Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.204
    Допаѓања:
    24.618
    Пол:
    Женски
    Мало е уште а и сите се различни, моето после 2 месеци почна на звуци појаки да реагира и да се плаши, сега почна да гуга последнава недела, почна да се смее кога му зборуваме, му гуга на лустерот, на саатот, на бувчето, на друга играчка, исто на маживе повеќе му се смее (на татко му, на дедовците) тек сега на 2 и пол месеци.
    Вака со главчето мрда некогаш лево десно неколку пати и прекинува.
     
    На mcokolada и AlchinovaR1979 им се допаѓа ова.
  2. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    232
    Пол:
    Женски
    Што козметика е потребно за новороденче? Колку памперси (1), какви цуцли и шишиња?
     
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.537
    Пол:
    Женски
    Јас само да се пофалам оти вчера пробав сама со количка. Два саати издржа. Повеќето преспа. Не се побуни ни еднаш. Се расплача тек кога дојдовме до влезната врата. Бев до дм, аптека, пошта, до пилјара.. прогласувам за успех. Следно ќе се пробам да отидам и на шопинг. Ако биде ок, ако не надвор.

    За спиењето забележувам дека се потешко и потешко е да се успие сама. Т.е невозможно..мора да и помогнам, дали јас да легнам до неа или да ставам рака на главче и да држам. И тоа од сабајле заспива полесно, па како поминува денот до вечер се потешко е. Најтешко е навечер после бањање. А заспиваше навечер само со гушкање во раце и оставње. Ама таман си е, сигурно веќе еден куп дразби има да преработи и и треба помош повеќе. Спие само додека сум јас до неа. После се буди. Страв ми е дека од скоков ќе и премине во навика. А морам да седам до неа инаку пак ќе биде преморена.
    Уште спие навечер со само едно будење. Да го уживам додека трае. Оти сигурно нема да биде за секогаш.
    Раце нон стоп во уста. Лиги еден куп. Ужива да ја чешкам со глодалка, ама само не знае да ја држи.
    Софка нарачана денес. Белки со неа полесно ќе е. Не плаче од болка. Генерално весела е. Нормално навечер станува покенкава.
    Вие со искуство. Јас накупив 100 креми за жлабинки, оса, осанит, дентинокс и уште една најдов во дм. Пишуваше препорака од бабици, демек био бла бла. Ненормално колку се лажам значи на тоа препорака и био (facepalm). Ем знам ем пак се на тоа се залетувам и после сама на себе си се смеам. Небитно.

    Прашањето: кога се мачка жлбинка? Што кај вас најуспешно се покажа? Јас сега уште не давам, пошто веројатно ќе потрае? Не е црвено и не е воспалено.

    @Lavender13 ти си ја. Ја сум ти. Истите ставови и мислења и се ми поби на крајот. Мислам дека како што рекоа членките од погоре. Сите ги имаме истите чувства. Не е можно само ние тука на фемина да минеме низ ова, а сите други прелесно да одгледале деца. Или оние што не говорат може се воделе со девизата дете ќе плаче и ги оставале да плачат. Не знам.
    Храброст треба и да се признае дека не е лесно. Не сме совршени и веројатно сме згрешиле. Важно е дека правиме и даваме максимум од нас за нашите деца.
     
    На Viveki, Asja, KuklickaSk и 6 други им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.537
    Пол:
    Женски
    Не можеш да знаеш колку пампеси во одредена големина ќе ти требаат, оти секое бебуле не тежи и не е долго исто, а и со различна брзина растат.
    Моето после две пакувања од малите 1, помина на двојка. Еден хип1 и еден бејбилов1 потроши.
    Цуцла зедов курапрокс, по препорака од забар, ама до два месеци и повеќе не ја фати. Сега ја користи сам за да се успие и после плука. Инаку не ја цуцла кога е будна и баш ми е мило.
    Мислам и нук имаа таква препорачана од ортоденти.
    Шише барем едно дома имај. Филипс натурал респонд анти колик имав и после докупив од нив. Големината на шишенцето со цуцлата беше 0+, мислам со две капки на него. Таа е најмалата големина од нив. На цуцлата стои двојка изгравирано. Порано биле 0 сега имаат сменето и стои 2 на цуцлето.
    Козметика не ти треба премногу. Сама одлучи од кои. Јас имав земено купка и шампон две во едно од веледа, масло од веледа и за пеленска регија исто.
    После кога видив дека ок реагира, докупув и крема за лице и млеко за тело. Т.е цела ја зедов колекција. Ама најмногу користам пеленска, шампончето и маслото. Другото по потреба.
     
