Тоа знам, ама секогаш ќе си постојат прашања. Сега пробувам на секој можен начин барем малку да проба. Ништо не ми успева. Тврдоглаво бебе имам ист како мајка му Се надевам ќе се смени за брзо. Не сакам и синко ко мене да не пие вода. Јас искрено пропив вода во бременоста. Предходно многу слабо, а ко дете ич. Мајка ми ми вели ти си дете пораснато на млеко и сок. Водата сум ја плукала
Не би давала вода ако претходно испил помалце млеко. Се случувало и така, остава 30-40-50 мл зависи и во тој случај ако бара му давам млеко. Но сега имаше испиено целосно и осеќав дека не е гладен.
Преку цел ден по малку, ќе се соберат 20-30 ml. Толку е доволно за почеток. Нормално е да одбива. Вода си е вода, ќе сфати со тек на време дека гаси жед.
Верувај ми знам луѓе што од почеток давале вода па кога почнало детето со цврста храна одбивало да пие. Правила нема. Ќе пропие. И мојава слабо пие вода ама тоа е, ќе смени.
Леле денов хистерија, хистерија за се'. Прво се преспавме, стана во 8:30 и баш тој пола саат мислам цел ред го сруши. Од утре со аларм во 7:30 да станеме. А заспана е од кај 7:30пм или 8пм. За јадење прв пат стана скоро накај 5 сабајле. Ама што кога немирно спие по цела ноќ. Не знам дали и се наспива. Нозе у вис и претање, а и со глава цело време лево десно..како да не може да сврзе сон. Па ќе се подразбуди, ќе почне да гали ќебе шо го ставив на оградицата од креветчето да не скрши глава, па пак ќе заспие. Барем ноќе не ми прави драми со дерење фала богу. Се надевам само така да остане. Знам за ќебето не треба, ама па избор немам. Едновреме толку преташе што напреку ја наоѓав во креветчето. Сега се хистерисаше оти и паднало цуцето на височество, оти цели три секунди не сум до неа. Абе како, значи ептен ми е разгалено детево. Па да имав уште едно вака ли ќе се однесуваше. И кај вас ли се така. Се си мислам многу и дозволувам на мадам. Поима немам. Спиење дневна дремка повеќе од 20 мин. само ако е мушната со фаца кај мене у гради. А шо не сака да цица, снемав скоро скроз млеко и грутки ми се прават, за на крај 20-30 мл да излезат. Се пумпам кога ќе стасам и на сила, за 200-300 мл во деноноќие. 100 пати пумпа мијам. Не можам значи веќе, ама не можам ни да пресечам да речам ете толку. Со кенгур почнав да ја вежбам, сакам да ја навикнам, добро е има прогрес до цели 10 мин со драми. После викање на најако пушта . Ама ко ќе ми текне оти ни 10 секунди не сакаше, на добар пат сум. Додека ја навикнам ќе смее и на напред веќе. Мене уствари ме мачи што не сака да се врти. Значи колку ми е мрзливо детето аман. По сто пати на ден се покажува. Неа не ја занима. На стомакот лежи од што мора, не оти и е убаво. Со раце речиси и не прави никакви движења додека е на меше. А се трудам да ја анимирам нон стоп. И пред огледало и јас на земја со неа, и на нозе и на перница. Додуша на нозе и перница кога е пак нешто ќе фати, ама на под не баш. Глава крева инаку нагоре. Ама не и со раце да си помага ептен. И оттука нормално никаков интерес да се сврти. На грб лежи на подлога. Ќе фаќа и играчки..ќе денса со дупе нагоре. Нозе се креваат ама исто од грб на меше не се врти. И дури кога и покажувам, знае што следува ама не сака и не. Ајде ги тргнав висечките играчки да не е само со раце на горе. Од страна ја лажам со играчки. Не пак никаков интерес нема. Кога ве читам тука со бебиња од 2-3 месеци како успеавте да ги натерате да се свртат? А се роди активно бебе и глава држи сама веќе од пред повеќе од два месеци. Ќе ја носам и на ортопед, ама се мислам и на киропрактика да видат да не има некоја блокада. Не знам треба ли да паничам или не. Бебе е 4 месец и во скок нормално.
Не форсирај моето се сврти една недела пред да наполни 6 месеци. Ставај на подлога и остави ја сама, ќе видиш дека со тек на време сама ќе почне да се спрема за движењата, прво едно по едно, па после ќе си ги спои во вртење. @0ли
Mojata mi vika ke go naucela da mi vikalo da ne go zamaram i da si odi kaj nea dole da ne sedelo so mene a ja po nivi da sum si odela taa so deteto da sedela.
Море арно викаш, денес не да ми иде да ја оставам, усвет ми иде да фатам. А се заигрува повеќе кога не ме гледа. Тоа сум забележала. Само што многу брзо птеминува од играчка до плачка. Подлогата е супер. Со различни материјали и текстури. Шари. Ама џабе кога на моето не му се истражува на меше туку се лути. Ахам да. И после 30 секунди откако ќе рикне ќе избега. Остај ти што дрндат. Дај бидете поумни и не се замарајте со шо ќе кажат.
