20та недела сме веќе, мислев поминавме скокот и регресија во спиење, се стабилизираше спиењето одреден период. Премина и на 3 дремки од 4 кратки (по 40-45 минути) и мислев будењата навечер се зад нас, но од сношти се буди постојано, можеби на пола час или најмногу 50 минути. Некогаш призаспива веднаш, а некогаш трае и по 15 минути. На што може да се должи ова?
Нема помош за жал. Давај глодалки, лади ги во фрижидер. Пробај со гелче некое да мачкаш. Мада кај нас не помага ништо на подолг рок. Ќе помине, мора да се издржи само.
Долго време ве читам и дојде ред да пишам и јас. Мајки на близнаци во 4ти скок, има ли преживеани? Претпоставувам трпение е советот што ќе го добијам, ама од кога да почнам со тренинг за спиење? Не ми е јасно каде грешам, што е проблемот, ама едното бебе никако не заспива до 4 сабајле. Преку ден го држам буден и пазам дремките да не се повеќе од 1.5ч ама а дојде ноќ, освен во раце нигде не спие, вришти, пишти, мава, го буди другото бебе и круг без крај.
Не ми се пишува веќе, преморена сум, од грижи, мисли секакви изморена мали е супер пу пу добро ги поминува сипаниците, се на се 30тина има, најмногу на главчетo му се, не креваше мн тт до 37.7, ама еве 6ти ден имаше пак ново на прстето мозолче. Многу лесно ги помина. Арно ама од вчера нова грижа, големиот стрептокока има, грлото цело со точки црвени и пие антибиотик Оспен, сега се тресам да не фати малово, крај нема... затоа не пишам, мн сум негативна деновиве.. Иначе помина 2 скок и бебче на сите ни се смее, гуга, пушта некои гласови, познава фаци мислам, пробува да ги носи рацете в уста и мн е смешен се нервира дека не успева пробува и лигувчето да го пика в уста. Ако е легнат за рачиња да го држиш се крева. Денес бевме на контрола да го види со сипаниците, го измери по боди и пелена, сува беше бидејки тогаш му ја ставив 8кг е, цица нон стоп, цел ден и ноќ, на 2 сати. Па со тт ко имаше веќе нз на 1 сат, ко крава да сум
Лелееее Во сиот хаос добро е што минува полесно. Знам дека ти е претешко, но ќе помине. Ајде со лесно да поминува и кај големиот батко.
Имаме 9+ месеци, негде прочитав дека на оваа возраст треба да прави чао (да мавта) со рачињата, или да плеска со нив, а ние уште не го правиме тоа. Треба ли да се секирам, кога вашите започнаа? И, уште нешто, земав PharmaS Probalans Baby Protect пробиотик, и од кога го дадов во текот на денот има 2/3 течни столици, онака баш ретка столица како проливче, и на газето има црвенило. Да ги сменам ли, може ли да е од тоа?
Пред месец дена бевме на педијатар, беше 8,8кг, денес еве пак го мерам на вага гледам исто, 8,7/8,8кг. Има 3 оброци и една ужинка, си јаде и плус си цица, оброк му е од прилика 200 грама, ужинка околу 100, некогаш и повеќе. Башка што цица постојано, кога сака тогаш давам, секогаш пред заспивање. Сочке си пие, водичка си пие, зошто може да стагнира на килажа? Има 9 месеци.
Бебево почна да спие со газе во вис Знам дека е нормално и е преслатко, ама не знам дали треба да го поместам? Удобно ли му е
И моето некогаш спие така. Прво и јас мислев дека му е неудобно, ама чим сами се местат и не се будат сигурно им е убаво. Некни баш се смеев, коленцата му беа поцрвенети од сто спиеше така. Може се спремаат за лазење.
Кога се спуштаме по степеници, целата се стега, раменици крева како од страв, ви се има ли случено тоа? Морам ееептен полека да се симнувам. 3 месеци е а веќе сигурно 1ипол ако не и повеќе така прави.