Прави некогаш и моето така, минатата недела почна. Не се случува често и не плаче силно, ама греотка се. Јас мислам дека е од забите.
Аааа можно е, се понервозен е од тоа. Така глода нервозно мислам устата ќе си ја расцепи со глодалките. Навечер најмногу го чеша. А кој знај кога ќе излезат, ексик.
Користев само на Хип, ми го носеа од Бугарија, де од Германија, де Швајцарија Не ми текнува баш кога почнав со други, давав и од тиква, ленено но понатаму. Сум читала дека за бебе најдобро по состав е репкино, нели и кашичките ги прават со такво. Секако, и маслиново се користи. За други масла понатаму, со ротација да не е само на пример ленено секој ден. Растителни масла освен овие две, препорачуваат после 1 година.
Уф, камо порано да прашав, вчера бевме до Бугарија. Кај нас го нема ова од репка така? Колку ставаш количински во кашата и дали понатака во секој оброк се става или само во одредени?
Го нема кај нас. На времето и на Хип им пишав, ми кажаа дека го нема кај нас. Не ми е јасно зошто, но ете. Малку се става на почеток, некоја капка во зеленчукови каши, за ручек. Погоре едитирав, пишав и дека другите масла ги препорачуваат после 1 година.
Бебуш престана да бара јадење на 2ипол, 3 часа. Го молам нејќе плука шише. Сега јаде на 4ч по 180мл. Инаку на 6ти прави 3 месеци ама веќе е над 7кг. Одеднаш почна така а и инаку е во трет скок па не знам дали е до тоа и дали е во ред
Влажни - Виолета 99% вода (има по 3 пакетчиња (со 56 марамчиња)за околу 180ден. во Зегин) Памперс - Pampers Harmony (нема акција на овој памперс , барем до сега немам начекано никаде )
Влажни на Виолета 99% вода. Памперс актив користам јас и сум задоволна,на почеток користев памперс премиум.
Морам да се испукам некаде… Громчето од 5ти скок не дрма на најјако, што беше тоа сон не паметам. Нема веќе ден и ноќ, се спие во интервали од 30-40 мин цело време, па прозорец на будност од час, час и половина, без разлика дали е 2 поручек или сабајлина. Па ќе се покака, не многу количински ама доволно за да ти е шубе да ја оставиш така пелената. Вчера отворив ново паковање од 60 пелени, денес има уште 30….Успивање по еден час, станување за 30-40 мин покасно. Дете остана без глас од вриштење, со мм од што сме неспиени и нервозни само се караме, само си префрламе. Плус има грда навика пред заспивање да ме фаќа за лице, не можам луѓе, толку ме престимулира тоа, сите мајчински инстинкти ме напуштаат во тие моменти. Имам расечена усна, по лицето сум цела со гребнатинки, два пати ми ги брцна прстите толку длабоко во носот што ми потече крв, едноставно ме нервира и ми доаѓа од кожа да си излезам. Нека поминува ова побрзо.
Издржи мајка и мантрај 'Се поминува'. Тука испукај се ќе ти олесни. Мене сите ме тешеа и ми солеа памет, следи прозори на будност, ќе спие ко ќе почне со храна, ќе спие после скокот, ќе спие после заби. Ахам, важи. Такво е детето и крај. 7 месеци е и уште сега покажува заби, кенка кога не и даваш нешто. Пример ја пресоблакам, ја зима кремата и право во уста ја става, ќе и ја земам и плаче ко крај на светот да е. Ме тепа, ме гребе и мене и татко и и самата себе. Типувам дека горни кецови ќе вади. Ако секое вадење заби ни е вакво, ќе збудалеме. 7 месеци не сум спиена. Ама тоа е, такво си е детето. Ќе помине и ова
Вака слично беше и во 4ти скок, знам дека нема излез, таа е ситуацијата и мора да се издржи. Ама некогаш ми паѓа тешко, немам нерви. Од 0-100 знае да ескалира во секунда. Цела зграда нѐ слуша, кај и да е мислам дека некој ќе се пожали.
А со заби заврши на 2 и пол години, до тогаш 5ките излегуваа, тек на 2 и пол цела ноќ ја преспа, ехе напред ни се маките... А секоја вечер си велев ај можи вечерва ќе спие не се сите деца исти, ама еве и второво почнува да оди по стапките на брат му, како што и очекував и овај пат сум психички поспремна за неспиење, ама не бев спрема да ми се разболи на 2 месеци, оздраве ама тие нерви и стресови што ги поминав ми го скратија животов. Да не се лажиме, стана мајка нема лесно, се нешто има, болести понатаму, вируси со приливи повраќања...
Majki,sto da dadam ,noseto i go osekam kako zatneto a i ima proliv deneska cel den ,sigurno e nastinka a tolku ja pazam 2ipol meseci sme
Ако нема температура над 38 ништо не. смееш. Избањањ со жешка вода утопли ја, облечи ја убаво и тоа е
Исти сме + вирус и симна на плуќа. Јас со вирус и мм со вирус. Стиска, влече, кубе.. Има навика да ме фати и да ме иштипе за грло да неможам да ја тргнам. Не знам од каде оваа сила, затоа пред некој ден пишав дали е ок, дали е нормално. Не сака да цица, и се спие неможе да заспие, јас нема шанси да ја заспијам, мене не ме сака, периодов само мм. Немам зборови, само бројам денови до крајот на скоков. Досега немавме проблем со скокови, ова не знам што е. Поддршка, ќе помине