Колку дремки имаат вашите 4 месечни бебиња,колку е прозорот на будност и колку време се будни пред ноќно спиење? Оваа недела секој ден ме зеза малиов. Обично има 3-4 дремки. Ако се три,едната е 2 часа. Другите по 30/45/60мин. Или четири пократки. Некогаш заспива на два,некогаш на два ипол/три часа. Понеделник и вторник го заспивам 21и20 ми се буди во 22. Го понишкав заспа. Вчера ја утна последната дремка. Се убив од нишање,шушкање, нервозни двајцата едвај заспа во 10ипол. И тоа со нишкање исправен,потпрен со грб на гради кај мене и во дневна со играчка пред него. Денес од последна дремка се разбуди во 19. Во 21 почнав со цицање,цица,па јаде нога,па јаде рака па се смее. Го оставив до 21и30. Пробав пак со нишкање. Се тегне,одбива сега веќе нервозен. На крај исто како вчера со грб легнат на мене со нишкање заспа. Се прашувам да не грешам нешто со спиењето. А имав цел да го заспивам порано,барем 21 да е заспан..
@Sofi.ja исто сме и ние, буквално. Од ден за ден преживуваме. Некогаш е супер по распоред, буден 2 часа, 3-4 дремки од 40+ мин, а некогаш ништо не го успива. Немам совет некаков, само да ти кажам дека не сте сами. Туку да прашам, комбинирана исхрана, доење и ад, колку денови е нормално да не се искака? Мислев така ќе е неколку дена/недела додека му се навикне мешето, ама повеќе од еден месец помина мислам и сеуште не е регулирано, кака еднаш на неколку денови генерално. Овој пат 3 дена нема какано, а се гледа дека го мачи тоа. Дали е можно да не му одговара формулата? Како да знам дали да ја смениме со друга?
Во четврти месец има и регресија во спиењето. Кај нас се одрази на дремките, тој период почна да ја скока последната дремка (4та) и имавме денови со три и со четири дремки. Пробај последниот прозор на будност да му е подолг. Моето има сега 5 месеци,има три дремки , преку ден ww му се движи од 2 до 2.5h, ама пред спиење мора да е буден 3h инаку не заспива.
Мене исто во систина после првиот преглед палчевска ми кажа да не го будам ама еве сега се смени муабетот. Јас денес сум во диспанзер да стават рота и шестовалентна па ќе видиме дали ќе дозволат
моето бебе е затнати веќе 7 дена правам унхалации со синомарин но бебето кашла влажно нема на плуча,се што гледам за мачкање на гради е над годинка.има ли некој лек за побрзо да му помине ?во раце ми спиее и се нервира од носот
@Sofi.ja изгледа не фати регресија на спиење . Нив може им е ок, ама ние зомби низ дома. Мојата намали на дневна дремки. Сега се 3 или 4. Зависи. Некој пат дремка е и 15 мин кај моето. Прозорец на будност се зголеми на 2часа, па дури и 2ч и 15 мин. Мојата барем ноќе спиеше и надополнуваше сон, оти преку ден пократки и се дремките. Сабајле стана во 3 ипол за јадење, заспа на јадење, ја легнав не ждригната и отидов до тоалет. Се вратив, нозе у вис, се кара со мене да ја земам..ја зедов, поврати. Лом и јас и она и вреќичка и пиџами. Ајде пак пресоблекување и да се дојаде. Го бараше татко и да ја гушка. Значи се врти кон него и со рацете натака. Гукаше. Ајде заспа помеѓу нас на спална, во 15 за 5 ја преместив во кревече, во 20 за 6 пак нозе у вис и ококорена за игра. Пак ја зедов и спиеше до 7 ипол до мене стуткана. Сите коски ме болат од што сум згрчена и укочена да не ја притиснам. Еве сега прва дремка прави, а сакав да ја носам надвор, до град да идам да купам нешто порано.. Ахам она ко ти едно планираш, друго де дешава. Демек ќе станев во 6 да се спремам и се да средам и она ко ќе стане, да јаде и тргнеме. Да, уште да бев одморена и ќе станев. Па и она реши два пати да кака од сабајле, па измеѓу јадење..накрај и се приспа оти не одморена ноќеска . И така сега дремка. А после дожд ќе врне, не знам дали и да тргнам. Башка што ќе е гужва. @Luminary еднаш до два пати на ден кака во последно време. Она е додуша сега повеќе на формула, мајчино едно шише од 180мл на ден плус цица по малку пред оброк. Ама тоа цицање по две голтки и остава. Значи макс 300 мл ако испие од мене. Најчесто околу 200-250 мл. На неа не и одговараа ни Аптамил, ни аптамил ха, ни беба комфорт. На крајот излезе дека е до кравји протеин. Од Аптамилите повраќање и какање нон стоп. Од беба какаше еднаш на ден ама како да се мачеше изгледаше. Генерално ако има поддувано меше и повраќа, не му одговара. Откако е на Холе козјо, друго дете имаме дома. Смирена е и расположена. Се смее и си игра. Не се грчи. Плаче само ако стварно нешто не е ок. Предходно плачеше речиси нон стоп и беше нервозна. Ако ти е нешто од помош.
