Носам тајлохот и риностоп само, за се друго имаат поквалитетни лекови, не гледам логика. Ако е за антибиотик, даваат. Особено за бебе не би на своја рака да лекувам. За ротатоа се крстам на колективен имунитет. Тоа е тоа.
Месец дена е ама не напредуваше убаво на килажа она и се прецицуваше ама џабе. Со првото многу имав млеко и мрсно беше и убаво качуваше и се молзев, а сега на 4 саати молзење едвај 80мл вадам,а тогаш по 200 вадев.
А да отпумпуваш по маклу пред подој. Па она после на града. Ем ќе стимулира, ем помрсно ќе пие. НЕ сум консултант, туку така само како идеа. Оти нели бебе секако повеќе ќе истегли отколку пумпа. 80 мл сепак не е малку, она колку јаде? 120 мл?
Она јаде додека не поврати до врв да биде, ама некгаш се нервира тоа е фаќа одма да цица прво борба се мава од града 2-3 мин па фаќа
Мислам сите се такви на еден месец. И мојата нон стоп јадеше и блуцкаше после. Имаше таков еден период кога нон стоп навечер бараше да пие. И тек откако ќе повратеше на крајот и олеснуваше и заспиваше. Ако не и дадеме да јаде врескање, по јадењето пак врескање, леле. Искрено среќна сум што не е веќе новороденче. Мислам најубави се тогаш да, ама па ништо не разбира и никако не можеш да му помогнеш.
Од колку месеци може да се користи носко? Имам на чико еден со се влече со уста, ама ништо не вадиме.
И јас го користам од Чико, прво млеко му прскам ко ќе цица па тргам. Или спрејче синомарин. За носко ми е страв мене, не сум го купила од што мислам дека се ќе му истрга Ние сите сме настинати дома, малово веќе 9 дена со мрсули е ама ок е се друго, цица, кака се во ред. 4 месеци вчера, пробува да се врти и само глава крева за да стани заљубен во брат му е штом го види одма се смее, му гуга
Здраво, може ли да ми кажете според вас кој памперс ви се покажал како најдобар за новороденче? И која големина се купува за новороденче?
4+ користиме baby love. Почнав со 1 но за брзо премина на 2ка. Веќе ставам 4+. Може да купиш но не прави залихи.
Па зависи колкаво ќе се роди бебето, моето беше 3600 брзо качуваше и мислам дека само едно пакување кец потрошиб зошто двојката оди од 3 до 6кг.
Со првото земав бејби лов 2ка зошто се роди 3600гр, а сега со ова се роди 3200гр користеше памерс актив бејби 1ца и сменив на пјур 2ка од жито зошто ми се по економични 68 пелени за 500 денари, а држат цела вечер и не протекуваат.