Не ја форсирај да се врти, друго сега прави и ја интересира. На пример, кревање нозе нагоре е и тоа како вежба на која е сега сконцентрирана. Јас не покажувам ништо, што има да покажувам кога си знае сама и кога ќе е спремна, ќе си направи тоа што наумила. За да дојде до тоа што мислиш дека и' покажуваш, треба да зајакне постепено делови од телото. Мојата креваше нозе и само тоа па тоа, друго ништо. После почна постојано да се врти од меше на грб од двете страни. Со ништо не ја натерав, се клатеше, се придржуваше и се охрабри да се сврти. И статична беше на меше, со рацете исправени, а таа рацете ги вежбала и да се задржува и со стомачни да се стегне за да не паѓа на глава на подот кога се врти на грб. Интензивно се врти од меше на грб сега, има 5 и пол месеци. Можеби премногу се трудиш да ја анимираш, остави ја и сама на под да се занимава. Ставај и на грб и на меше, ќе се врти. Играј си со неа, не велам да не ја анимираш, но и кога е одморена и расположена, оставај ја и сама, биди и' во близина за да не плаче. Ако се расплаче, придружи и' се, смири ја и сл. Ама да има можност и сама да прави. Ние, на пример, кога сме сите на под (таа, јас, поголемото дете, мм), помалку прави движења.
Ми требаше некое време да сфатам дека ова не значи “поплачи си со неа”, туку “придружи ѝ се на подлгата”. Си имам трауми од плачење јас.
А бе може и да си поплачеш, зошто да не Јас не се изразив комплетно, требаше да додадам придружи и' се долу
Мене вака напишаното повеќе ми се свиѓа . Зависно нели, некој пат у хор. Абе ја оставам како што велите. Ама негде ми се уврте у главада не ја запоставувам па не и покажувам. Бла бла. Инаку да. Сега е концентрирана на нозе горе и виткање и пробување да се исправи со горен дел од телото кога лежи. Тек дури се фаќа на креветчето и се тегне кон горе. Или сабајле ќе се фати на вреќичката за спиење и ја тегне нагоре. Па тоа пискањето моментално е хит. Писка и интересно е да се слуша. Исто секоја ноќ се расправа со греалката над пресоблекувалната. Абе цепки. Кај успан ти се дреме, не знаеш кај ти е главата, она ти прави оганче во душа. Лавандер дрш се ќе помине и таа фаза со плачки, па друга ќе дојде и така .
Не ја запоставуваш ако не и' покажуваш Или еве, ти ќе ја свртиш на меше, ама знаеш колку треба за да дојде до тоа? Ќе треба да се потруди малку, не е сега ти ја сврте и готово, укапира и аха, мама ми кажа како треба, ајде одма да си се свртам за да не ја гледам расплакана мама што не се вртам Се фаќаше и мојата на вреќичка, ги фаќа ногавиците од пижамите, тренерките. Сакаше да дофати стапала, нели треба и нив во уста да ги става Без гајле, ќе прави сè, но кога таа ќе сака. Мојава поткашлува за внимание. Ако не ја гледаш во очи, почнува. Не само што сака да не е сама, туку и да е цело внимание на неа. Мене поголемото ми е спас. Како хипнотизирана е кога е тој тука, тогаш не сум и' потребна.
Знаев дека ми фејка со кашлањето значи. А како до кај година не знаеле да манипулираат Абе ај. Да, до таа фаза сме како што имаш опишано. Ја оставам тогаш, нека укапира сама. И ова со вниманието што бара исто. Е не и трчам веќе на секој вик. Нека се занимава повеќе сама.
Мојов дасо го оставам на подлога одма се врти на стомак, ми се чини уште неубаво спуштен тој се врти. И почнува како стрелката на саатот да ротира по подлога и да ја гледа. Не сака многу време да поминува на неа. Ама малку по малку ќе навикне. На подлога не лази ич, ама на онаа за пресоблекување, и на неа се врти на стомак ( ми се чини некој ден ке ја прескокни страницата странично и ќе се најде на кревет ) и почнува ко војниче и доаѓа до крајот на подлогата и ја јади етикетата, тоа му е крајната цел . Во столица го седнувам на 45 степени, тој се фаќа кај му е згодно и се исправа. Сака да седи. 5 месеци и 21 имаме. Ке почне и твојата не се секирај. Таа кога ќе е спремна се ќе направи. @0ли И синко кашла за внимание или се дери од грло за да постигне тоа што сака
Фејкери се, пази се Ти мислиш таа не знае да се врти? Знае, само не сака. Еден ден само наеднаш ќе се сврти, ќе се чудиш од каде па сега тоа
Ќе разместиш низ дома. Јас цел стан преротирав. Не е веќе се цики цаки скоцкано и подредено. За да се смести креветче и комода за пресоблекување во спалната извадив нашите комоди и ноќните масички. Ја изротирав цела дневна и така.
Пазете ги само бебињата со кашлањето, посебно тие што имаат поголсми браќа/сестри во градинка. Носев бебе вчера на редовен преглед, на контрола за 2м, излезе дека има многу мал наод на плуќа. Сосема здрав изгледа, освен повремено многу кратко забрзано дишење (не е чудо за бебе) и поткашлување како од плунка. Нема ни секрет во нос, не бил болен, расположен, цица редовно.... второ дете ми е, имам искуство и со болести и со кашлања. Така да, ептен внимавајте ве молам. Не сакам ни да мислам што ќе беше да не го слушнеа.