Кај нас на 3 и пол месеци почна сам да се крева. Сега е 4 и пол. Не го вежбаме и не го тегнам додека му се испружени рацете, туку кога лежи за да го земам во раце, му давам раце, ме фаќа и го фаќам и јас цврсто да не ме испушти он, и се крева сам до седечка положба па го зимам. Му покажавме на педијатарот и таму кај што ни пуштаат вакцини и рекоа дека смее така.
Мајки моето малечко има 3 месеци и пред 4 дена ја прими 2рата роА на рота и по една со боцкање во ноџињата. Е сега од петокот се немам покакано некој совет? Тој е само на доење
Моево почна главче да крева од легната положба на грб, 3 месеци е, се стега и го крева и така стои неколку секунди, исто кога стои в раце во исправна положба се витка напред како кифла..мислам и првото вака правеше. Не е тоа вежба, нека си вежбаат други твоето не. Ќе му кажиш и готово не се замарај, оти многу знаат сите да кажуваат посебено ако ти е прво и незнаеш многу работи, нешто што не треба ќе правиш така од мајки, свекрви што кажуваат... Од прв ден дома од ко е донесено бебево имам коментари ладно му е облечи му ова, покриј го, а надвор пекол 16ти август породена, бебе си беше само по пелена и боди, на двете му реков не ми се мешајте јас си знам второ ми е и прекинаа да велат, или ако нешто речат одма сечам. Дојди мама ќе настини, ќе му фрлеше пелена, јад одма тргни ја тебе жешко ти е Да е па и него му е и велев, еве и ден денес двете го земаат в раце и со пеленче го виткаат не го виткај дома е, топло му е, плус е в раце се топли на тебе му велам и го тргам пеленчето и стално му велам еве не настина од необлечен. Ама сега ич не ме замара не ме допира никој совет и коментар а со првото се нервирав.
Dobar den majki.Do koga gi davate WAYa kapkite i espumisan? Vo vtornik sme na kontrola a mi se potrosija i ne znam dali da kupam,pedijaterot mi e nedostapen vo momentot
Јас пробиотик waya се уште давам, а за една недела прави синко 6 месеци. А за грчеви престанав да давам кога наполни 3 месеци, зошто му престанаа грчевите.
Мајки теменици кај веѓите исто со масло за теменици ги чистите? Гледам има неколку како лушпиња, сакам да ги третирам дури не се раширени.
Син ми имаше само на веѓите. Ги исчистив со стерилна газа и вода кога беа омекнати после капење и не се појавија повторно.
Како мислиш, за спиење или? Јас го шетам од прв ден по собиве дома, детска, спална, долу за јадење со него слегувам (кај свеки јадиме), кај мајка ми исто, па се пули по ѕидови, по тавани, разгледува. @KuklickaSk како е малото? Појави симптом, дека имаше спуштено?
колку вит д им давате на бебушите (капсули - бебитол)? бебо е 3 месеци и 6,5 кила, не знам колку капсули бебитол се еквивалентни на 4 капки плива капките. ме збунува што ортопедот и педијатрот се као зголемеге доза, а на бебитол кутијата пишува една капсула до една година да се дава.
Не ништо. Пред 3 недели беше големиот болен, малото малку секрет во нос 2 дена толку. Ама на редовна контрола ми кажаа дека има мал наод и еве веќе 7 дена е со инхалации. Треба 12 дена да сд инхалира. Во меѓувреме големиот не одеше вп градинка, не се мешавме со никој, бевме и на воздух во Дојран цела недела, така што претпоставувам дека е од тој вирус пред 3 недели. Грев жив на 2 месеца три пати болен. Вие како сте? Пројдоа сипаници?
Да за спиење. Сега спие во колепка во спална со нас но почнува да ја надраснува. Сакаме да го префрлиме во креветче во детска(кое што немс да го собере у спална). И сакам да го префрлам за еден месец да спие таму навечер. Притоа сите дремки се во детска така да позната е и просторија и сѐ. Да напоменам живеам во стан, детската е на 2м од спална, имаме и куче што сѐ слуша ако бебе мониторов не фати нешто
Бебе е 7+ месеци, веќе неколку месеци давам една капсула Бејбитол Д3+Омега и 4 капки Пливит Д3. Ортопед ни кажа три, ама останува на лажичката, ќе плукне, па ќе капне и затоа давам 4.
Да лесно ги помина, дури прелесно, ни тт само до 37.7 - 8 крена, малку осип, без чешање.. Големиот дома е, пиеше тој антибиотик за стрептокока и еве уште е дома од страв пак да не донеси некој вирус, многу ми е мака што е дома ама многу е лошо за малово, паднат имунитет а ниту една вакцина нема примено. Нз за само не би оставила лично јас, ама секој си знае за себе. На 3 месеци дали ви се плашат од непознати?
Кај нас спие во детска од прва недела дома. Пробавме креветчето во спална но еден шкаф стана нефункционален, мм во дневна стана хаос.. Без исклучок веќе 3 и пол месеци си спие во детска имаме камера и вратите се отворени цела вечер. Собите се една до друга многу е блиску реално. Е сега бебето уште е мало за да се превртува скроз и доста мирно спие. Ќе видиме натаму.