Ние ја имаме оваа и супер му е за глодање и за држење му е баш згодна. И оваа на chicco е супер омилена ни е
Јас ја земав за првото од сите глодалки највеќе таа му задржуваше внимание. Дополнително премногу лесно се витка и на два пат ја превиткуваше и ја ставаше така во уста. Скапа е да , но душата и ја извади во буквална смисла додека не почна да ги вади 4ките и ја искина од нервоза.
После секое пиење ги мијам со сјај фрош ги редам во тенџере и ги посипувам со жешка вода завриена во бокал. Еднаш во 2-3 дена ги редам пак во тенџере и ги вријам на шпоретот 2-3 мин да вријат.
Поголемото имаше ваква и од виткање дупка се направи кај вратот. И помалата со два прстени исто така ја имаше, на два дела ја раскина, па нова му купував. Сега помалото ја има црвената со еден прстен, ја скапа од глодање и уште е жива. Сакам да си ја пробам среќата и нејзе да и' ја купам големата, да видиме дали ќе се направи пак дупка.
Како какаат вашите бебиња што пијат аптамил 1. Последните 4-5 дена почнува да пие и на пола шише се кака па не сака одма да го допие. Побарува уште малку пред да заспие. Се мислам можно ли е веќе да не му одговара?
Моето кака обично 2 пати дневно, често дури јаде или одма после јадење. Ама ако кака дури јаде после му го додавам и си го јаде цело шишенце. *пие де
По што го препознавте 4ти скок мајки што бебето е само на АД? Потенцирам на АД бидејќи ако цица најверојатно ќе сака нон стоп да цица. Моето има 10 дена до 4ти скок, но навечер почна да заспива само во мене во раци, па се мислам можно ли е да е почнал скокот?
Не мора да значи дека бебе ќе јаде повеќе во четврти скок. Секое различно го мине. Моево во втори скок јадеше повеќе отколку сега во четврти скок. Може и да јаде помалку од вообичаеното. Е сега тек е на пола, ама до сега супер е. Не смеам да се жалам. Бара само малку повеќе внимание и близина. Ако бидат и следните две ипол недели вака супер сме.
Бебе си го прави партали челото од гребење. Сум приметила дека секогаш кога сака да се разбуди се гребе по лице. Преку ден приметувам и му ги држам рачињата, ама навечер не го слушам пред да почне да кенка, и кога ќе го видам веќе е касно. Дали е ова честа појава? Прашувам бидејќи исто и се сомневам на егзема или многу сува кожа на делови од челото, па си мислам од друга страна да не се гребе дека го чеша? Ставам крема за лице со невен од Веледа но не ја држи кожата долго хидрирана, пак се појавуваат суви делчиња за час-два. Имате некоја препорака со што да го мачкам?
За гребење нема чаре, само сечење нокти. Тебе изгледа уште не почнало да те гребе. Чекај, допрва доаѓа и тоа Цела сум во лицето со крвави црвени линии од што ме дрпа и драпа, партал ме прави, како маче е. За егзема нека го ѕирне доктор чисто да се потврди ако е тоа, ќе земеш кремче соодветно за тоа. А кое би му помогнало, ќе треба да пробаш. На пример, на некои Мустела им помага, на моето ич не му помагаше.
Моето се гребе кога е гладен, ренде се прави само сечам ноктиња, турпијам, џабе ке си напарви ноќе гребаници.. да го провериш за кожата на доктор па после има мастови и доктори само на природна база никако не се лажи за со антибиотици и сл зошо дур мачкаш ке е добро, после дупло ке се нафрла. Мм има псоријаза јас многу со него се имам измачено по доктори, мастови, апчиња.. за бебе се плашев дека и он ке има ама сега засега добар е фала богу пу пу..
Војничкото лазење е најсмешно иначе не се секирај, фокус му е лазењето сега, па кога ќе совлада како треба тоа шо има наумено, ќе продолжи со звуци. Мајки јас вчера на контрола со бебка за вакцинии, беба ми е 6.600. Мене двете цурици ми се манекенки хаха читам во книшка и Нина била 6500 на скоро 6 месеци ама пак и поголемо се роди. Клара со вкусови уште нема почнато, одбива да вкуси, не отвара уста и прета со глава лево десно,се надевам дека ќе смени за некока недела, оти следната правиме 6, почнав да се загрижувам, не би истата мака да ја терам по втор пат.
Bebe skoro 4meseca celo vreme se ligavi i toa mnogu i samo nesto vo usta saka da stavi normalno e taka ?
Првото ми имаше егзема, само биодерма помогна и ден денес ја користам 5г ќе прави сега. За гребење нема гајле одма му поминува, другиот ден како да не бил гребнат, не му фаќај рачиња. Скроз нормално
Мајки кажете што да мачкам на шијата се потсечува, станува црвено па ќе го снема на кратко, па пак ќе се појави. Сега дури и црвени точки се појавија како брунки. И многу ја чеша