Ти ќе си поставиш правила со бебе, ќе си кажиш не ми се мешајте и готово. Твое бебе твои правила. Исто и кај нас ист влез. Од искуство за првото како неискусна мајка дозволив некои работи од незнаење што се вика, за второво никој не зуцна, не можеа ние сме во куќа, долу живеат светковци, свеки прави ручек и при тоа оди на работа во 3 смени, ретко јас правам кога е таа прва смена. Јас сум така научена и еве 7 год супер функционираме, да бевме сами ќе морав да готвам (ич не сакам и немам желба) и верувам дека и така ќе се снајдевме. Јадиме долу кај нив, од на работа си идев пр во 3ч свекор салата прави секој ден обавезно, нема ден да нема салата плус ракија седнувам само на маса ручек поставен, јадиме и одиме горе, свеки се качува горе, свекор сега од ко се роди бебе пред тоа скоро ич не идеше. Како и да е, на кој како му одговара така нека си прави. За вакцини нз како е уште и кај нас мислам сите наеднаш се, 1 за пиење и др боцкање, така требаше ама моето рота нема воопшто да ја прими, од декември почнуваме со вакцини ние, на 4 месеци, да накрени имунитет од сипаниците. Ни првото рота не прими бидејќи ко ја воведија беше голем (7, 8 месеци).
Веќе три дена немало столица. Да, на доење сме, но претходно не се случило такво нешто. А читав од многу мајки дека Биогаја може да предизвика запек. И правите пауза со пробиотикот или давате секој ден? Планирате до две години да давате или помалку?
Јас давав 1 месец после првата вакцина рота. Ми препорача докторката кај вакцините,и заради стомачето ми беше страв да не има грчеви од вакцината. Сега веќе не давам,природно сум породена според нашиот педијатар не треба да прима.
@lalinda Може и да доцни, нема правила. Јас добив точно 4 месеци по двете породувања. После првото добивав редовно, а сега после второто породување ми доцнеше 2 недели.
Дали може порано да почне скок? Пишува дека 4тиот почнува за 4 дена ама денес дечкото е ептен у форма
Не се осврнав на тебе, туку општо зборев. Дека некогаш се маваме во гради и сме прегорди да признаеме дека ни треба помош. Некогаш ми се чини дека сами си наметнуваме некои нереални цели. Помош не треба, тв пуштање не треба, дубак не треба, џампер не треба, детето треба да се анимира но не да се престимулира, да јаде ова, да јаде она….Сите овие цели се нереални без помош! И после се чувствуваме виновно доколку пуштиме тв на 10 мин за да иаме време да си направиме ручек. Некогаш има ситуации каде треба да се реагира како во авион, треба маската за кислород да ја ставиш прво сам на себе, па после на детето. Од празен бунар не се црпи.
Тоа со прво дете така ми беше, во право си се, ама со второ подруго е... Легнат си на брашното Да прашам на 3 месеци дали пробуваа да се исправаат нанапред, денес цел ден се напнува напред, како кифла се витка, да го боли меше ќе плачи. Го држам пр со грб на мене легнат и се крева.
Мислам дека јас и ти сме исто од претходни коментари, породени 06.08 во 37+6 , малата е оваа вечер надвор од контрола
Дали претходно му даваше биогаја? Мислам дека повеќе е од вакцината. Јас од старт давам биогаја, откако прими вакцина исто има запек.
Настинавме и јас и бебе. Некој совет како него да му помогнам? 4 месеци е. Кашла, кива, носето му се полни, за сега тоа е само.
Ако немате препорака од доктор што да користиш, можеш бебешки спреј за нос, јас во секое време го имам Марисимо. И за чистење на носе, аспиратор за нос, за да вадите мрсули. Имаш од обични за влечење со уста и Носко што се приклучува на правосмукалка
Ја читав @AngelOfArh даваше препораки за Ургент Ц,во темата за доење. Ова за тебе Бебе мислам треба да го носиш на лекар.
Бебето веќе 15-20 дена е само на АД. Инаку 3++. Забележувам дека некогаш сака да се напие пред да заспие. Пример има испиено цела доза млеко пред еден и пол час, но кога сака да заспие бара пак. Ако направам млеко испива само 2-3 голтки и заспива. Како да е само жеден зошто инаку е доста активен гука прета цело време. Денес пробав наместо млеко му дадов од млаката завриена вода испи 2-3 голтки и се смири заспа. Чај не давам и општо вода не давам. Што мислите во ред ли е вака да нудам водичка зошто испаѓа дека е жеден а не гладен??
Вода не е препорачливо дур не се воведе цврста храна, т.е. до 6 месеци. Јас давав по препорака на доктор кога беше бебе ради жолтица, и потоа прекинав, за да не направам штета. А сега кога воведувам каши, не сака да проба за ништо живо вода. Но многу пати се прашувам со тие две три голтки многу ли ќе му наштетев ако продолжев да давам, зошто сега не сака ич кога треба да ја пие. Сама си одлучи дали ќе следиш препорки или минимално ќе ги прекршуваш.
Ќе пропие, нема потреба да се замараш што ќе беше ако беше. Ретко кое бебе сака вода и нормално е да се навикнува кога дотогаш само млеко пиело. И храната и водата е ново за него. Сепак бебе додека не почне со храна, не треба да пие вода/чај.