Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Мамасити по колку ви спијат денски вкупно... Моето нешто едвај 3 саата собира од дневните дремки. Денес посебно зафркава, и затоа е боже недај, како да има на глаа ќе ми седи. Го држам во раце се тегни и турка со нозете на горе баш ко да сака на глаа да ми се качи :rofl:. И денес само во раце и да го шеташ сака. А богами како што е тежок, на мајка кичмата тоа велеше и го ставив во колица и излегов, на враќање цел пат 'ржеше (facepalm). Ај ќе издржиме :sweat::whew:(fingers)
     
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    19.534
    Пол:
    Женски

    Да да знам дека не е темп ама сепак ме испаничи и сабајле со повраќањето, а весел си е иначе, му го чистам носето а видам мрсулчиња ако има одма. Полни пелени како и секој ден. Цица не одбива се надевам дека добро ке биде се.
     
    На NNK19 и lackygirl им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.379
    Пол:
    Женски
    До 14.
     
    На Carolin. и 0ли им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.379
    Пол:
    Женски
    Еве го нашиот просек од последните 2 недели. 6 месеци и 19 дена има.
     

    Прикачени фајлови:

    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Моето е далеку од три саати дневно, дремките му се по пола саат - 40 минути и има 4 дремки дневно. Ама навечер си спие по 10-11h и вкупно просек му се движи околу 13-13,5h. И многу се оптоварував едно време со тоа да му се подолги дремките ама сфатив дека такво си е детето. Сега ја избришав huckleberry пошто само притисок ми ствараше. Плус нели рече петти скок почнувате :) Нека скока детето :D.
     
    На Ceneva, Lavender13 и јolene им се допаѓа ова.
  6. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    И јас ја избришав Хаклбери. Тоа sweet spot ми ствараше таков притисок, дека детето мора сега да заспие по секоја цена, тоа е страшно нешто. И јас ко будала две недели се водев по неа и тоа беше хорор. Успивав дете на кое не му се спиеше. И тоа траеше и траеше…ќе го успивав по еден час и за 30 мин ќе станеше. Ќе полудев.

    Ја избришав и оставив бебето да ме води. Кога ги трие очињата, или веќе забавува со внимание, го земам и заспива за 5 мин. И горе доле прозорците на будност се тие, варираат од 2-3 часа, во зависност од кој период од денот се работи. Најдолго е буден пред вечерното легнување, околу 3 часа. Дремките се 40 мин и тоа до минута точно :D

    5ти скок само заебава, уште неколку дена да се издржи, се надевам после тоа ќе се подобри.
     
    На lipstickmadness и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.538
    Пол:
    Женски
    Откако е во четврти скок, од пет дремки смали на три, а последната дури цели 20 мин и траеше. Сега борби од 7 до сега да заспие. Направи уште една дремка од пола саат и се бори сама со себе да не заспие. Па тоа пиштење и викање некое ново има, и не знаеш дали плаче или се смее. Се кара со нас и како маче бесно рика. Не е за смеење пошто на неа сигурно и е потешко, ама ние на цела мака си се смееме.
    Кога ќе ми текне само колку се потресувавме на почетокот кога плачеше и пред заспивање, а какви сме сега, која разлика. Тогаш де да не ја боли нешто, де да не знаеме како ја држиме. Сега само си ја предаваме еден на друг :D.
    Само да ми спие преку ноќ, преку ден се се јаде.

    Јас сакам конечно да се пробам низ град со количката. До сега цело време само тука во радиус околу нас кружам, за ако почне да пишти, да се вратам дома. Сама некако ми е страв да излезам низ град.
    Со бебиња од кога почнавте сами низ град да шетате? Знам дека зависи се од бебето, ама онака за ориентација?
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    10.546
    Пол:
    Женски
    Уште немаше три месеца кога ја однесов надвор од маало, у град де :)
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    7.515
    Пол:
    Женски
    Моето е зимско бебе и само што затопли скроз да речеме отприлика некои 3 месеци може имаше почнав да си шетам со часови. Во помал град во Мкд ова.