    На lackygirl, Carolin. и defocus им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.290
    Допаѓања:
    28.041
    Во систина прават проверка на слух по раѓање, Анета ја прави. Прекрасна е, одете кај неа иако и јас мислам дека е мало и немаш причина за грижа
     
    На MeryS и mcokolada им се допаѓа ова.
  6. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Значи стварно периодов една како да пишува за сите.Мојата ќе полни 4 на 19ти,ама кога те читав како јас да сум пишала.
     
    На Avgustina2020 и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.537
    Пол:
    Женски
    Еј само 6 дена ни се разлика. Мојата на 13 :inlove:
     
    На Asja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Eпа скокот е во прашање изгледа... Ми се чини дека веќе и ние ќе имаме скокови покрај нив,овој четвртиов е доста напорен бе:lol:
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.462
    Пол:
    Женски
    Се повикувам сама :D Да бидам искрена 4 тиот не го осетив многу, третиот ми беше многу пострашен. Ама затоа сега почна 5 ти и изгледа ќе ми наплати и за 4 ти
    Ама што е тука е. Нека ни се живи и здрави друго се се издржува.
     
    На lipstickmadness, Asja и јolene им се допаѓа ова.
  10. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право,веќе не знам ни дали е до скокот.Мојата уште од кога се роди не е воопшто лакома и слабо цица,башка и повраќа во млаз после секој подој.. Кога и покажав со слика на матичната како изгледа тоа повраќање,рече дека е рефлукс ама според неа,штом полни пелени(по три пелени на ден и се какани откако е родена) и додава,нема потреба за ад со формула АР. Инаку она се роди 2810гр и 46 цм долга,а на последното мерење кога наполни 3 месеци имаше 5400 и 56 цм,што мене ми се чини дека е многу малку,некако ситна ми е многу и доста се загрижувам.Освен тоа,откако наполни 40 дена е доста плачлива,нејќе ни во кола,ни во количка,едино што не можам да се пожалам е тоа што преку ноќ ми спие добро,сврзува 6 саати уште од почеток,ама она си е таква,да беше лакома ќе се будеше за пиење барем,а вака јас ако не и нудам,ретко бара сама. До сега најдолгиот подој и бил 15 мин.,дефинитивно не знам ни самата како напредува ова дете.Се мислам од утре да купам некое ад па да почнам можеби ќе се смири,ќе се смени ваљда.. Со синовите не сум имала такво искуство,и двајјцата сум ги доела до 6 месеци ексклузивно,па потоа до 3 години не сум можела да ги одвикнам,ама оваа е поинаков случај..Изморена сум од сето ова,ама повеќе ме уморува грижата што ми се чини некако дека не знам како да и помогнам;(
     
    На јolene и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.332
    Допаѓања:
    19.534
    Пол:
    Женски

    А да пробаш да се молзеш па да и даваш и од шише плус? Штом имаш млеко, ад нека биде последна опција...
     
    На јolene и Asja им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.375
    Пол:
    Женски
    Не напредува лошо, не знам зошто така мислиш. Син ми е роден 3100гр и на 3 месеци имаше 5680гр. Сега има скоро 7 месеци и околу 7200-300гр. Не се сите деца исти, и не е тоа никакво мерило какви ќе се понатаму. Маж ми исто бил ситно бебе, роден 3кг, а сега е висок и крупен човек. Не се замарај, чим напредува и полни пелени според мене немаш потреба од АД.
     
    На јolene, lackygirl, AlchinovaR1979 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.462
    Пол:
    Женски
    Убаво ти напредува. Си цица колку и се цица. Гладна не е сигурно. Дете што е гладно не спие толку. Во просек 860 гр месечно ти додава што е ок. Од 700-1200 е некоја си нормала. Ич да не даваш ад по мое. Скоро и си ја има дуплирано родилната килажа а е 3 месеци. Не гледам зошто паничиш искрено. Не може сите деца да бидат крупни.
     
    На јolene, Carolin. и Asja им се допаѓа ова.
  14. Asja

    Asja Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Леле,како ми значат советиве. Не сакам да паничам воопшто,во ниеден случај.. само што ме загрижува тоа што ретко пие,кратко и плус повраќа.. Некако си мислам до моето млеко е,како да сум крива,не знам ни како да се изразам веќе..

