Ако е затнато на моето му помогна расечен кромид до главчето кога спиеше. Пробиотик и тоа е, ако цица повеќе ставање на града така му се одзатнуваше на моето. Иначе само спрејче во носе и ако има мрсули да се чистат со аспиратор. Плус со тт беше 2 дена и не паѓаше од чепчињата...на 2 месеци точно.
Има чаеви на Хип и Бекутан, тие содржат анасон. Мислам дека само тие се безбедни да се даваат на таа возраст.
Мамички бебето ми е 25 дена, на доење сме, 5 дена ми нема какано.. дали треба нешто да превземам или да го оставам само да си се искака дека е на доење?
Мајки мене бебе ми се разболува изгледа, бевме на слава викендов дечиња полно тој на сите им се смее во сите опулен. Ама еве го денес носе му се растече, очињата црвени, само што цица ке поврати и тоа во млаз. Досега повраќал ама помалку ова утоп 3 бодиња си направи, нема температура. Да го носам на лека не знам што да правам на 11 3месеци ке прави..
Следи како ќе биде, ама ако цица супер е, ако не цица тогаш носи го денес, иначе што и да е не прават крвна слика пред да поминат 24 часа од први симптоми. Ако ти е мисла носи го сепак да ти олесни тебе. Нема потреба од чај полни се сите со шеќери. Јас не давам ништо никаков чај, само доење.
Исто и моето, после 2 месеци почна со грчеви, само пробиотик давам ништо др, ќе поминат до 3 месеци...
Има има и тоа како. Со првото така ми беше , таман се поднамирија грчевите почнавме со пробување на вкусови и мислам дека откако воведов веќе цел оброк дека веќе му беше привикнато мешето и престанаа, немавме проблем. Се надевам со второто нема да ни траат толку долго , макар што еве стигнавме до пет месеци а уште се присутни.
Се јавив кај педијатарот да го следам денес ми рече, ако крене темп веднаш да го барам и да го носиме на лекар. Ми спиеше од 11 до 2, темп 37.1 најмногу му измерив. Одкако стана мочкан какан со ред се. Му извадив мурсули бело зеленки, па помалку му тече сега носето. 2 пати цицаше одкако стана не ми поврати. Зедов ОРС екектролити јас се напив, демек преку цицање он нешто да земе. Ми е страв само да не не го фатам на време ако ми настине па полошо да направиме ох бре..
Не се плаши, само цицање почесто, мене сите доктори тоа ѓи велеа, доколку одбива да цица тогаш на доктор да не дехидрира. Таа тт можеби од што бил затоплен од спиење му е, не е страшно. А дур течат мрсулчиња е поубаво, на перниче стави го за да му течат да не му се враќаат во грло. И не се плаши бебињата се многу посилни од што мислиме, и тт ако крени 38 чепче во газето, секако и доктор прашај си и да си имате дома земи си, секогаш да имате дома чепчиња, парацетамол.
Да знаеш дека 37.1 не е тт. Педијатар ми има кажано кај мали бебиња дека до 37.3/4 се води како нормална. Баш бебе на 2,5м имаше воспаление на ушиња и имаше 37.2 и таков одговор добив Не се секирај, повеќе цицање и вади мрсулчиња, нема баш што друго да направиш