    Прво во блиската населба и парк, доволно пари во мене за ако вреска да фаќам такси и да дојдам дома. Плус ранец огромен со од игла до локомотива внатре, да не нешто ми затреба.
    Секое следно излегување, намалував од ранецот, а одев на истата или слична релација. Па може месец ми требаше за да се навикнам километри и километри да поминувам без многу паники.

    Сега гледам да имам еден оброк во мене било каша, било Ад, доволно пари и толку. Додуша веќе е 9++ месеци моево ама за шетање и возење сака од секогаш. Освен мислам беше 4 скок, не сакаше неколку излегувања ни 5 минути во количка.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Од една страна добро е што имаме многу достапни информации но од друга страна си наметнуваме некој притисок и забораваме дека треба всушност да си го следиме бебето. Затоа некој баланс најубаво.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.538
    Пол:
    Женски
    :D Може и јас чудно се изразив со ова у град. У град сме де, селото го тестираа бабите, ама некако не им траеше многу ]:). Мислев низ центар, малку шопинг евентуално или кафе. Ама се разбравме.
    @Miss_S абе небитно мало или големо место. Временски е битно нели колку ќе издржи. То они не оти знаат баш дали се на Менхетен или на маалска уличка. Важно надвор се. Ама ме разбравте, мислев нели на малку подлалечна дистанца, на неколку км од дома.
    Значи оптимистички од мене во четврти скок да се пробам. Ама еве прво ќе пробам до пошта да идеме :D, па ако е уште у расположение, ќе идам и до дм. Е толку ако даде супер ќе е. Или ќе се смируваме саат ипол негде дур/ако и се приспие.
    А во што сакаат / саакаа вашите повеќе да се возат? Во транспортер или во корпа?
    Искрено едвај чекам да почне да седи, мислам во седечка позиција ќе сака повеќе.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    903
    Пробај нежна масажа на мешето, вежбички со ножињата, седење во транспортер или релаксатор, би требало да стимулира малце
     
    На AlchinovaR1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    7.515
    Пол:
    Женски
    Напоменав помало место, да не испадни дека по 20+км сме поминувале :D .

    Ама околу 5-6 сме поминувале и тоа без проблем. Јас бирав транспортер, баш ради тоа ако мора да викнам такси, ако мора да ја ставам во кола или било каде. Тоа на почетокот. После и со спортско седиште и со летна количка, секако сме шетале. Само со кенгур не многу долго, не ради што не сакаше, си сакаше бебе и така. Ама јас за брзо добивав болки во грбот.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Живеам во повеќе милионски град, со бебе надвор и насекаде бев од 2 недели. Не дозволувај стравот да те ограничи, ако плаче ќе се вратиш дома, голема е веројатноста дека нема.
     
    На Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    26.148
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мамаситииии.

    Само да ве поздравам на кратко :rofl:
    Беба е добра бебе вака не е плачливо аааали дремките и станаа ужас не виден, мислам дека 5ти скок сме, ет до толку ми е мака да уклучам аплилација:?:

    Само кога ќе ме види или падви од смеење или кенка да ја земам, ако не ме види по саат знае да се занимава сама :$ спиењето на вечер исто стана многу лошо, се водам по тоа пти денското е ужас, па преморена+скок и девојчето не може да се изнаспие.
    Све е супер алиии, јас не сакам да губам надеж ама никогаш ама НИКОГАШ повеќе нема да речам: Полошо од Нина не можи! Нина бар отвараше уста, ова стиснало вилицата и прета со главата лево десно за да не проба ништо. За 2 недели 6 месеци, па пак правам пауза дп тогаш. Јас искрено се надевам дека ќе се смени, оти :@

    @Jolene со првото на 5 месеци почнав да шетам отии баш не фатија карантините тогаш за време на корона и како помало не сакаше никако да се вози, после 5ти месец почна да заспива во количка и тоа ни стана рутина. А бебе Nr.2 подобро ја прифати количката, иако знам да возам со 1 рака и количка и тодлер и бебе во рака и да се препотувам по 100 пати амаа живеам и јас во милионски град и секојдневие ми е со двете да акам по трамваји и метроа сама.
     
