Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    Девојко ти ги читам мислењата и така заморна во еден момент си помислив да не сум пишувала јас ова ... Буквално од прва до последна буква сме исти!!! Иста ситуација, исто се’ . Па дури и малечките ни се иста возраст!
    И јас додека живеев до пред три месеци во заедница не се чуствував воопшто како да ми е тоа дом. Немам што да коментирам понатаму, буквално сме во иста ситуација!! 8)8)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    8.643
    Пол:
    Женски
    Па да глупав термин е помош. Но не можам да чекам кога ќе си дојде од работа во 7-8 ноќта да фати да пружа алишта или да готви. А со дошол целиот во прашина, и утре наутро треба да стане во 6 и пак да оди да лупа цел ден.
    И не велам дека е невозможно без помош, ама кога може да се има бар на почеток според мене нема ништо лошо да се користи. Јас користам дур се со нас неговите, поделени обврски и се е ок.
    А кога се породив првите три недели да немав никој до мене, лично јас немаше да можам да издржам. Јас одвај од кревет станував првите три недели. Плачев од болка за да се поткренам да го подојам детето. Ребро ли ми пукнаа на пораѓај, не се снимив за да тврдам со сигурност. Ама тоа беа ненормални болки.Плус епизотомија која не зарасна убаво, па мачкај месец и пол балзами некој таму и не смеев цело тоа време на газ да си седнам, туку на бут странично. А маж само 10 дена можеше да земи одмор. И да не беше свекрвата и потоа мајка ми, незнам како ќе минував.
    Можеби зборам така ради тоа што ми се случи, а да поминев без мака можеби ќе имав друг став.
     
    На 1209, atz1995, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Интересно. :)
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Без мака никој не поминува. Дали физичка, дали психичка болка, дали и двете.. сите имаме по нешто. И јас имав рана од епизиотомијата што тешко заздраве, дур беше маж ми дома ми го носеше бебето за да го дојам зошто не можев да станам од болка. Ама помина и тоа. Секој сам си одлучува колку, каква и од кого ќе прима помош.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    22.046
    Пол:
    Женски
    Комбинација од Бејбитол Д3+Омега и Пливит давам. Не се десило да бљуцка.
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    410
    Кој витамин Д го давате на бебушите? Се префрливме од Бебитол на Пливит и од денот кога сменивме многу повеќе бљуцка. Немаме сменето ништо друго. Коинциденција или се случило на некој истово со Пливит капките?
     
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.406
    Допаѓања:
    25.051
    Пол:
    Женски
    Д3+К земаше до пред 10тина дена, потоа Д3+омега, сите дена повраќаше после давањето и тоа повеќе пати, прекинав и прекина да повраќа, сега давам само Вигантол, со омега пауза, ќе пробам пак, ако повраќа не го давам, на првото само Пливит Д3 му давав, од ко се роди, ни омега и витамин К, здрав, прав еве го 5год маже.
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    8.643
    Пол:
    Женски
    Мамасити едно прашање. Транспортерите се до 13 кг. Синко е веќе скоро 8 кг. Дали треба да ги вадам тие потпунките на транспортерот? Некако ми делува како да му е тесно во него. Дур да купиме седиште.
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.406
    Допаѓања:
    25.051
    Пол:
    Женски
    Пробај види како ќе му биде, следи си дете, моево некако кнап е скроз а и ретко го користам транспортерот, последно пред 2 недели беше ставен и не го бери веќе, некако неудобно ко да му е, само ако одиме со кола некаде, а низ градчево мое до кај мајка ми в раце го држам, 3 мин со кола сме таму.
     
  10. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    8.643
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам да видам како ќе му биде без нив. За во кола ми е најмногу. Сега за мк ќе доаѓаме. Инаку планирам во спортското седиште денес да пробам на 45 степени да видам како ќе пројдеме за низ град шетање.
     
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    11.916
    Пол:
    Женски
    Ја ги извадив, ама некако без врска ми е. А со нив како да се теснеше.
    И никако не сум искрено. Среќа нема да мора да возиме. Купивме седиште и ќе чекам да седне. Ќе помине некој месец, ама и ладно е кај нас, никаде не ми се оди.
    Бебе во 4 скок. Од дете што само се успиваше преку ден, еве цел саат. Ни во рака ни само, ни до мене. Само рика рика и рика. Никако да заспие, а се преморена е.
    Кажете поминува ли после скокот или вака ќе е :devil:.
    Две ноќи до сега имаше само малку драма. Сепак се јадеше. Уште две недели има од скокот.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viveki

    Viveki Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    11.259
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас мајка :) Истото се дешава. Уште две недели ајде ќе изгурае па ќе чекаме 5ти скок :D
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Ние користиме на Пливит веќе два месеци и до сега не ми се случило да ми бљуцне од нив. Дали имате препорака од ортопед за колку капки да давате? Бидејќи Бебитолот и Пливитот ја немаат истата количина на витаминот. Пливитот се дозираат и по килажа.
     
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    11.916
    Пол:
    Женски
    На крај од спална морав да пробам во дневна и таму да ја нишкам, и таман заспа, за 20 мин нозе пак во вис. Ама кога те читам тебе, си велам ок е не само кај мене. Белки не грешам ништо.
     
    На lackygirl и Viveki им се допаѓа ова.
  15. Viveki

    Viveki Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.536
    Допаѓања:
    11.259
    Пол:
    Женски
    Не грешиш срц, ни скокаат беињата :D :D :D
     
    На lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  16. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    410
    па да, ни рече 4 оти 6,5 кила има. па што знам шо да мислам... можда бљуцка и од вакцината...
     
    На kate89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Macimaxi3

    Macimaxi3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2023
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Кога живееш во заедница не е лесно реално ние се одделивмр ама пак смр во иста кука и на ист влез, додека бевме заедно се и сметаше моите јадења не и беа никогаш убави а и никогаш несакаше да ме посоветува да каже што не е убаво. Сега ме мачи ако биде исто и до бебушот кога ке дојде незнам како ке се справам да ми кажува закони не така вака не вака така од мојот збор оди се спротивно, или ако плаче па да ми вика каква мајка си детето само да плаче и да ми го зема и да му се прави мајка таа.
     
  18. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.503
    Допаѓања:
    2.337
    Пол:
    Женски
    Да треба, до 6 кг се користат тие, па се вадат.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Од старт сме на Биогаја, скоро сме 5 месеци и би сакала да го сменам. Кој друг пробиотик го препорачувате?
     
  20. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.719
    Допаѓања:
    20.626
    Пол:
    Женски
    Значи дали некој прима вакцини како нас секој месец, јас денес и им викнав на вскцини. На точно 2месеци прими само рота, дојди мајка нареден месец за рота втора доза и шестовалентна. Одсабајле правиме крвна слика, матичната вика супер сте одете на вакцини директно. Одам таму го прегледуваат бебе супер е, ама ке примите само една па нареден месец пак две, зошто викам да не е болен нешто, не супер си е, таква е процедурата, Па нели е процедурата 3 вакцини на два месеци, па после на 4, јас секој месец дете на вакцина носам.. што држава сме не знам и што здравство имаме