Ние сме и на дохрана и на цицање, но со сокчиња ќе почнам од 4ипол месеци, а накај 5 и со кашички. Колку што знам од 5 месеци веќе се воведуваат кашички. Јас давам Пливит Д3, се даваат по 5капки на ден, а отворено шишенце се користи 3 недели, останатото се фрла. Ова ми го кажа ортопедот кај што одиме.
Кај нас во отпусната листа пишуваше по 2 капки на ден, а педијатарот ни рече секој по 3 капки на ден од Пливит Д3. Не знам како ги даваат, дали во зависност од бебето, или возраста. Меу вие со колку почнавте?
Ова ти е најдобра одлука што си ја донела, ти тврдам , а не ко мајка ми, на 25 да ми сфатам дека има страв од вода, набиен исклучиво од мојата мајка која инаку е страшен праноик кога се збори за тоа што децата треба или не да прават, па така не научив да пливам, не научив да возам ролери, не научив да возам кола, многу работи не научив бидејќи мајка ми се плашеше. Инаку ова го има и кај нас, во Борис Трајковски, ново е и сигурна сум дека ќе биде трајно, многу работи се решаваат баш со овој третман, како психички така и физички аномалии. Моето дете со сигурност ќе ги посетува, а ако успеат и мама да ја научат да плива, ќе бидам пресреќна Не се фрлаат дефинитивно, се ставаат на лице и деколте ка мамичка супер се за кожата
Почнавме со 3,така пишеше на картончето од болница. На ортопед ја однесов на 1 месец, па тогаш ми кажа дека од почеток се даваат по 5, па така и да продолжам.
сите доктори разлицно во пливитот писува сега незнам точно по колку дневно во млграми е ми се чини јас и давам по три капки посто зимно време нема мн.сонце и јас го трошам до крај остај таа работа до 3 недели само да купуваш а нема потреба тие си имаат рок на траење а и во упатсвото не пишува обично пишува за лекови кои се употребуваат 2-3 недели од отварањето
Икаме, не е ништо страшно ако продолжиш да ги даваш, но нема никаков ефект од нив по 3 недели, ветреат, а и не се којзнае колку пари па да штедиш на капки, ми се чини беа околу 70-80 денари, и 150 да се, не е страшно, се работи сепак за нешто што од почеток ќе ти помогне. Инаку ко што пишав веќе, нема потреба од фрлање, користете ги на себе, во крема, за коса, за нокти, јас си ставав на ноктите од на внука ми еднаш, стварно ми се зацврснаа. Иначе на внука ми и ги покачуваа според килажата, почна со 3 и стигна до 5, инаку ние и ги дававме навечер, ама се давале наутро, за да имаат ефект ко што треба, што и реално е така, наутро за да ја апсорбираат целата сончева светлина како што треба де.
И јас го носам малиот на пливање од 3 месеци Не се плашеше воопшто зошто од прв ден му сипам вода на главата па му беше нормално кога ќе го брцнев под вода и мојот е водно жабче Само внимавај после пливањето на ушите, внук ми од тоа доби воспаление на увото а кај нас и нема некоја зима како таму, гледај да нема вода во ушињата, со фен и нив засуши ги и не ја тунтај после ни со многу облека затоа што е веќе загреана од пливањето, капче нормално на главчето и уживај те си
Вигантолот беа едно време повлечени од продажба секаде, поради тоа што пипетата со која се дозираа наводно испуштала некоја токсична материја. После повлекувањето од продажба, амбалажата е сменета, односно нема веќе пипета за дозирање, па повторно ги вратија во продажба. Инаку, имај на ум дека Вигантол е маслен раствор, а Пливит Д3 е воден раствор - маслениот раствор е поконцентриран и се дава во помала доза од водниот раствор. Јас на син ми од раѓање му давам Пливит Д3, прво по три капки, а од два полни месеци по 5 капки. Сега, на 22 месеци, му давам од 5-10 капки, секој ден различно, ама никогаш под пет капки. Важно е да се знае дека до предозирање не може да дојде (потребни се многу големи дози кои тешко се постигнуваат). И јас го користам препаратот додека да се потроши, не го менувам на три недели - ако се чува правилно, нема да се разгради Д витаминот (го чувам во фрижидер). Ова и фармацевти и лекари ми го потврдија. Ако требаше да се фрлат после три недели, ќе пишуваше во упатството.