    На Panovic, јolene и Carolin. им се допаѓа ова.
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.205
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Јас после 40 дена излегов со количка сама, без ич страв, живеам во мало градче близу Битола, 2км ако поминав :D потоа сама со бебе во количка и голем батко на точак/трицикл 8) имав моменти кај што големиот не сакаше да го вози па туркав и трицикл и количка :D ама излегував секој ден така, храбро и самоуверено, ама 2ро дете, со првото излегов прв пат по 3 месеци во март негде бидејки тешка ладна зима беше и се вратив одма бидејки премногу плачеше бебе :worried: потоа само пред куќа возев од страв :D
    Со првото цела торба носев со мене, а сега само шише со вода за големиот :wasntme:
     
    На јolene и Viveki им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.538
    Пол:
    Женски
    Фала женски,
    Сакав и јас од раѓање веднаш да почнам. И почнавме додуша и со кола и со количка. И супер беше, а како и да бе со бебе една недела што спие нон стоп. И после почна топло ептен. Во кола беше незамисливо, количка исто не можевме нон стоп, надвор вриеше. Па бебе доби грчеви и болки од непогодена формула и хороори беше возењето.
    Сега е подобро, ама од пиштењето уште трауми имам и страв ми е сама да тргнам. А сакам, градот е убав. Јас од ко сум породена не сум излезена на прошетка сама, подалеку од 500 метри.
    Мислам живеам до парк и таман е за неа пршетка на свеж воздух, ама јас се гушам така веќе. Се тоа па тоа. Како во некој лууп се осеќам. Дури како отсутна некој пат се фаќам дека сум, автопилот. А не сакам така. Да бебе е има потреби, и сите потреби и се задоволени, ама и јас едно кафе сакам негде да седнам. Еве 5 мин, не мора повеќе.
    Инаку спомнав, ја трениравме за возење у кола будна. И успеавме до мк. Значи 1800 км. Е сега спиеше повеќето од патот, оти возевме ноќе и со две преспивања, ама сепак и будна периоди имаше. Имаме две макси кози кои се монтираат на изофикс, едното е корпа за спиење jade и друго транспортер. Во корпата сака повеќе иако лежи. И така полна кола реквизити само за неа,.ама супер издржа.
    Транспортерот не и е баш омилен, ама знае дека мора да се вози и до кај пола саат седи. И после драми почнуваат. И играчки и се џабе е. И на крај обавезно почнува да ика и морам да ја земам. Возење јас сама со неа во кола до 10 км се нафаќам.
    Во метрото сме ја возеле неколку пати, не е проблем. Ама сама ми прпа. Еднаш само бев, за две станици и ок беше. А баш ќе пробам денес да видам шо ќе биде. Јас мислев да не е прерано, да не ја престимулирам демек, па се пополека. Ама доста е. Морам и јас еве пакет да пратам, до аптека, до маркет.. не можам вечно да чекам маж да заврши па да тргнеме..зимо иде, ден се крати во 5-6 попладне е веќе темно и ладно.
     
    На Carolin., Viveki и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. lalinda

    lalinda Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    166
    Што мислите за овој модел на кенгур, добар ли е за 3 месечно дете?
     

    Прикачени фајлови:

  19. Girl1888

    Girl1888 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    28
    Да. Провен пробиотик ги даваме од почеток.
     
  20. Dragana Gj.

    Dragana Gj. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Moeto 7 200, isto 9 nedela sme, a sm kolku ste ?