Кукла, со спиењето како сте, најде ли решение? И моето бебе е со рефлукс. Без разлика колку долго го држам исправен, кога го легнувам повраќа засирено млеко низ нос и се гуши. Ако не поврати, пак се мачи и се буди одма. И ждригнат, држен исправен по подој, пак не може да лежи. Цела ноќ го држам исправен легнат на мене и така спиеме. Дење може да врзе некоја дремка в креветче свртен на меше, ама ноќе уште не можам да го ставам да лежи на меше. На страна исто повраќа. Не ми е проблем, се навикнав да спиеме така ама нему сигурно не му е најудобно, ми е страв да не се искриви… Дајте предлози, јас стварно не знам што да правам со спиењево
Која ти беше стратегијата за учење на толку мало бебе? Сите тренинзи што ги гледав беа за 4+ месеци, а баш сакам од порано
Првиот дел од вечерта спие на рефлукс перница, од 830/9 до кај 12.30. После ни ја не знам шо се праиме, зомби сум. Го држам и по минимум 1 саат исправен, одам по дома со него, ждрига, повраќа, се грчи. Легни го, цел се грчи, се буди. Спие на мене исправен после првото спиење, и така се грчи ама гушнат тера некако до 3/4 па пак цица. Не знам. Чекам да пројдат 3 недели од коа исфрлив млечно, да видам дали ќе има промена. Вака секоја вечер не знаеш шо те чека. И првата дремка сабајле од 2 саати на мене спие, зошто морам и јас да легнам со него да не се срушам. После во гнездо или транспортер.
Масажа на стапалцата. Кај нас помага, матичната ми кажа бањање да се стопли и после тоа масажа на стапалцата по 2-3минути секое, веднаш какаше како помал. Сега пред спиење му правам ама само прди, ваљда му олеснува.
На едното креветче има антирефлукс перница, на другото го поткренав душечето под агол, ама никако не бива И јас спијам така бар една дремка, кога ќе успеам големиот да го испратам да прошета негде Ќе исфрлам и јас млечни, да видам што ќе биде. Досега го прегледаа тројца педијатри, никој не ми спомна за мојата исхрана. Се надевам ќе направи разлика, не губам ништо ако пробам. инаку денес прими вакцини, се тресам од ротата да не му направи уште толку мака на мешето
Ние денес конечно му ставивме прва вакцина, 3 и пол месеци, одложени поради настинки/сипаници, прими 6валентна само, со полио ќе почни на 9 месеци, така ми рече матичната, рота нема воопшто да ја прими бидејќи помина возраста за неа... Долг 65см, таму мерен со пелена 8635г ама го запишаа 8500г. Запишаа како систематски преглед на полни 3 месеци и главче му мереа и целосен преглед му направи. Не плачеше од прсте ко му зедоа крв за крвна слика, ама за вакцината кога писна па си дојдовме заспа одма, кемка во сонот цело време.
Чај од ким да си вариш да пиеш ти, колку толку ке помогне јас кога имаше грчеви бебе пиев по литар чај од ким некогаш и повеќе. Овесна каша прави си, компот од сливи, нас тоа што ни помага колку толку ке им помогнр и нив. Масирај стапалца после бањање. Многу работи пробував кога имаше грчеви и тешко какаше. Нема зијан само ќар може да има.
Здраво, доколку на некоја доилка и треба хаакаа вакум пумпа, продавам некористена 900 денари купена денес по карго порачано од саботата. И фискална ќе ви приложам, ми престана млекото во меѓувреме
Бебенце е 12 дена, 2 ден е со темперстура до 38.3 не паѓа под 37.6.. денес почна и да кашла и секрет од нос изгледа се разболе од батко му.. дали има некој искуство волку мало бебенце со кашлица преплашена сум
Оф душа, моето пред да направи 2 месеци се разболе така со тт, секрет, кашлица - ларингит и гласот скроз го изгуби, антибиотик пиеше Хиконцил му помина брзо. Сиг ви е носено на доктор, ако не е одма носете, премногу е мало со помин
Верувам, цела ноќ не му падна тт под 38 со 2 чепчиња, нз колку год ми скрати, во 4 сабајлето дадов сируп парацетамол и конечно спушти, одвај чекавме да се раздени за да одиме на доктор....ама мн се силни бебињава, ќе оздрави. Крена тт 37.5 од вакцината, офка, кемка на цицка остана до 38 ми рекоја да не ставам чепче.
Со толку мало правец клиника, мојата кога беше месец ја носев поради секрет, и кога прашав што ако ми качи тт, ми кажаа толку мало одма да го однесам
Не се секирај,и јас се плашев добро поминавме со ротата. Инаку јас пиев до 3тиот месец Лактамикс чај за доилки. Покрај тоа што делува за надоаѓање на млеко ,убав е и за стомачето на бебето. Јас со двете деца не сум имала проблем со грчеви и баш мислам дека е поради чајот.
Мајки малото е 2 месеци поради затнено носе и секрет во него матичната каза да го инхалирам со 1мл синомарин сабајле и вечер ама многу бргу испарува за 15 секунди нели е малку тоа плус мрда и ептен малце вдишува. Дали можам по повеќе да ставам дали има штета? 2 месеци е
Моето немаше ни 2 месеци ко се поболи, имам пишено повеќе пати тука (досадна сум) 2мл мене ми рече докторката, го инхалирав, ама ич не му помагаше, имам малку погоре пишано. Цела ноќ кемкаше, офкаше од тт што го мачеше, до 38 креваше, не ставив чепче, денес е добар нема тт, нема оток на местото на вакцината, ама е мн раздразлив, плачи поќе, обично не плачи вака. Јас сум 2 сати спиена, очиве ме печат, неможам ни да дремам од големиов до мене е залепен.