     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.462
    Пол:
    Женски
    Јас така испаничив без причина, дете кое цицаше 25-30 мин сега не цица ни 10 мин. Можеш да замислиш како изгледаше тоа во мојата глава. Како растат повеќе сила имаат и цицаат кратко. Верувам дека тоа со рефлукс те загрижува, но еве допрашај се со педијатар да и даваш Рефалгин сируп, баш за тоа е. А со тек на време и тоа ќе се намали и изгуби.
     
    На AlchinovaR1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.705
    Допаѓања:
    21.375
    Пол:
    Женски
    Крива не си во никој случај. Не е возможно да бидеш кога го сакаш најдоброто за бебето. Не се обвинувај, ќе си дојде се на место. И на моја другарка девојчето има рефлукс. Она поголемка е родена 4050гр, ама напредува слично како моето и твоето. Три месеци има и откако е родена цица кратко и само повраќа, вади и шлајм, плаче кога ќе ја налегнат итн. Они се консултираат со педијатар од Систина, блиска роднина им е и ни еднаш не ги посоветувала да дадат АД.
     
    На Carolin., lackygirl, AlchinovaR1979 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    9.537
    Пол:
    Женски
    Јас скроз те разбирам што си несигурна за твоето млеко. Мене болна тема ми е, пошто јас морам и ад. Немам доволно. Тројца доктори и консултанти прашав. Сите на став дека колку и да е. Па макар и само 100 мл на ден мајчино, да го давам се додека јас можам нели. И не може мајчиното да е лошо за неа, пошто за неа си е створено.
    Јас уште на трепки што не се обесив за да добијам повеќе млеко. Биди среќна што можеш да си ја доиш. Нема она да ти порасте во должина 10цм и да ти качува на килажа, ако не и е добро и доволно. Плус ако не ти е млекото доволно мрсно и пие повеќе од т.н. предно, кое всушност содржи повеќе лактоза, каките ќе и бидат на зелено цело време.
    Мојата беше дехидрирана и губеше кога ја доев само. Мочкаше само ако и додадевме ад. Цело време бев под надзор од бабица и доктори. И бев советувана како и колку да додавам ад.

    Може плаче и и е незгодно од рефлуксот. И моето повраќаше првите два месеци и тоа исто во млазови и од доење и од ад. Без разлика. И имаше денови кога и беше толку мачно и лошо што само вертикално можеше да биде. Сигурно и се враќаше млеко и и се правеше киселини, па не можеше да лежи..и нормално ќе плаче. Нормално и јас не можев да спијам и јадам три месеци ради киселини од бременоста, па како они би.
    А ја држевме по 20 мин високо после јадење. И ждригната. После некое време помина само од себе.
    Сега ќе поврати пак по понекогаш ако не е ждригната или ќе врати, ама не се споредува со тоа што беше.
    Јас дури и антирефлуксно давав, за да малку и се смири желудник. Не змам дали кај нас го има. На аптамил како прашок е и се меша со млеко, значи може и со мајчино. Го згунснува за да не повраќа толку..има и на други фирми де. Сега сум среќна што не давам веќе. Пошто тоа од очај беше, ама колку се добри и здрави што знам. Свашта има да се прочита. И давав навечер за да може да спие малку без да поврне три пати. Преку ден во раце ми спиеше, врз мене легната или врз нозе кај мене.
     
    На Ceneva, Asja, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mcokolada

    mcokolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2015
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    456
    Fala ti me smiri malku
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kikiiiii111

    Kikiiiii111 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мајки.. Бебето денес ми прави 3 месеци, вчера педијстарот ме праша дали се превртува од стомак на грб и обратно, му реков дека уште не, ми рече ќе почне... Кога лежи главчето само на едната страна го врти и си гледа, на другатаа не сака да се сврти, а инаку кога е во раце си ја врти најнормално главата, само кога лежи така прави. Дали е можно да прави така бидејќи млеко пие на таа страна повеќе па да е привикнат така ? Се исплашив, прво дете ми е :|
     
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.990
    Допаѓања:
    8.462
    Пол:
    Женски
    Не се плаши,и мојов дасо така главата само на едната страна ја вртеше па после смена се на другата :D. И ете го сега се врти те на лево те на десно само да гледа сака. Се врти на стомак така нешто од три месеци, па после се сврти неколку пати и од стомак на грб,и ете го сега не знам од кога се нема свртено од стомак на грб. Сега друго сака да прави. Така да ќе си почне кога ќе е спремно детето. Повеќе на под и ќе се среди.