И син ми прими рота во петокот, супер пројде. Единствена промена е што не сакаше да кака во пелена туку на сред менување, тогаш. Неговото одење е секогаш преку 2 дена, меѓутоа еве како да знае дека има некоја промена и какаше само додека го пресоблекував. 200 влажни марамици подоцна, супер е ќе биде добро, со лесно
Дали од 6валентна вакцина можи да се кака зелено? Денес кака зелено и прди повеќе, плус плачлив е цел ден. Вчера е вакциниран
@KuklickaSk и @LivingGlam ве читам страни уназад за повраќање кај бебе. Истиот проблем го имав и јас, морав да го држам исправен подолго време и обавезно да подждригне. Кога почнавме со дохрана проблемот за еден ден исчезна. Не верував кога ми кажуваа дека така ќе биде, ептен мака видов и јас. Абе не нормално да поврати туку како фонтана. И си мислев дека е рефлукс, однесен на педијатар и убаво ми објаснија таму. Дека желудникот како што расте бебето така се затвора таа ,,вратичка,, што дозволува млекото уште невлезено во меше да се враќа назад. Кога ќе се затвори убаво ќе престане да повраќа во обилни количини како што беше случајот. Не сменив млеко никакво по препорака од педијатарот бидејќи не беше проблемот до составот на млекото туку до самата природа и времето што трбаше да помине дури да додјеме до дохрана. Инаку има млеко кај нас без лактоза(млечен протеин). -од адаптираните. За трајно рано е да му се дава пред годината.(мое мислење) Јас малце поопширно пишав ама се со цел да ви кажам дека има крај ситуацијата и да не се секирате. Наскоро за еден месец и јас во темава.
Мајки што сте странство, им прават ли прво крвна слика на малите пред вакцинирање? Дека нели на скроз здраво бебе се удара вакцина, без ништо намалено/покачено
Добро утро мами Ја носевме вчера малата на ортопед има 4 месеци и едното јадро е во зачеток, а другото не е сеуште оформено. Сакав да прашам за искуства. Дали е тоа океј? Некако др ништо не кажа, само да зголемиме витамин Д и ме замисли...
i na nas taka ni kazaa na 4 meseci i ni ja zgolenija dozata na vitaminot D i kontrola za 2 meseci...odnosno na 6 meseci....valjda nema prostor za panika,da imase nesto ke kazese doktorkata
Фала Фајрквин, се надевам ќе исчезне и кај нас така проблемот. Знам дека тогаш е очекувано да престане. Инаку моето е на доење, не повраќа Пијам од старт чај за доилки, од дм е мојот ама има сличен состав. Ех, да беше така лесно, ќе пијам чај и нема да има грчеви бебето Твоите едноставно немале проблем со грчеви. А ако има, сите капки и чаеви и сирупи ќе ги пробаш, ништо не прави разлика Нема што не пробав верувај.
Се согласувам, првото ми имаше грчеви, секој ден во исто време цел саат плачеше, се виткаше, му давав 3 пати денот саб симплекс и пробиотик, џабе, сами поминаа на 3 месеци, второво пу пу помина без грчеви, само пробиотик му давам, имаше грчеви после 2 месеци од антибиотик што пиеше и пред да му излезат сипаниците на 2 и пол месеци, толку.
Не дека не плачеле и моите особено второво бебе. До втор месец пукнав од нервози. Гледав емисија во која што зборуваа за грчевите и кажаа дека сите бебиња ги имаат ,но сите различно ги манифестираат. Имаше период кога плачеше бебево и баш тука прашував ,според описот грчеви биле во прашање. Инаку за чај за доилки Лактамикс или Хип. Во другите немам верба овие по состав биле најдобри.
Мајки на зимски бебиња со оглед на тоа дека веќе фати ладно, како ги облекувате за прлшетка надвор? Сакам да изглезам веќе зошто депресија ќе ме пукне веќе од дома седење.
Моето има 3 месеци најчесто што му облекувам за шетање последниве 2-3 недели одкако залади е трењерчиња, шпикозни по кој седи низ дома, скафандер и капа ако е ептен ладно (до 10 степени надвор). Ако е потопло јакничка и капа и кондурки или пантофли (најчесто пантофли оние гумирани одоздола како чорапи што се). Го ставам во корпата од количката покривам со ќебенце, покривката од корпата ја ставам и шибаме.
дали на темето кај што лежат бебињата исто вака немаат коса? три месеци има, го ставам и на меше ама вака му е темето.. чаре ? или ништо страшно?
sakam da prasam dali moze da se spremaa i na mojata taka i se napravi temeto,a i periodov primetuvam deka i paga kosata...ima prostor za panika ili normalno e?
И на моето така му е, нормално е нема гајле, му паѓа косичето дека се тријат лево десно со главчето. Матна е сликава ми мрда
Веројатно ништо страшно. И моето е така. Каква убава косичка имаше кога се роди, сега е ќелаво насзад на темето. Од горе и паѓа..некои влакна подолги, некои пократки. Негде и раснат. Пухче е цела. Туку женски мое бебе помина четвти скок по план, се во ред. Супер беше. Два три дена беше само поќенкава. Е арно ама последни два три дена е лудило. Нервозна и не се доспива. Па се фаќа за очи. Прво не сакаше со татко и да заспива, сега со мене не сака. Од бебе што и само се успиваше сега се нишкаме, шетаме низ цел стан Ја поима немам шо е работата. Дали е некоја регресија. Ама она пак спие преку ноќ, само што почесто се буди. Синоќа после не знам колку време два пати јадеше. Обично само еднаш станува за јадење. И преку ден и се спие, ама не може да се успие па плаче. Па ќе стане од дремка недоспиена. Па плаче. Или уште во сон почнува да плаче. А тука сум до неа цело време. Ништо не смеам да фатам да не ја вознемирам височество. А не плачеше и да беше будна, се смееше цело време. Сега и од вид ако и избегам се драми, а се појавам се смее. @Viveki како е кај вас?
Ела да се гушнеме златна сестро. Исто се што си напишала, до точка. Поарна беше во скок кога беше. Ќе да е регресија ова. Значи навечер кога ќе дојде време за успивање ми се плаче. Ако не е во раце вришти, на цел глас до помодрување. Ај прво јас само да ја успијам, после само татко и го бараше, сега ни мене ни татко и. Абре очите на пола копје и се, се мачи ама кенка не заспива саат и пол. И све друго остало што си пишала P.s Ќелава е и мојава на тилот ко чиченце е