Мајки јадете ли пред бебињата? Јас некако не сакам да јадам пред него и го оставам во релаксатор со вклучен тв додека јадам. Гледам да завршам многу брзо... или ако не така тогаш седам до него а се вртам и гризнувам
Дали ги мачкате на пеленската регија при секое менување пелена или кога инаку? Јас до сега 2 пати само ја имам намачкано, бидејќи гледам кога нема ништо и ништо да не ѝ ставам, па не знам дали грешам
Баш треба да јадеш пред бебе. ТВ не сум пуштила од кога се роди бебе, релаксатор немам. Бебе мора да научи дека некогаш, скоро ќе дојде време за со лажича да срка. Дека јадењето е не само потреба туку и уживање и ритуали со фамилијата. Ние се трудиме во последно време да вечераме со неа. Она лежи на подлогата, а ние јадме до неа. Сега гледам да и купам и столче со дел за новороденче, за да може полека да се навинува и на маса да седи. Едвај чекам искрено да почнеме со вкусовите.
Да, знам дека треба да се поттикнува, но барем од кога ќе почне со вкусови и каши за да може и тоа да јаде. Вака не знам.. плус бебето ми е таков зјапач абе додека мијам садови или постилам алишта лежи до мене во количка и не го трга погледот во очи ме гледа цело време.
Не грешиш. Ако нема потреба, нема зошто да шлакаш кремови. Ако се зацрвени, тогаш со крем со цинк. Еднаш-двапати ако ја имам намачкано, газето и' е ок.
Јас искрено не гледам причина зошто да не јадеш пред него. Мене ми е јака кога почнува со устата и јазик да имитира. Нормално е да те гледа. Ти си му цел свет на него. И моето ме гледа кога се движам наоколу или работам нешто. Дури повеќе се заигрува ако не сум околу неа отколку кога сум до неа.
Дали може некој капки да се стават во носето на бебе месец дена? Мислам дека од што повраќаше му се затна носето и цела вечер хрчеше, се нервира не знам како да му помогнам.
Баш треба да јадеш зошто бебињата гледајќи учат. Тоа дека е зјапач, верувај сите бебиња се. Сѐ околу нив е ново и интересно и сакаат да истражуваат. Особено од мајката не го тргаат погледот зошто кај неа се осеќаат најбезбедно и со неа се 24/7. Маж ми кога ќе дојде од работа секогаш ми вика брее како заљубено те гледа, мене не ме гледа така.
И моето само во мене гледа, како хипнотизирано е . Мајка е мајка. Со татко му си има други ритуали. Му ја фака брадата, го куби за неа. И нормално го зема во раце и одма кај плакар и фрлаат алишта
И маж ми ми вика исто, вика види го како е заљубен во тебе Па кога ќе легнеме на спална он меѓу нас се лути оти иде накај мене, а не накај него. Сите бебиња се заљубени во мајките, они им се најбитна ствар на светот
Хаха и моето со татко му има различна врска од таа со мене. Со него се поенергичните активности, мајка е повеќе за гушкање и смешкање Ќути моето среќа повеќе знае да се врти на лево, а татко му спие на таа страна. Па кога е меѓу нас цело време е пикнат кај него и маж ми не е до толку љубоморен. Да беше обратно гарант ќе си мрмнеше. Некни многу се смеевме. Него му вибрира алармот на саатот, а малово му го гаси уште пред да го осети. Не дека знае што прави, ама од што му свети. Викам нејќе да одиш на работа, те мести да се успиеш. Многу често девојчињата се повеќе по таткото, а машките по мајката.
Абе кај него не плаче, кај него секако само се смее, кај мене и се смее и ќенка и е лош, ама и заљубено ме гледа со мајките децата се различни, тоа е факт. Ама различни на убав начин. А моето луѓе мајка ми колку ја сака, не можам да ви опишам, полуден е по неа. Само штом ќе влеземе во влезот од зградата он веќе вршти од среќа, денес цел ден таму бевме, дете не престана да се смее, дома верувале или не ретко е до тој степен весел. Не знам што му прави женава ама толку е радосен просто не ми се верува. Со никој друг не е ваков, а и друго што заспива во неа без никакво бунење, за 2мин е готов. Жал ме фаќа многу што ќе ги разделам кога ќе се вратиме назад, многу ќе си фалат
Здраво мајки прворотка сум и не ми се јасни некој работи, како треба да се однесувам со бебето, навечер ако плаче како да го смирам, како да знам дека е гладо.
Душички премили се дури се бебиња И поголеми се мили ама бебе период е најубав. Гушкајте дури можите еве го големипт 5 год веќе не сака многу гушкање Бебуш е многу пораснат деновиве, ко ќе ме види се смее, па фаци прави како да се срами, баш заљубен во мајка на сите му се смее, го бара брат му, му гуга раката уште не успеа до уста да ја донеси, успева ама кратко ја држи в уста и писка се нервира смешен ми е, имам заборавено вака некои работи од првото. Сипаниците поминаа има уште струпчиња остснати на лице и на главче каде што и најмногу имаше, фала богу лесно ги помина без температури Колку се плашев ама веќе помина... Рота вакцина нема да прими, веќе е голем, не успеавме со болести, антибиотик и сипаници, па со редовна вакцинација тек од декември ќе почниме, така ми рече матичната да накрени малку имунитет сега од сипаниците е паднат Алиштата, бодиња од новороденче веќе тргнав, расти брзо не му чинат веќе, се од брат му си носи, уште 4 дена и 3 месеци, кога поминаа