Да се пријавам,описот важи и за моето Вие барем имате среќа со едно две будења. Мене почнаа повторно да ме болат брадавиците како на почетокот,од што цица по 10 пати ноќе(бидејќи се буди). За косата,му паѓа сеуште но и му расте истовремено друга. Исто од позади има малку како дупка од што лежи. А мојава коса не да паѓа,мислам со три влакна ќе останам. Ќе стиснам заби уште месец-два,се надевам ќе престане да паѓа. Со првото така до кај 6тиот месец ми паѓаше. Инаку спиењево е катастрофа. Но имаме нови работи, ново гугање, се исправа на дланките со цело меше нагоре,многу е смешен како склекови да прави. Има обид за лазење ,а на подлогата се врти за 360 степени. Се турка некако наназад. Има поголема интеракција со луѓе,покажува емоции. Така да мозочето се развива,а ние ќе си трпиме
Ми донесоа капки инфаколик за грчеви од Грција. Како ги дававте за 2-3 недели бебенце? Нели е многу цела дозерка неколку пати дневно
Јас имав Инфакол од Бугарија, така пишеше исто, пред секој подој, тоа е премногу спрема мене, ако му давав така ќе испиеше цело во 3 дена, му дадов неколку пати само еднаш денот, иначе немаше грчеви, 2 имав, Едното остана ново неотворено, пробиотик му давав од 3 недели ко направи мислам, уште му давам. Кај нас 4т скок од 8ми декември би требало да почни, вчера цел ден беше нерасположен, кемкаше ама од средата е таков од вакцината ко ја прими. Многу се исправа, само ја крева главата ако го легниш, па повраќа од што се напнува, па нејќи да лежи, а шо убо си лежеше в раце сака и напред оди како за седење се токми, буквално ко седнат се прави ако е в раце со грбот на мене... За спиење ноќе е супер засега, станува 1 или 2 пати од 22ч најкасно 23 заспива, до 7, 8 сабајле. Мене топ ми е вака оти и другото тогаш заспива. Ама знам после 4 месеци ќе почни регресија и нема да спија, спремана сум си велам
После бањање кога ќе омекне од топла вода, ќе го намачкаш местото со уље за бебе, и сами се лупат кга се омекнати, со прст да ги поминеш се вадат. Инаку не е страшно мајка, паѓаат тие бебешки корупчиња дури и да не ги третираш.
Јас баталив да ги мачкам. Се лупат полека. Уште малку останаа. Исто и педијатар тука ми рече дека не морам да ги мачкам. Е сега не нервира што и цели праменчиња коса со нив паѓа. Се надевам ќе и порасне ново косиче таму.. Инаку еве лежам до височество да сврзе пола саат демка. Ја небитна што се ме боли од шо сум искривена за да ја гушкам по цели ноќи. Не знам. Негде грешам. Не е можно вака да е. Не верувам дека сите деца се вака. Сабајле во 4, два пати ни запиваше во раце. На секое оставање во креветче, се будеше и накрај ја зедовме до нас. Заспа. И спиеше до 8ипол. Јас не знам како ќе фунционирам ако морам нон стоп до неа да сум за она да спие и да си игра.
Никаде не грешиш мама, еве сега ќе ти ја раскажам нашата ноќ вчера. Во 8 ја бањавме, во 8 и пол млеко (инаку бебево само навечер пие по 180 мл млеко, преку ден едвај 120 и од тие остава реовно по 10 мл, некогаш и повеќе), и почна голготата за успивање. Задрема после млекото, таман да ја ставам во кревет (се откажав од ставање во креветче зашто моментално се буди и вреска) се разбуди, па татко и ја успиваше, заспа, ја стави во кревет, во 10 будна беше свртена на меше. Пак јас ја успивав до 11 и пол, легнав со неа на кревет, лежев до 12. Станав да се истуширам, искачам од купатило, мм ја држи во раце, она гуга се смее на цел глас. Ајде пак јово на ново, заспа дури во 1 и пол, спиеше до 4, па млеко, заспа одма и ја ставив во креветче. До 6 на секој пола саат се превтуваше на меше и се будеше. На крај ја земав на спална, поспа уште еден саат и од 7 сите сме станати. Така да, тоа е. Ти кажав ела да се гушнеме и да си трпиме ❤
И јас се прашувам дали грешам некаде, на почеток на 4ти скок сме според термин ама веќе 2 недели ноќе е со претања и будења. Се исто правам пред спиење ништо не е променето. Преку ден дали и во скок или не секогаш е тешка на заспивање ама си велев ден е ќе се издржи, спиеше мирно ноќе со макс 2 будења.
А да тоа посебна приказна е додека она спие. Па тоа нозе, па раце. Па трескање, па претање. Глава едно триесет пати во секунда се врти лево -десно. И нон стоп вака цела ноќ. Јас постојано држам нешто за да не се разбуди. Значи, да она спие, ама толку неморно што јас не спијам. Креветчето е прилепено на спалната. И јас нон стоп со рака сум внатре. А задремам и не ја сетам дека и минува фаза на спиење, она се ококорува и писка. Не плаче туку си збори нешто. Така да. Она спие да.
Со маслото за теменица од фрезидерм, мачкав саат време пред бањање и пред да бо бањам со чешел нежно поминував и ги вадев. Со два пати се исчисти целосно.
Дали е подобро скафандер да се земе за мало бебе или скафандер али како вреќа за спиење? И каде да најдам али да се со нормална цена во Тила се ѓавол и пол искрено не ми се даваат толку пари.
Nie ja banjavme vo 18 ,od 19-21 beshe koma. Stana ,cicashe vo 12 zaspa i do 7:30 Mislam da ne e mnogu,da ne treba da ja budam za da jade.Pelenata beshe suva sabajleto.I eve sega spie od 12 ushte i taa kako vremeto e uspana.Znam deka site sakame da spijat ,nekoi maka machat da gi zaspijat a mojava mnogu uspana....
Така е, некои деца се такви, те читам исто поминав со првото, страшна несоница си добив од него, сега малово почнува да зафркава. Колку побрзо си се помириш дека такво е детето полесно сега сум со 2цата дома, не го носам в градинка од пусти болести, за бебево ми е поќе страв, 2 пати појде 2 пати донесе вируси..полудев со двајцата бебево еве го и денес нерасположено е, не спие ич, 20тина мин и станува кемка и само в раце сака. Изгледа влегува во скокот така ми личи. Честитки да е живо и здраво големо да расти за скафандер јас користам од големиот со ногавици е ама веќе кнап му е, ама мислам без ногавици како вреќа поубо е за мало бебе, или да има петент на 2те нозе за полесно облекување. И јас можи ќе треба поголем да земам ама прво ќе прашам по роднини да не има некој да ми позајми не ми се дават пари за 2 месеци што ќе носи.
Ние во јануари/февруари поминавме со тие како мече што се. И по потреба плус ќебе од горе за надвор. Ама најчесто во транспортер беше бебе. Во кола, на количка. Во топли денови на тераса до мене. Така ми беше најзгодно за да е врзана со каиши.