Да, ни се деси и на нас истото.. бебе имаше 5-6м тогаш и јас си го носам на редовна контрола кај здрави дреца, никаков симптом нема и она го слуша и ми вика опструкција и јас во шок Сакав есен и зима, али ради вирусиве почнав да ги мразам
Ова кашлање не е такво, туку баш се гледа дека глуми, и после ти се смешка, демек добро е ми успеа привлеков внимание. Не знам како да опишам со зборови како изгледа тоа. Го носам редовно на контроли. И сепак фала на советот. Точно треба да се внимава.
Се согласувам дека не е такво кашлање, се забележува дека е само за внимание, игра. Плус поголемиот не оди во градинка и периодов сме немале контакт со никого. Инаку, кашлање не е шега, сериозна работа кај бебиња.
Леле мене да ми е таа.... ау јас го знам лекот. А Маж ти кај е во ситуацијава? Што има тој да каже??? Како бе ваков однос ? Не дозволувај бре ти си жена лавица ! Уживај бо бременоста никој нема право да ти го земе детето и ќе си го воспиташ ти како што сакаш. Не дозволувај и бре на една вештерка да ти влијае на самодоверба! Инстиктот ќе те води не се секирај само не им дозволувај ништо од ова
И моето така кашла од многу мало, а во последните денови е ептен изразено. Мене ми е многу слатко. Особено кога ручаме ако е буден седи со нас и тука паѓаат најголеми смешки и кашлање ако барем еден од нас не гледа во него. Опасни се.
Да се надоврзам за кашлањето. Јас овде прашував пред еден месец дали ми кашла за внимание, и да точно испадна. И вие така ми пишавте и јас сфатив Ние сме утре на контрола,па ќе видиме што ќе каже педијатарот како е. Инаку батко наполни 4 месеци, исто како твојот ,си го обожава бато,само на него најнежно му се смее и некако заљубено го гушка кога ќе му се приближи до лице големиов Прееска големиов го прибрал до маса со количката да го дружел кога ние ќе станеме од маса Од 3тиот месец па навака бебе си се држи за облеката,нормално ја носи во уста и додека јас облекувам еден ракав вториот веќе е мокар Има сила како старо човече кога ќе ме штипне или скубне ѕвезди бројам Се врти од грб на стомак но само на десно?! До толку го извежба вртењето што уште не си се исправил спуштајќи го на подлога,тој веќе се свртел. Се враќа и од стомак на грб,но треска малку со главата,тоа допрва треба да го вежба. Многу сака да му зборуваш, секој ден изненадува со нови звуци,последно му е со грлото грррррр да си прави гаргара Се радува на ѕе или бу, се смее на тапшин тапшин. Во последнава недела ако го држам за дланките а е легнат кај мене со грб се исправа до седечка положба или се фаќа за тренерки и се тегне да седне. И без да се фати за нешто,ја подига главата за да стане. Нели е рано(4м) за седење? Инаку стигна до 8кг,уште малку ќе ја скрши вагата кај педијатарот фативме ред со цицање дење,но ноќе уште е немирно спиењето,првото будење на 3 следните на 2 часа...ова ме истоштува многу. Инаку можно ли е да доби лишаи од вакцините? После првата вакцина се појавија неколку, после втората едно лишајче до боцнатото. Лишајот се вцрвени и излупи. Го чекав прегледот кај педијатарот за да ми одобри Биодерма козметика за атопична кожа и плус да не треба уште нешто да мачкаме. Ужасно изгледа многу ми е жал. Се распишав цел реферат,а сакав само за кашлањето да реплицирам
@Sofi.ja Ауу што ти стана, се изнапиша Ама најслатки се, вчера ме стопија, си се изнаплакав од убаво... Двајцата станати од дремка, на спална си лежат, а бе милина. Таа го дрпа, му се обесила на облеката, а тој па припиен до неа и ја остава да го малтретира. Се гледаат очи во очи, си се смешкаат, не знам колку слики направив. Во почетокот многу се плашев. Малку ја потчукна, еднаш ја касна, ептен кратко ги здружував и се плашев да не ја повреди. Ама со тек на време стана многу нежен со неа. Инаку, за ништо не е рано ако само прави бебето. Тоа се спрема, си вежба, не значи дека сега ќе седне. Има долг пат пред себе, си фатило со време да се спрема
@0ли кај тебе колку се разлика? И кај нас иста слика деновиве, легнати лице в лице, големиот му се смее, малово ауу ауу, гуу души се, солзи на очи одма идат досега е супер големото, многу го сака братчето, го гали нежно, општо многу си е емотивен и нежен, има љубомора да, има во денот 2 3 пати плачење тажно за ништо, ама тоа е...малово па го ѓиба, му гуга за да го види Денес бебе 3 месеци прави Од утре трет скок пиши ама изгледа почнат е вчера цел ден кратки дремки од 30 мин, најмногу еднаш спиеше 1 сат, одвај во 23ч заспа и спиеше до 6 и пол цели 7 и пол часа, не ми се веруваше дури, градите преполни млеко. Ко стана се засркнуваше во цицање. Цел ден вчера пробува да се крева со главчето, исправен се витка нанапред, денес се врти на страна на десно и плачи, стои така и плачи, пробува и рачиња в уста да стави, некогаш успева, повеќе не, тоа веќе цела недела го вежба, се разбудува од дремка и одма со рацете е зафатен. Ова со вртењето ми е ново и непознато, првото не се вртеше до 8 месеци а исто расти како него. Ама ете и ден денес е мрзлив големиот.