Мојата наредна недела ќе полни 4 месеци. Будна е саат ипол точно и почнува да е нервозна за спиење. Спие по пола саат. Ако ја успијам пак, до мене ќе продолжи да спие и 2 саати плус. Сега почна и пред спиење да бунтува за цицање, откако ќе се разбуди тогаш цица убаво. Е навечер немам сила веќе. Од 21 или 22 зависи се нишкаме таман ќе заспие се буди, дига нозе. Вчера така се нишкавме до 15 за 1. И цел ноќ спие немирно. А да, преку ден ја заспивам со звук на правосмукалка.
Моето е 3++. Будност има 2 часа и пред спиење навечер обавезно 2, некогаш и до 2 и пол часа зависи колку му траела последната дремка. Обавезно е буден по 2 и за тоа време цело време нешто се прави
Девојки а дали имате читано за столици за хранење? Дали некоја има веќе купено/користено предлог да даде до 100 евра максимум. Сакам блв да почнам кога ќе дојде време се изначитав онлајн и сѐ уште не можам да донесам одлука. HELP
https://bebehome.mk/product/bebe-confort-timba-warm-grey/ Оваа ја имаме. Малку ти е над буџет, ама вреди.
Ние истата ќе ја користиме, cangaroo, околу 4500 ја зедовме тогаш пред 4 и пол години, се спушта седиштето 2 пати, 3 позиции има, исто горе долу има 7 висини, до зимата до 4 год седеше во неа за јадење, за играње исто, вреди да се вложи во хранилка, се е исправна, а тежок беше лани 23, 24кг, само малку се скина седиштето ама ништо страшно
Девојки може не е на право место ама сакам да си го спремам, дали е доволно со боди на долги, целосни долни со чорапчиња од внатре и ова од горе блузичево за од болница во Јануари? Плус дебело дупло кебенце од горе? Или е подобро во тренерчињава десно?
Мислам дека и хулахопчиња или нешто како скафандерче дополнително. Јануари знае да изненади со минус температури и ветер
Д ми се допаѓа многу. Дали го собира комотно бебето? И дали веднаш од 6 месеци почна? Или на почетокот го хранеше во скут/релаксатор? И исто така, дали можеби имаш некоја гумена подлога за послужавникот или нема потреба и лесно се чисти? Фала ти најмногу
Ова тренерката горна што е со капичка, на нас ни беше непрактична. Некако бебе е мало, не си држи главче само, па смета повеќе. Најдобро на слоеви облека.
Леле баш јака финта со играчките. Колку месеци е бебе таму? Женски стварно, дајте некои страни/профили ако имате за бебиња за игри и исхрана. Јас тапа сум. Фб ми е заборавен, инстаграм немам. Ама како мине време гледам дека имам потреба од повеќе активности, а идеи немам толку. Башка прво дете.
Првата комбинација како што планираш е сосема доволна. Без хулахопки, немојте хулахопки на машки бебиња.
Да, ептен е комотна. Бебе некогаш јаде во неа, некогаш уште во релаксатор зошто уште е во фаза кога учи да седи стабилно. Послужавникот се чисти со влажна крпа ептен лесно.
Мислам 10-11 месеци има тука, јас тогаш ја следев на инста Активности за деца, потоа имаше во короната #дабидемекреативнипредизвик @danichap беше дел од тимот, иначе на принтерест има мнооогу вакви активности според возраст, јас многу му правев, картони, сечи, лепи со силикони, до лани зимата правев @Fenix05 доволно е, плус завиткано во ќебенце или скафандерче. Преубави се хулахопки не.