За рота е касно, прва доза е на 6 недели како што си пишала. Не знам зошто не ви ја дале тогаш, стандардна пракса е насекаде. Јас не сум во Мк, а од вакцините со боцкање прва доза прими на 3 месеци, таа беше шестовалентна. Тука за туберколоза не даваат.
И кај нас ја даваат рота. Моето ја прими рота и две со боцкања на 2 месеци и 10 дена, втора доза на 4 месеци.
И јас читав дека е касно сега веќе. Искрено не знам што да мислам веќе. На 5 недели бевме на контрола, тогаш мерење на колковите и општо преглед. И ни кажаа следно за 10 недели и тогаш вакцина. Ние реално како исфрлени од поплава бевме и не ни ни текна за рота. Пошто така ни остана у глава дека на следен преглед. И кога гледам сабајле, на 15 недели веќе втората доза треба да е примена, а не првата. Или не имаат заборавено или имаат нови препораки. Или имаме антиваксери за доктори. Не знам што да мислам. Да се крстам само дека нема да фати и да мине тешко. Пошто ако сега е ок и напредува ок, бе значи дека за година дена, кога би требало да тргне во градинка, пак ќе е ок. Што ако и падне имунитет. Не сакам ни да мислам значи. Ќе побарам и второ мислење овие денови што да правам. Мислам што можам да направам е работата сега .
Не се секирај, ние сплет на околности и рота примивме само една доза, првата. Ама прашај си зошто не ви ја понудиле, или побарај го националниот план за вакцинација и види што пишува таму.
Епа тоа. Пишува дека е препорачливо да се прими. Не знам дали ние требаше да си бараме термин за рота посебно. Ама некако не ми е логично, пошто они ги прават термините. Ај инаку да шо пие кафана. Беба два дена по ред спие од 8:30пм до 5:30ам. Прашав дал да будам, пошто будев изминатите ноќи накај 3 ама не ни пиеше нешто и се успиваше и решив да оставам. Ми рекоа да не будам. На три месеци има и повеќе од дупло родилна и расте во должина, да ја оставам да си спие. Ако е на мене метната има да сум наспиена мајка. Ќе си спиеме двете . Туку после шестовалентната дадовте парацетамол за болка или само ако качи температура?
На никакво растојание, заедно ги давам. Откако наполни 3 месеци прима една капсула Бејбитол Д3 со Омега и три капки Пливит Д3. Ги давам сабајле нив и плус пробиотикот. Поточно 4 му давам зошто и од Бејбитол и од Пливит останува на лажица, прсти итн.
Јас прв пат на полни 9 месеци, ставив во млечна каша малку, буквално 2 лажици бидејќи се спремаме за градинка, да има пробано. За пиење не сум дала и во градинка не даваат. Ад планирам бар до 1,5 година. Инаку знам и случај што од 5 месеци даваат за пиење ама секој со своето убедување и избор.
Моево изгледа ќе ја љуфни ротата, причина болест, примаше антибиотик, петокот го заврши, а ден пред предтоа големиот сипаници извади, сега ќе чекаме 2 недели да видиме дали ќе има малово сипаници, ротата можело најкасно до 8ми ноември да ја прими, а ако фати сипаници дотогаш нема да ја прими.... Другите не е проблем ќе се одложат и тие. Големиот не прими рота бидејќи ко ја воведоа тој имаше 7,8 месеци. Во втор скок е бебе, помалку спие преку ден, немирно спие, нервозно и има грчеви последниве 2, 3 дена....
Синко има 2 месеци и 1 недела, а тежи 6,5 кила, роден 3,5 кила. Некоја мајка со бебче ваква килажа да ми каже што килажа отприлика да очекувам на 6 месеци? првороденче, на ексклузивно доење
Ќе забави растот. И мојот беше така, после околу 3тиот месец веќе забави. Сеа на скоро 6 месеци е 7600, не ја дуплира родилната пошо се роди со 4100 ама супер е. Него, дали џвакање на празно е знак на заби? Цело време детево џвака на празно, и кога го држам ме “бакнува” по лицето, повеќе ми личи дека се чеша. Вака нема нешто знаци на самата вилица, а и освен овие две работи, не е нешто премногу заинтересиран да става предмети во уста.
Еве првото синче, 5 год декември ќе прави и има 24.5кг супер е, крупен е цело време ама нема ич меше, не личи воопшто дебел. Сега малово на 2 месеци и 10 дена дома мерено е 7кг со шпикозни без пелена. Двете ми се на екслузивно доење и првото и ова, само доење без чај @Ceneva кај нас рота ја воведоа 2019та, ко што пишав погоре првото не ја прими бидејќи беше голем 7, 8 месеци.
Девојки колку пати во денот треба да кака бебе старо 7 недели ? Имаше еден период кога какаше по 4 пати во денот со голема мака . Сега ми кака буквално после секој подој. Носен на педијатар поради плачење на секое какање , ни го променија пробиотикот и два дена сме вака. Дали е нормално?
Моето е скоро 3мес но од старт така ни се случува. Некој ден кака буквално со секое јадење дури нема да се дојаде ќе почне да кака. Некој ден кака само еднаш пообилно. Но не плаче кога кака, не користам пробиотик никаков.
Моето какаше нон стоп, 10 пати сиг, на секое менував пелена, сега малку поретко, 2 м и 10 дена, ама пак се 6 пати минимум, жолто сенф течно. Биогаја само му давам од 2 недели.
Епа исто сме и ние. Јас давав Babytol Neonate,меѓутоа на секое какање имавме мака и плачевме неконтролирано. Сега по препорака на педијатар давам Waya пробиотик и детево не се чувствува дека кака.