@lackygirl Три години се разлика. Ако некој и' обрнува внимание, одма нему му се моча, му се пие вода, но сака да учествува со неа заедно во сè. Сега со вкусовите се мота, бара каша и тој и и' покажува како се јадело, ми ,,помага" витамини да и' дадеме, да ја пресоблечиме, на подлога многу сака да се заедно, да се гушкаат во кревет, и' тропа со тропки, ако се возиме во кола и таа спие, едвај се научи да збори тивко и да не се смее гласно. Малку напорен период додека навикне бидејќи беше научен само со него да сме, но ете полека се прилагодуваме сите. Во 5-ти скок е малата, да најавам дека досега е добро.
Исто, и меше го боли почесто Или на пр ќе застани Види како можам или на пр ќе прдни и вели Море јас прдење хахах дека за бебево цело време велиме дека прди силно се за внимание, исто за тивко да зборува, веќе се навикна кутриот, само намали ТВ, потивко зборувај, не викај, жал ми е и за него, ама се сеќава малово па. Од прво спиеше без проблем во гужва, во се ама сега не.
Леле исто! Ептен ми е жал, само го опоменуваме. И кога пее, сака на цел глас, а ние само го опоменуваме да пее потивко и за греотка си пее со шепотење И чека да му кажам кога ќе стане за да се изнапеел да цел глас. Внимавај за неа, внимавај за него, пукнавме со мм
Дали сте имале искуство со запушен солзен канал? Денес сабајле како мрсулчиња од окцето и поинтензивно солзење. Правам масажи, нема црвенило но ете, окцето е кристално и сјае од што му солзи. Некогаш и се чешка. Бебе од 2м
Моето поголемо дете имаше така. И на брисеви го носев и капки ставав, марамчиња има за бришење и што сè не правев. Само добра масажа кај тоа топченцето на внатрешниот дел од окото помогна. Малку посилно стегни, јас масирав повеќе пати на ден додека цицаше. Само така престана да му се прави секрет, со месеци се маткавме.
Тој многу се лутии и и вика многу пати дека се глупира а таа од инает му збори упорно само да го нервира, ама јас нема шанси да и дозволам она да се прави мајка на мое дете се знае која е мајка а која е баба.
Така треба лавице имаш значи и од сопругот подршка и не му ја мисли воопшто! Бебето си е твое, ваше Како сака така воспитувај го и гледај го! Те молам не се предавај и не дозволувај, во иднина ќе си имаш последици и ти и детето ако и дозволиш да се меша
Мајки дајте совет затоа што веќе еден месец секоја ноќ ни е иста и ми е жал за бебчо, еднаш не легна за спиење а тоа да не е после 1ч плачење. Предку ден кога треба да преспива, заспива без проблем, но навечер кога одиме да си легнеме во соба, а го спремам и легнам за спиење од почнува да плаче, мрда со раце без престан, нозе грчи и дига во вис па пушта...Му давам да цица не сака, ќе го земам во раце и така не сака и откако ќе пробаме се на крај се уморува од тоа бунтување и плачење и заспива..Сега за некој ден ќе правиме 4 месеци, до пред месец дена не беше ваков, секогаш кога ќе си легневме само ќе го свртев накај мене и си заспиваше без проблем..
Па претпоставувам дека не, бидејќи со исто темпо тераме и пред дневните дремки, а тогаш нема проблем со заспивање...Прашав матичен ми вели грчеви, но ако има зар само тогаш би ги имал пред заспивање...