ние сме 2 месеци и користиме носко си пишува и во упатство дека може за новороденчиња, прво зедовме на чико не излегуваше скоро ништо а ноското влече се
Мајки здраво, на бебе од месец ипол и се затнува носе, пробав да исчистам со пумпица, искочи само едно бело мрсулче. Не сум ставала спреј или капки, имам AquaMaris baby, ама не знам дали може на толку мало бебе. Ваљда и се спушта секретот надолу како шлајм, пробува сирото да го поврати ама не и успева.. како да и олеснам? Дали смеам од спрејот да и прснам за да исчистам носе убаво? Притоа си цица без проблем, не плаче, весела е преку ден..
Кога се дефинира боја на очи кај бебе.Сега и се сиво зелени уште матни 2 недели е.Маж ми има кафеави, а јас зелени.Може ли да осветлат или најверојатно ќе се кафеави?
Да да прскај и чисти. За спиење кромид расечен на парчиња до главчето, ќе диши слободно. Само тоа беше спас. Ова ако е затнато од настинка.
Моето на 50 дена се поболи со тт, со мрсули, со грло црвено, гласот го изгуби, неколку дена немаше глас, антибиотик пиеше, спрејче за бебе синомарин му прскав, тргав со пумпица, ноќе спиевме со кромид сецкан. Плус 2, 3 пати инхалацијии му правев со 2мл физиолошки.
Прскај слободно. Мене педијатар ми кажа да прскам 21 ден коа имаше, ковид фативме сите. Ништо неможе да му биде, солена вода е
Глодалка една имам отворено од Софи, пишуваше само со сјај да се мие, да не се стерилизира. Само со врела вода да се попари
Дали од одма ги остававте да спијат во вреќа за спиење? Од болница, дома, првите неколку недели, беба во вреќа за спиење или како?
Мрдање со глава лево-десно беше знак за вадење запчиња? @1209 @Bella_Stella @Bubish26 ќе ве тагнам како поголеми, дали вашите бебиња правеа вака? А имам прочитано од некоја мајка. Инаку тргнало едно запче,денес го виде педијатарот. Тој зема играчка или мојата рака и става во уста и мрда лево десно како да се чешка. Но тоа го правеше вечерва и пред заспивање и тоа многу упорно...