Имаше на др гуднајт што е ноќен терор и кошмар ѕирни и ќе видиш. Може да сонува сепак по активни се и гледаат на 5 месеци.
Истото ни се случи и нас оваа вечер. Моето едвај се смири. Прво не сакав да го види татко му зошто не го беше видел цел ден, но кога никако не можев да го смирам се појави мм и бебе ем сака да плаче ем да му се смее. Се смири за кратко потоа и заспа пак
Мајки дали може да ми се разболе бебето еден месец е старо,а другото е 3 години,почна да ми качува температура а цело време му се доближува го гушка и бакнува
Може, период на вируси е и настинки. Али консултација со педијатар што смееш да даваш за да спаѓа темп.
Да можи, моето така настина на 50 дена... Заврши со антибиотик хиконцил бидејќи 25000 му беа леукоцитите. Големото е 5 год. Парацетамол му давав пола од килажата, прво цепчиња ефералаган ама од нив не му паѓаше под 38 тт, од парацетамолот му падна.
Здраво мамички, бебе се роди 3600 со 3400 излеговме од болница, должина 50цм. Сега за два месеца е со тежина 4550 а должина 60цм. Пие измолзено мајчино млеко, весел си е, си мокре пелени но сепак ме загрижува тежината, дали има простор за паника?
Кај мене свекрвата не, ама бабата на маж ми ми има кажано дека тоа дете не е само мое, дека е на сите и дека сите имат право да се мешат гахахах
Го следи педијатар? Некако малку качило на тежина за два месеци. Но сепак пораснало во должина. До 6м треба да ја дуплира родилната тежина, да има 7200.
И викам е грешка си тоа си е мое и на внук ти и освен нас никој нема право да се меша и да го воспитува, вика ќе се мешаме сите. Викам да ти кажам освен ти никој друг не се ни меша, а од сите најмалце имаш право ти да се мешаш. И се налути не се качувала веќе на спратот, викам ич не мораш да се качуваш. После на маж ми викала добро не мора да ми се извине кога сака нека ми го симне да го видам, јас веќе не се качувам. Уште чека и извинување. Битно така се спасив од проблемот.
Јас го однесов малото во Tiny Little Fingers. 1200 е, се бањаше, па масажа. Супер исксутво, уживаше малото
Уау, е ова немав слушнато. Хаха. Комедија бабава. Ич на акл да не ја ставаш. Требало да и кажеш : да не дојде ти во кревет да ни помогнеш да го направиме бебето . Па и извинување чека леле леле
До 6 месеци треба да дуплира родилна килажа. Инаку доста има пораснато во висина, да не се секираш пред време. Ќе видите понатаму како ќе се одвиваат работите. За сега нема ништо алармантно јас мислам
Леле бе кога ќе ве прочитам како им се смарате на шо рекле баби и прабаби. Абе шо сакат нека викат, јас не се замарам со нив. Не ни знам шо рекле. Нит па имам време мозок на нив да трошам. Ко се прават поголеми мајки од вас, дајте им го кога ќе рикне, за три секунди ќе ви го вратат и нема да им текне пак. Дај уживајте си со децата, време не се враќа. Дали тоа дека ние нон стоп сами сме, па не ми е познато ова што го велите или карактер е во прашање. Шо знам. Туку ај на мене така во кратко подолги црти објаснете ми како иде си воведувањето храна. На сто места прочитав, сто различни начини наидов. Збунета сум повеќе отколку што разбрав. Бебе е пет месеци и јас планирам да давам вкусови, ама не и оброк сеуште. Млеко снемав. Се мачев до скоро колку пати стасам да пумпам, за да соберам еден оброк барем. Ама веќе нема и не гледам смисла да се измачувам и јас и она. Од доктор уште од 4 полни ми беше одобрено да почнам, јас не сакав. И планирам од 6 месеци да давам еден оброк. Денес имав домашна тиква печена и и' дадов да лизне малку. Беше повеќе збунета, не плукна ама па и не дека знаеше шо прави.. Дали можам цел месец само да давам да пробува и после да зголемам количина колку за оброк или треба постојано да зголемувам количина? За тоа кои намирници се дозволени исто наидувам на различни информации. Еве на пример и за тиквата, овде има инфо дека со морков заедно е една од намирниците, најбезбедни за старт, а на форумов сретнав инфо дека од 6 месеци се почнува . Исто гледам и месо и житарици просо, овес и ориз тука се од пет месеци веќе дозволени. И поима немам како треба. Баби не прашувам за ум, ни па се објаснувам
Јас ја имам од 2 слика, од али експрес ја нарачав, задоволна сум и не ја оштетува кожичката иако турпијата фаќа и на неа. Со ножички ми беше страв да му ги средувам, па од кога е роден сме со турпијата.