Мојата и кога ждригне пак блуцка или ика Како што ги слушам по Јутуб велат ако не ждригне првите 3 минути џабе го држите подолго.
Искрено за преку ден ако е. Кога почнува да ика, нудам да цицне и и поминува. Да блуцка сега поретко е. Мислам може пак да се случи. Ама кога беше месец -два, па тоа сред ноќ. Не блуцкање туку повраќање сглам. Па и низ нос некогаш. Мислам по цела ноќ исправено ми спиеше врз мене. Додека ја спуштам, пак дошло ред за јадење. Четврти скок дојде друштво. Спие само ако лежам до неа и со фацата пикната кај мене на гради. Сабајле само првата дремка се успива и спие во креветче. После е плачки ако не е до мене. А станам станува и она. И така. Мислам дека и дневни дремки намалува веќе. Барем вчера и денес така е. По три. А знаеше и по пет пократки или четири кај што едена подолга беше, да спие. Татко и не може да ја успие, а цело време он ја заспиваше навечер. Треба да стојам до неа по цел ден. Инаку се лути и плаче. Дома ништо не можам да фатам. Само се молам да продолжи да ми спие ноќе. Преку ден се јаде што и да е. И заби во најава изгледа. А мало е. 3 ипол месеци. Ама рачиња нон стоп во уста и чешка жлабинки. Лиги нон стоп. И докторка рече завчера дека ќе дојдат наскоро. Јас поима немам како треба да изгледа. Воспалено не е. Глодалка не знае како да користи. Почнува да ја цица кога и давам.
Мила од три месеци чеша жлабинки и лигави. Се што стига гриза за да ги чеша непцата. И ете уште нема забчиња на повидок. Може процесот месеци да трае. Јас колку што знам треба да биде местото црвено и како потечено кога избиваат, ама можеби грешам, вистина не знам. Инаку во 4 ти скок и моево црвче почна со кратки дневни дремки. Ретко повеќе од 50 мин да спие по дремка. Еве денес 4 дремки а ни 3 саати вкупно денско спиење нема . Ама фала богу барем навечер ми спие, се надевам така ќе продолжи и нема да ми мени.
Кај мене успева после цицање ова: https://www.instagram.com/reel/Cx0w2AyN6we/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Пробај
зелени каки со шлајм при настинка кај мало бебе, дали значи дека е прикрај болеста како кај мрсули или нешто друго? има само мрсули му го вадиме со физиолошки и пумпица, ставам кромид блиску, малку ко да му е фатен гласот на плачење се приметува ова е 3-4 дена, се мислам кога ќе му помине?
Мојов кога ќе се изнервира цела зграда знае или се фрла со нозете или ако сме во близина не штипе и греби.
И во скокот ти спиеше исто навечер или да не се надевам? Ние сме нели на комбинирано, е арно ама последната недела не сака да цица, па молзам и и го давам, го пие. Нудам града, не влече. Плаче, вреска. Јас и тие пола саат кога она дремнува веќе ги немам. Или мора да ја гушкам да спие или мијам пумпа и шишиња. Ни машина алишта не стасувам да пуштам. Уште летни алишта ни се по плакар, а надвор 13 степени е кај нас. И јас мислев дека ќе потрае со забите. Не сум спремна и за нив. А она па ич не е. Поима нема што и се дешава. Ама некна ми рече докторката демек еве како потчено е. Јас после гледав ама не можам да препознаам.
Кога почнаа да ви се вртат од стомак на грб? Мојава абер нема да се префрли. На стомак обожава ама да се врати назад не знае и вришти Од пред некој ден почна да спие на стомак. И кога почнаа да си ги ставаат ви уста ноџињата? 5+++ сме
@Ceneva кога почнав со првото со вкусови 2 дена воопшто не искака, потоа какаше редовно секој ден и од 5,6 пати денот какаше 2, 3 пати и малку почна поцврсто да е... Па ќе почни и да мириса и така.. Моево исто не ждрига секогаш, па ќе поврати, среќа намали повраќањето на еднаш, два пати денот или некогаш ич не повраќа. Намали и икањето фала богу Втор скок, не спие мирно, од ко се разболи в количка почнавме да го возиме и сега само в количка спие и тоа со нишање за да презаспија. Грчеви на 2 месеци доби обично на сабајле се, плачи се витка, мава, клоца... нека завршат до 3 Почна повеќе да се смее и да гуга, лустерот и бувчето од дормео најмногу ги сака
Од каде и какво купуваш од репка? Може ли масло од авокадо да се користи, има ли некоја листа кои масла се дозволени или?
Спие навечер од секогаш, ама од скокот наваму е невозможен за успивање посебно навечер, ете го уште ржи. Му се спие на очи не гледа што се вели, ама така отпор дава тоа е страшно. Е после си спие убаво и затоа и покасно стануваме во последно, кај 9 сабајле. Никако неможам да си го вратам стариот ред колку и да пробувам. А сега сме во 5 ти скок како ќе биде ќе видиме. Од денес ни почнува
Не се базирај толку на скоковите, сите деца не ги осеќаат исто. Моето во петти што го рачунаат за еден од потешките беше бубачка. Со вечерно спиење/успивање сме немале никогаш мака, ама и денски многу убаво си спиеше цел скок.
Па јас ова со спиењево не го рачунам од скокот,туку регресија на сон. Денски спие кратко а повеќе пати, а навечер одбива да спие. Ама кога заспие заспие, ништо не форсирам. Инаку вака не осетив некоја мака во 4 скок, трет ми беше хорор за разлика од 4 ти. А сега 5 ти што ќе ни донеси ќе видиме. Што и да е ќе се издржи. Слатки маки
Регресија имаше и моето околу 4-5ти месец, ама само на дневните дремки му се одрази, му се скратија ептен, ама за брзо се врати во нормала и сега му се таман. Како и да е, они си диктираат темпо што ние треба да го следиме. Нека се живи и здрави, сѐ се издржува.
Така е се се издржува. Најстрашно ми е неговото будење во последно, како во полу сон. Ниту е буден, ниту спие. И плачи до зајдување, си ги чеша очите и носот и мижи. Тоа се случува ноќе некаде саат саат и пол по заспивање. Не се случува секоја вечер баш ама е често во последните две недели. Првите вечери кога почна да се дешава тоа едвај го смирував. А на што се должи тоа и дали е поврзано со нешто што му се дешава преку ден не можам се уште да откријам.