Ние имаме 5 месеци и 10 дена и јас почнав порано со дохрана до 4 месеци се обидував и да го дојам и да му давам ад млеко но секогаш малиот беше нервозен и ненајаден па така да од 4 месеци почнав да му давам кашички и супер ги прифати не му давам премногу по пола кашичка на ден ,и досега има пробано јаболка,морков,слива,банана.Од 5 полни месеци му дадов и ориз варен мешан со некоја од наведениве,а за бадник проба и тиква . Се е индивидуално педијатарот мене не ми дозволуваше ни АД млеко да му давам и со дохрана ми рече после полни 6 ,но гледајќи си го бебево одкако почнав со дохрана како е повесело понаспано не чуствувам грижа на совест што почнав порано. Но сепак ке напоменам дека сеуште не заменувам оброк со кашичките значи внимавам да не го оптеретам желудничето со премногу храна.
epa neznaev deka vetreat o.k ke si gi koristam jas za na lice 113 den.da ne e do parite i nautro i gi davam i vo dnevna sekogas mi ima sonce taka da sega ja stavam na sonce pozz
Ikame, па не го чуваш шишенцето отворено, па да ветреат. Си пишува убаво во упатството ако се чува не темно нема гајле. Како сакаш, и мене не ми е до парите, мене ми е до дезинформациите што се шират на овој начин од лекарите. Сигурно и фармацевтите ќе велеа да се фрли после три недели, а нема таква препорака од нив, ниту пак од самиот производител. Кај повеќето лекови и слични препарати си пишува колку време од отворањето може да се користат. А дали ќе имаа ефект на кожата ако беа изветреани? Малку потешко. Како и да е, да одговорам и на прашањето од Вики... Д3 капките се даваат без прекин до 18 полни месеци. После тоа, се даваат преку целата година освен во лето. После година и пол, две, не мора да бидат капки, може и некој друг препарат што содржи Д витамин, важно барем до кај 7 години да се дава, за развој на коскениот систем и превенција од рахитис.
Annath и мене ме збуни, на нас па во аптека ни кажаа, и ни го кажа дури ова со употреба кај нас возрасните, а во право си за чување, треба да се чува во кутивчето оригинално и на ладно. Инаку мене истото ми го кажаа за сирупот Мукоплант, а самото сирупче си пишува дека е наменски во темно стаклено шишенце кое спречува ветреење дури и ако се чува на собна температура, ко што си пишува. Ме просветли жими се. А за други препарати, мислиш на исхрана или витамини, тврди, во вид на бомбони, апчиња и слично? Прашувам пошто внука ми е 2ипол години одамна веќе не и се дава ништо, што да и даваме?
Треба да давате некој препарат што содржи Д витамин. Може да биде во склоп на некој витамински сируп (Пиковит IQ, на пример), или пак, ако може да џвака, има капсули Омега Кидз, или желе капсули со АД витамини. Консултирајте се со лекар за ова.
Фала многу Анат, иначе ние сеуште не збориме и веќе ни иде на нерви тоа, се мачи да каже нешто ама никако да оформи збор, кога сака да каже нешто се возбудува и целата се тресе дури од што не може да каже, значи свесна е дека не може да каже, сега нешто поткажува и цело време повторува тоа што кажува, пример сабајлев викала пишам, пишам цело време и сестра ми дала пенкало и весник и си пишувала, во последно време сестра ми вика кршела често па викала кишам, кишам цело време. Мене ептен ме вади од памет нејзиното незборење, ама што да се прави, сеуште сме мали за логопед, не соработува да седнеш со неа да збориш, води некој чуден инает, ако нешто не е по нејзино се треска од земја и ќе те уѕвери, ќе направи некоја глупост срце да те заболи. Тоа се вика разгаленост јасно ми е, таква си е она, инателива, разгалена, за што се криви како родителите така и тетка и, нема нешто што не и е дозволено и дадено да направи, да проба, да види, нема нешто што не и се купило. А за јадењето сме посебна приказна, насабајле или откако ќе стане од спиење е мртва гладна, и иде жива храна да јаде, а вака нејќе ни да чуе, само глупости јаде. Знам дека темава е за мали бебиња, до 6 месеци, ама нема тема за поголемки дадички и батковци која е вака активна па затоа си се пожалив овде. Анат ти си права подршка на тазе мајките, и јас често знам да и кажам на сестра ми нешто што сум прочитала од тебе
Ќе прозбори, да не се секираш. Ако се труди, кај и да е, ќе биде. Од утре може со супер склопени реченици да зборува што се вели, кај децата така одат тие работи
јас почнав на син ми да му клавам во варењето на манџичката 1 лажица маслиново масло да изврие убо ама сепак останват витамините А, Д, Е, К. ама морам да напоменат дека маслото не е купечко туку домашно. а со вигантол сме од почеток сега почнав да му дававм по 3 капки денот.
Дека пливитот ветрее без разлика на чувањето мене ми има кажано ортопед уште пред кусур години кога ми требаше Д3 за нешто друго и затоа и употребувам вигантол
На пријателка блиска роднина работи во претставништвото на Плива во МК и тврди дека нема потреба од менување на шишенцето, само да се чува во фрижидер до Т од 8 степени, за што се јавувала и директно во Плива Загреб да препраша. Ова не било наведено ни во упатството, што е чудно нели, ако е точно, пошто Плива ќе го имаше сиот ќар од тоа непотребно фрлање шишенца.
Уфф , јас ги чувам на темно ,но на собна температура, не во фрижидер, па ги менувам Ништо, наредно шишенце ќе го чувам во фрижидер .