Пред 6тиот месец(2-3 пати проба го усоврши и не сака на грб ,цело време се врти на стомак),на 4 ипол месеци почна прво од грб на стомак.
Јас откако е роден го држам напред свртен. Добро во почетокот сакаше и обратно, па некогаш и така го држев. Сега веќе нема шанси,интересна е околината.
Во принцип, не треба нанапред да се држи во раце, се прави притисок на ребрата. Но ако сакаш така да го држиш, може уште веднаш.
Овие феминскиве бебиња сите многу брзи. Моето мрзливо ќе да е. Три месеци и три недели, нит се врти од грб на меше ни обратното. Се кара и расправа со мене нон стоп. Се нешто не и имам угодено . Не, се зезам генерално е среќно и задоволно бебе. Не смеам да се пожалам. За сега скокот го минеме подносливо. Ама има уште три ипол недели до крај, така да има време да стане вампирче. И покажав како да се врти, ама само уште не може. Се залетува полека ама мислам дека е несвесно и не со намера да се сврти. Нозе и газе нагоре. Фаќа играчки и тегли кон неа целно. Ни една глодалка не завршува во уста, ама затоа на меките играчки сите уши им ги јаде. Не пишти во количка. И прва дремка сама се успива. Сега уште за следните да ја истренирам и супер ќе биде. Со мене гушната на кревет заспива брзо и три саати ќе спие, ама нели не можам нон стоп. Иако последните денови искрено, како што кај нас надвор ладно и тмурно е, си се гушкаме и топлиме и уживам. На крај краеви толку време ја чекав, ич не ми дреме што дома ми е хаос. Мене мајчински чуства ми дојдоа малку покасно изгледа, ама секој ден се повеќе си ги имам . Изгледа на почетокот не бев свесна уште и не можев да се привикнам на новата улога. Напред ја држам, ама не по многу време. Моето не сака накај мене свртено. Или преку рамо да гледа или на напред. Прашав педијатар, рече не е толку страшно. На крајот на месецот имам ортопед, ќе прашам пак. Се трудам да ја оставам макс на под или на рамно да лежи само. На меше некој пат протесира, некој пат се заигрува. Преубави подлоги со играчки има две, како беа по ново бејбиџим? Пробувам што е можно повеќе да ја оставам и во разни позиции. На пр. врз антирефлуксна перница па доле играчки, на пресоблекувалната, на под, на кревет, на колена. По 100 пати на ден, по минутка до 10 мин зависи како ќе и се засвиѓа. Не ја оставам нигде да плаче по секоја цена оти така мора и е правилно. Секоја чест на сите на кои бебиња ви лежат цел прозорец на будност на под. Моето лежи во просек да кажеме 45 мин, на рати. Саат ипол е будна. Другото време е за јадење, пресоблекување, гушкање со мама и тато кога е дома. Разгледување низ дома и зјапање во огледалото .
Кога го држам напред свртен ,една рака под ребра друга меѓу нозе. Со тоа што тежината паѓа на раката меѓу нозе,не сакам да го притискам на ребрата
Бебе има 47 дена. Цица ко слонче. Само што се вратив од матичен гинеколог и ми рече кај и да е, ќе добијам И така, пишав да се пожалам.
Моево од ко се поболи од 2 месеци е така само напред, кон мене поќе е свиткан, тогаш и во раце почнавме повеќе и се навикна, др беља со количката дома, во неа спие најдолго оти ако се разбуди го нишкаме за да презаспие, го легнувам и в креветче ама ич не спие одма се буди. Да пријавам бебе од 2 и пол месеци со сипаници знаев дека ќе фати од брат му, само да не крева тт, завчера имаше 1 мозолче и мислев е обично бебешко, вчера уште едно, плус неколку во главчето, денес на меше и на раче уште неколку а цела недела има јаки грчеви, плус понеделник и вторник повеќе повраќаше, прво внатре се прават сипаниците потоа надвор излегуваат, само да нема во устето внатре како брат му, цела недела неможеше да јади од нив др со сипанициве рота вакцина ќе ја скокни, нема да ја прими изгледа, бидејќи дур поминат 3 месеци ќе направи.... Ниту една не прими поради болеста и антибиотикот.. Сите ги одложивме. Денес кемка, спие, цица, се гледа дека му е мачно Поради повраќањето ич на меше не го имам оставено. И мојов пост за жалење.
Бебе 3 месеци не сака на меше, само кај мене на кратко. 2ро дете ми е, првото обожаваше. Од кога почнавте на под да ги ставате и дали е искористлива работа(секако зависи од бебето) подлога со играчки што висат?
Моето е исто 3мес можам да кажам дека си поигрува со играчката 15-20 мин додека да јадам и му досадува после тоа.
I mojata ne se vrti,2ipol meseci sme. Treba vreme ne se site deca isti.Nit saka na meshe da lezi,place.Ke se naviknat so tek na vreme.
Majki kako go davate WAYA probiotikot? Na kolku casa? Sekoj cas po edna kapka (7 dnevno treba) ili moze i po 2-3 naednash?
За мене нема по искористена работа. Имаше месец ипол кога ја оставив за прв пат, тогаш не знаеше ни да си игра со играчките ни да ги тегли. Само случајно ако допреше некоја. Сега имам две и цело време е на нив. Јас сум по цел ден сама дома, ако не се они и она на под до вц нема да можам да идам.
До скокот е, бар кај нас 4ти го поминавме лесно и со спиење, 5тиов дремка од 15 минути како се близи громче така е повеќе будна и не знам шо да допраам со неа. Она си е смешка вака ама ужас е со спиењето иии а ме види толку е, мааам маам се смеам викам ова како внук ми, на 9-10 месеци ќе прај муабет.