Не можеш да знаеш, но најверојатно е гладно. Понуди го да цица ако е гладен ќе цица. Ако е на АД понуди цуцла ако многу јако ја цица значи сигурно мисли дека ќе потече нешто. Моето ја отвараше устата на страна како да бара цицка. На почеток е така ќе нудиш секогаш ако е гладно ќе јаде.
Malce mi e strav znam deka ne e taka ednostavno dodeka e malo pa nrmozesh da go udpiesh i red dr raboti
Не знам колкаво е бебето, ама ако е новороденче навечер треба да јаде на 2 до 3 часа. Ќе го смириш со тоа што ќе му дадеш да јаде, ќе провериш пелена да не е за менување. Може со грчеви мака има, ќе пробаш да му помогнеш да си испушти гасови со вежби и масажи и тоа е тоа. Не е научна фантастика, за многу брзо ќе се навикнеш и ти на него и тоа на тебе.
Сеуште не е родено но се спремам психички сакам да му настојам на сее и да се научам на некои работи, нов член е се е ново и за него и за мене и повеќе сакам сама да го чувам да не го носам или кај мајками или кај свекрвата па да ми кажуваат не така вака не вака така.
Опушти се. Мајчинскиот инстинкт се раѓа заедно со бебето. Сѐ ќе биде како што треба. Сите сме ги имале тие дилеми пред да се родат, ама си доаѓа сѐ на место. Моето е седум месеци и си го чуваме сами со маж ми, успешно.
Знам дека мајките и свекрвите знаат да се прават паметни но немој да се правиш многу силна дека можеш сама се. Бабите се за да помагаат и тие да доаѓаат, не вие да го носите кај нив. Ако не сакаш околу бебето нека ти помагаат по дома, но верувај помош треба.
Не не сакам паметна да се правам или да нр ми помагаат туку нр сакам многу памет солење не треба вака треба онака и ред други работи оти ги има само за закони кажување.
Ти ќе наредуваш на твојата, маж ти на неговата и така гледајте да сте среќни без нервози. И моите сакат да префрлат но од едно уше влегува друго излегува битно е сепак да имаш помош околу ручек, алиша било што на почеток..
Моите од раѓање спијат во вреќички, не им смета за превртување од меше на грб и обратно. Некогаш се како пропелери во креветче.
Сношти прв пат во вреќа, успешно в спална беше 16 степени, дали е ладно? Иначе парно имаме ама вчера не беше пуштено мене ми беше ладен воздухот за дишење, тој во вреќа плус со ќебенце дупло покриен, во 12 заспа еднаш стана кон 4 мислам и до 7 спиеше. Иначе не се врти уште Spoiler: Слика позајмена е од брачед му
Епа топ, ние сме 8 недели, мал е уште, во вреќа(без ракави) спие и он подолг период и супер спие, но не бев сигурна дали е безбедно да се ротира навечер кога ќе дојде време. Фала женски
Ние сме во скопје во стан, изолацијата е многу добра и е сигурно над 26-27 степени и навечер. Ги имаме и изгасено парната, не се дише седиме полуголи ние а малиот е само по тенка гардероба. Имаше онлајн и визуелен приказ како да го облакаш детето во зависност од температурата. Пример јас максимум треба боди со долги или шпихозни под вреќата, а кај тебе со 16степени таман е ваљда со ќебето плус. Исто така има разни дебелини н вреќите
Прави како што ти одговара. Ако сакаш сама, сама терај. Помош е океј за ако треба да ти зготви некој или исчисти, но ако сакаш сама сè, не е невозможно. Мирот твој е важен. Дали со баби или без, твоја одлука си е.
Се согласувам апсолутно. Воопшто не е невозможно без помош. Напорно е да, ама слатка е маката, за убава цел. Јас за ништо немам помош во последните два месеци, ни за готвење ни за малиот, ни за низ дома. Сѐ правиме заедно со маж ми и засега супер функционираме. Менталитетот наш е таков да очекуваме помош кога ќе се роди дете, а одговорноста си е апсолутно на родителите и не треба да се очекува било што од некој друг.
Баш и затоа несакам многу помош бидејки после некое време префрлаат како да нр билр они ке сме неможеле да се снајдеме и сл.
И нас ни е прво, сега има 4м и од прв ден сме сами со сопругот а и бабите и дедовците ни се во други градови. Мене пред да се роди не ми беше толку страв за како ќе го чувам отколку како ќе дојам пред свекрвата, како ќе биде на почеток ако ми треба помош а буквално најлесно ти е гола да шеташ додека заздравуваш било да е царски било природно, да не ми кажуваат вака не треба така треба. Кога се роди фала богу се сами успеавме да правиме. И не ми беше гајле за ниедна работа што сум мислела ќе се секирам предходно. Си го доев пред сите слободно, од мал беше без чорапи пошто летно бебе и секој совет што не ни де свиѓаше од едно уво влегуваше од друг излегуваше, само педијатар слушавме. Ќе видиш кога ќе се роди се ќе ти дојде само, ќе ти биде тоа најбитно и нема со други да се замараш. Ама немој секој совет да го одбиваш јас на пример до 3м не слушав за бањање што ми викаа моите туку правев како што ми кажаа во болница и бебе ми вриштеше на бањање. И попуштив пробав како што ми кажаа сега е среќен кога се бања
Убаво што имаш помош од сопругот. Јас од мојот немам зошто е по цел ден на работа или е на терен по 4-5 дена. Кога си доаѓа од работа е преморен, таква му е работата. Јас ако немам пример помош од свекрвата, нема да можам да се искапам човечки. Но имам помош за ручек и за по дома. Дете јас си гледам и се околу него. Во тоа не се меша... Не дека не проба, ама не покутив. Се знае која е баба а кој е мајка Ама уште малку и тоа ќе се смени, тие ќе се селат во станот кај и да е. Па јас ќе си ставам ред каков мене што ми одговара На пример јас се уште не ја чувствувам кујната своја, да бидам ете најискрена кога ќе си биде на место кај што јас сум си смислила тогаш ќе речам е ова е моја кујна и мој простор. А две жени во иста кујна еднакво на хаос Заедница е малку тешко ама си сака компромиси и многу муабет. Дур сме заедно си падна муабет која што ќе прави и убаво функционираме. Ако се постават граници убаво е да се има помош ама за домашни работи. За дете се знае кој одлучува.
Замисли само дека многу лесно можело да сте негде во странство, без опцијата баби во близина, па секако ќе сте биле принудени сами да се снаоѓате. Од маж ми немам помош, обврските се заеднички. Мене ми е многу глуп термин тоа зошто може да помогнеш на некого за нешто што не е твоја обврска. А домот, детето се подеднакво и моја и негова. Може детето не толку многу во овој период кога се дои итн, ама за дома можат, знаат и треба да бидат вклучени. И ние живеевме до пред некое време со неговите. Таму во ниеден момент не се осетив како дома, веројатно зошто знаев дека ќе се селиме. Работите на денешно време не се делат на машки и женски. Мажите знаат и да зготват и да исчистат. Таа обврска е 70% моја зошто маж ми оди на работа, ама исто така кога може и кога треба готви, пружа алишта, чисти итн. Јас тврдам дека се функционира без помош од било кој. И маж ми знае да е отсутен од дома кога оди на слижбен пат. Тоа може не е пречесто, ама во меѓувреме не умирам за јадење.