Бебе мое ич не сака да се вози во транспортерот, се тегне цел, ги влече каишите, плаче, возењето хорор ни стана. Дали овие седиштата 0-36 се можеби малце покомотни? Пробав да го анимирам со некоја играчка ама се е џабе
Кај повеќето бебиња грчевите се случуваат во ист саат, така да има шанси. Пробај пред да го успиваш направи му масажа на стомачето и вежбички, би требало да му олесни ако се грчеви.
Мами ми поврати малце како водичка бебко, весел си е обично знае некогаш да бљуцне кога става прсти во уста ама сега не беше таква ситуација... што да следам ако пак ми поврати?
Здраво мајки ако може совети и искуства плис..значи вака бебе е 1+ од почетокот цице од мене, е сега мене ќе ми прават интервенција па не смеам да дојам околу два дена а бебе не сака од шише да цице за жива глава сменивме 5 шишиња 2 дохрани не сака па не сака дали некоја е била во слична ситуација како да пробам да фати шише?
Мајки што сте се молзеле на почеток,бебе старо 9 дена јас молзам по 20мл едвај,тоа значи дека немам доволно млеко ?
А примаш терапија нешто? Нз немам совет, јас некни имав молзено и пробав со шише да му дадам, никако не знаеше да фати, ни 10мл неможеше да испие. Само ја џвакаше цуцлата.
https://instagram.com/nursingmama.ie?igshid=MzMyNGUyNmU2YQ== Разгледај го профилов, има добри совети како да го научиш.
Не примам никаква терапија, нема да смеам заради анастезијата тој ден да дојам и пред тој ден од вечерта
Веројатно мисли да лежи бебето, да го фатиш за раце и да го тегнеш да седне. @lalinda Ако мислиш на тоа, не треба да го тегнеш.
Така е Мене педијатар кај вакцини кога кажав дека не тегнам, ми кажа ако не сакаш да ја тегнеш за раце, фаќај ја на рамениците
Да, на тоа мислев. Претпоставив дека не треба. Не го правам, не ни планирав. Свекрва ми вели така требало да ја вежбам, така го вежбале другото внуче. Само ѝ реков јас не сум за тие вежби. Па да си прашам и тука за ваше мислење.
Ти си одлучуваш како за твое дете. И ќе си кажеш како што си направила и за ова. Така споредби кога прават ми се крева косата. Од кога тегнење за раце стана вежбање , недај боже ќе му измакнат раче, ќе го сакатат детето. Страшно.
Имаш доволно млеко и јас на почетокот молзев по 30мл едвај и мислев дека немам, но подоцна ми објаснија дека градите се полнат со онолку млеко колку што ќе исцица бебето претходно, значи според неговите потреби. Па како он растеше и цицаше се повеќе и повеќе така молзев и повеќе мл млеко и еве успешно тераме веќе 4 месеци.
Можеш онлајн од Muppet Kids, Wenice, Okaidi, во Зара ги има оние плишените, george.mk скоро објавуваа на инста, Fashion Group. Провери ги сајтовите на сите овие, види си според буџетот.