене во скут може. Само така си играме изминативе неколку дена. Е сеа сакам да ја прашам @Оли, бидејќи не е стабилен во седењето, односно седи само со моја помош, дали е ова во ред? Кога јас сум во седечка позиција и го држам во мене, секогаш сам се исправа за седење, значи не е исфорсирано, ама е далеку од стабилно. Исто и за вртењето, не се врти и малце ме загрижува има 5,5 месеци.
Ќе извежба, ќе седи стабилно, веројатно му треба време. Рано е, до 8 месеци се очекува да седи стабилно, не се секирај. Воопшто нема знаци дека вежба вртење? Телото треба да го витка како кифле и главата наназад, или навнатре да се витка, да мрда едно ноџе како да сака да земе залет и сл. Кога е на грб на под, какви движења има?
За седењето повеќе ми е грижа да не е многу рано, ама сам се мести во седечка позиција, а не може да седи. Да не грешам што го седнувам и го држам со моја потпора? За вртењето, кога е расположен за да го легнам на подлога, си игра 90% од времето легнат на грб, ептен ретко го имам начекано во обид да се сврти, и тоа секогаш навнатре, ама никогаш не било успешно. А обратно, од стомак на меше може да се сврти 50% од времето, најчесто пошо е нервозен и не сака баш на стомак да седи. Периодов е таква лепенка што не можам ни да го легнам на подлога за да го облечам, веднаш почнува со плачење.
Најдобронамерен совет, прекинете ја оваа пракса додека е уште бебе. Колешка до 2 ипол години возеше количка низ дома за заспивање, усвет сакаше да фати. Почна и во ноќ да ја вози, само така спиеше..
Како да се прекине ова? Мене дење ми е проблем само, две спиења има ама го лулам во лулашка, во количка на мака ако сме надвор па ќе заспие, не ја сака количката, ама сам во креветче преку ден никако... навечер сам заспива не праи проблем, па и ноќе ако стане си презаспива сам... 8 месеци е ајде сега е уште мал, ама уште малку кај ќе го лулам веќе нема ни да го збира во лулашка, а и неќам веќе така да заспива... плус цело време го лулам додека спие инаку царот се буди Сам заспива преку ден ако е преморен, и си спие тогаш не мора ништо да му праиш, ама така скроз губиме ред а и за да се премори треба да го мачам, плаче, кенкав е ... Ако имате совети давајте
Само со тренинг ама упорно. Ќе го ставаш во креветче (секако кога сте дома) за дневните дремки со некое гушкалче што му е асоцијација за спиење. Ќе негодува, ќе плаче секако....дигни спушти метода дури не заспие и така со денови да смени навика. И следи прозори на будност, клучни се кога имаат транзиција од 3 на 2 дремки
Колку мл АД давате на 2+++ месеци или на тие што имаат веќе 7кг? Јас давав 150 гледам веќе не му стига бара пред да заспие пак
Samo na ad e ili i cica? Moeto e 2+ cica,ama navecer ne i stiga i davam dohrana ama samo 60ml misla deka e malku.
Да не враќа млекце низ нос? Мојот од тоа се затнува и хрчи. Повраќа низ нос, ама и не мора скроз да поврати, осеќам кога ќе врати и се затнува. Не чисти го со пумпица секој ден, само прскај спреј со солена вода. Ако користиш пумпица од вакуумот отекува внатре и повеќе ќе се затне. Тоа само кога има ептен мрсули па мора да влечеш.
Не, не враќа низ нос. Ти благодарам за советот, не сум знаела за ова со пумпицата...Ќе го применам, па од сега само кога ќе видам дека има мрсучиња ќе влечам. ❤️