Имам пишано, првото ми беше многу мрзливо бебе, плус мн тешко бебе, во кг тешко, прв пат се сврти на 8, 9 месеци а глава држеше од болница што се вели голем се роди и беше стабилен со главчето на месец, ама како ќе го легнев дп година и повеќе така стоеше, значи ич не се мрдаше. Прооде на 14 месеци се беше во ред... Секое дете е различно не се водете по книга. Еве второво 2 и пол месеци е многу поживо, поактивно бебе, ако го легнам настрана се обидува да се сврти на меше, само на газе го држам цврсто и се врти, со помош. Исто големо бебе вчера дома мерен по шпикозни беше 7400г. Иста мајка ги роди засега се многу различни во се.
Мене ми е интересно кај мојата и не знам дали сте забележале вие кај вашите. Има денови на пример кога повеќе е физички активна. На пример мрда со газе горе, нозе горе, пробува на страна да се сврти, лежи со задоволство на под и има денови кога повеќе пробува да гука и писка. Па денови кога повеќе сака да набљудува околу неа. И денови како денес кога само ќенка и не сака ништо освен да ја држам и гушкам. Или ја не знам да и угодам шо точно да и правам. Ама лепенка е денес. Знам баш дека некна се исплашив од што цел ден глас не пушти. И следниот ден пискаше најгласно до тогаш. И некој пат ми се чини како да надзадува, а она уствари нема желба за тоа у моментот, па следен ден покажува дека уште подобро може.
Исто како нас возрасните, не ни е ист секој ден, еден ден ми се лежи во пижами цел ден, др ден ми се дотерува и ми е шета Така стално кога учат нови работи, ќе го направи денес на пр ќе се сврти, после неколку дена нема воопшто да се врти, па тек после ќе се врти како цел живот да го правеле тоа исто со одењето, тргна да оди, после неколку дена не се пушташе да оди сам, па потоа си тргна и не застана... Скок бр 2 до утре пиши дека е, денес цел ден спие, се буди плачи, в раце и на цицка презаспива и пак исто во круг.
Некои совети за бебе од една недела, никако не можам да го заспијам навечер за денски нема проблем ама навечер не сака никако да спие. Само плаче, кемка и само на града заспива, па после ждригнување се буди и пак со плачење. Веќе не знам што да правам мизерно се осеќам, сакам да му помогнам но не знам како
Фала ти многу, секое бебе е различно во право си. Јас само сакав ете да си прашам пошто педијатаров кога му кажав дека не се врти ме погледна чудно
Внимавај на прозорци на будност, да не е преспано или преморена. Има еден куп ствари на интернет кои можат да помогнат како да се навикне дека е ден и дека е ноќ. Мене совети од интернет ми помогнаа, ќе си видиш што функционира кај твоето. Ама сеуште е многу мало не се грижи премногу. Знам дека ти е тешко сега ама ќе се навикне. Само биди упорна да е во темно и тивко навечер, потпевнувај нежно, или хмкај му (не знам како да се изразам), од вибрациите на твојот глас ќе се смири. И никако тв пуштен или телефон во близина барем 1 час пред спиење. Сината светлина ги расонува
Почни до 20-30секунди секој ден зголемувај, занимавај со некоја играчка што ја сака мојот збори гуга со едно мече. Де му гуга де му вика многу е интересен Од 2ипол месеци. Ни покажа и сега борба е да седи на стомак одма се врти и се смее
Јас си имам слатка мака со малечката ве молам за помош. Малата сеуште нема месец направено кога е будна само сака на цице да биде. Не шетање не нишкање ќе заспие на цице ќе ја оставам да завршам по дома работа за 5 10 мин плаче не е равотата само на цице да биде ми е страв за понатака да не се научи така ќе неможам да мрднам од неа.
Дали на 4 месеци ги треселе рацете вашите бебиња? Во моментот е возбуден. Се мислам дека прочитав тука некоја пиша нешто такво,а за првото дете се сеќавам дека се грчеше така и со раце и со нозе од возбуда,ама тоа некаде после 6тиот месец.
Koga pocnaa da vi se smeat bebinjata? 7 ma nedela sme, pravi mnogu facijalni ekspresii, cesto e namurten so vegjickite no ushte nemal socijalna nasmevka.
Бебче 3мес не знам кај грешам веќе 4-5 дена навечер ми плака пред заспивање од шо не може да заспие и нејќе ни во раци ни во количка ни да го думкам никако. Божем трети скок ама више ни скок ни ништо не ми е јасно Преку ден гледам после саат и пол, макс 2 часа буден да почнам со заспивање и си заспива но 30мин спие. Обавезно го носам надвор околу 1 часот и кога ќе се врати јаде и спие скоро 2 часа. Тоа му е најдолга дремка. Навечер си имаме ритуал бањање, млекце и се е во ред додека одеднаш не му текне да плаче и не заспива
Од стомак на грб околу 2 и пол, 3 месеци, но обратно се уште не, а сме 4++ месеци. Има обиди, но никако не успева. Да му помогнам некако? И од кога почнавте да ги држите бебињата свртени кон напред кога ги држите?
Да, моето баш тој период негде се тресеше, ама прекина за брзо. Мислам дека не е поврзано со возбуда туку со доразвивањето на мозочето. Повеќе членки ми кажаа дека е нормално.