Ете дојдов да го пофалам докторот во костозглобна за преглед на бебиња...Објаснето,прегледано, се на се сум прилично задоволна... Нормално не спомна дубаци,џампери,ниту форсирање на бебето, јадра развиени момата може да седи на 45степени. Ни ја зголеми дозата на д3,наместо 5 капки 8 да примаме И да за сите идни мајки првиот преглед да е кај 1,5 меееци, а вториот кај 4,5 месеци.Докторот рече подобро е намал размакнда се прегледите за да можат да интервенираат со време доколку нешто не е како што треба.
Мојот дасо го ставам на подлога да го преслечам се сврте одма на стомак и цуцлата му беше малку далеку. И ја нурна главата во подлогата го крена газо и се турна нанапред. Мамасити како права гусеница беше. Пукнав од смеа. И си ја дофати цуцлата. А од друга страна ме загрижува нешто, се вртеше и од стомак на грб едно време и сега престана. Се нема свртено многу одамна. И малку послабо гука, а гукаше баш. Треба да паничам?
Кај кого бевте? Д-р Шешо? Од него и јас бев супер задоволна за првото дете. Ако е друг пиши ми, треба да закажувам за бебо. колку вит Д ви препорача? едит, те препрочитав и видов си пишала за Д
Си има работа сега, си мисли голем е да се врти и да гуга, си нашол нова занимација. Нормално е да прават пауза од нешто, се фокусира сега на друго и затоа ги запоставува вртењата и гугањето. @Panovic Пријатно сум изненадена од искуството со докторот. Мојата сега вежба вртење од стомак на грб. Се потпира на едно раче, а со другото се клати. Се затетеравува, па се враќа, па кога се осети сигурна, се сврте. Крева нозе нагоре, си ги дофаќа стапалата, па кај да е и во уста ќе ги става. Крева газе на колена и како гасеница се витка. И телото и' е како баланс даска, ја прави вежбата супермен со раце и нозе во воздух додека е на меше Зацврстува грб, газе и задни мускули на бутчиња Вика, брмчи, писка.
И моето си ги фаќа нозете. Многу се интересни сега. Во столица за хранење ми се исправа, и затоа сега во релаксаторот го хранам. Некако ми е мал за да ми седи.
Кај Атанас Поп Стефанија бев, малце бев со резерва ама пријатно сум изненадена.Пријатен доктор во секој случај и посветен За првото и јас бев кај Огнен ама сега не можев никако да најдам термин.
Со каиши ќе го врзеш додека јаде. Не дека никој не става во релаксатор, ама не треба да јаде во релаксатор, несоодветна е положбата за јадење. Не е мал за да седи штом не е мал да јаде.
Едно прашање, синко мој дома на вага го покажува 8 кг ама рачунам да има 7800 некаде, го вагав со тазе преслечен памперс и шпикозни. Памперс актив 3 ка се до 10 кг а 4 ка почнуваат од 9кг , а веке на неколку пати ми се изместува горе пелената и се мокри синко на алишта. Дали тоа значи дека сме веќе за 4 ка ?
И моево е исто така мерено вчера кај матичната, јас уште 3ка ставам, ама кај да е 4ка ќе треба. Јас се водам по детето, на пр лепенките скоро на крај му се залепени од бабу лове пелените, исто на ножињата да не му прави ластикот траги, тогаш менувам бројка.
Исто се мислам и јас денес на контрола на 3 месеци го мереа 7650 е но гледам дека 3ката од babylove почна да му прави црвени траги на нозите. Не знам дали да купам 4ка...
Еве денес бевме на ортпопед и баш ја прашав докторката и рече дека не е идеална положба ама колку и да го вртиме бебето пак ќе си ја фати таа положба. Рече дека најчесто бебињата тоа го прават кога сфаќаат дека се одделени од мама и во тоа наоѓаат утеха
Кај нас има 7 кг и од кај 6 и 800 почнав навечер да му ставам baby love 4ка. Да ги дотрошиме уште 20тина пелени 3ка за преку ден и ќе преминеме на 4ка скроз. 3ка му протекуваа и му правеа црвено во кенгур и во седиште во кола. Не се големи, таман се 4ка ако пишува дека се од 8кг.
Prasanje do vas Dali ja imate cueno ili kupeno ovaa igracka i dali cuda pravi za smiruvanje? SOPHIE LA GIRAFE Fresh Touch Глодалка https://zegin.com.mk/mk/sophie-la-girafe-fresh-touch-glodalka-0-m
Ооо души мали. Ете гледаш тоа не ми текнало. А положбата е баш некако како ембрион положба, можеби затоа им се допаѓа и така си наоѓаат утеха.
Денеска само што ми стаса. Ја зедов оти нон стоп и се рацете во уста, ја чешкаат жлабинките. А во кој смисол чуда треба да прави за смирување? Мека е и полесно се витка и стиска од обичните глодалки и е од природен каучук. Ама моето не знае баш да глотка, диреконо цица се што стави во уста. Ја лигавеше преска едно време, ама јас ако ја наместам, сама само до уста и ја фрла. Треба време да ја научи сигурно. Евентуално да ти кажам за некое време дали и како ќе ја сака. Едит. Прочитав во опис што пишува, ајде баш ќе видам. Тоа што писка па не е баш нешто специјално, писка како и секоја друга гумена играчка, а моето не реагира баш на тие звуци. За другото можеби, ќе видиме. За мека мека е стварно.
Препорака за шишенце со најмал проток за новороденче две недели старо. Имам на бејбилав ама мислам дека кога пие адаптирано како да се дави
Avent natural тие имаат природен проток како брадавица, и да послесекојаупотреба мора да се стерилизира и шише и цуцла