Чувам во пластична кутија, на маса, на земја, насекаде. Не стерилизирам, мијам под млаз вода од чешма. Ништо му се нема десено до сега пу пу. Бактериите што може да се закачат на цуцла, глодалки и слично не се во доволна количина за да наштетат, а можат да помогнат да се створи имунитет. Така да само опуштено. Не знам за што е знак, а и моето почна да ја мрда од пред недела дена. Не можам да сфатам зошто. Се потрудив да видам во кои ситуации. Еднаш ја мрдаше кога го земав ноќеска да цица, дур да се наместам лежеше на спална и почна да мрда. Друг пат дур го соблекував после шетање од скафандерот, имаше и капа на глава. Мислам дека е знак на негодување, ама може грешам.
Мамички како ги оставате бебињата да спијат. Велат најбезбедно е на грб, во болница ги оставаа настрана. Како е најправилно
Преку ноќ на страна го оставам, бидејќи првиот месец дена знаеше да повраќа во млазови. Преку ден на грбче.
Мајки помагајте бебе е 3 недели.Неможам да издржам од што сум ненаспана.Преку ден спие нема проблем.Преку вечер не сака,не плаче ама не спие.Ќе му дадам да цица,ке заспие па ке почна да поврака,ајде пресоблекувај,па пак е гладно,ке цица,па ќе кака,па ќе почне да ика и цела вечер така во круг.Ќе заспие во раце ке ја оставам на кревет почнува да прете.Незнам да не спие многу преку ден,да пробам да ја будам.Еве сега се раздени сите стануваат,а таа во најдлабок сон.
Мораш да правиш атмосфери ден ноќ. Денски нека биде светло, малку галама нека спие во дневна релаксатор, гнездо. Навечер во темно не пали светла, во темно менувај памперс и цицање.. полека ќе научи што е ден што е ноќ.
Пробај да и пушташ фен, има на Јутјуб, на почеток нема да реагира но подоцна ќе почне, кога сакаш да спие. Тоа ја смирува и ќе ја успива некое време.ставај и лигарчее, ќе спасиш неколку пресоблакања, и по јадење држи ја некое време исправена, така нека спие, уште не и се разработени цревцата, па храната и се враќа, ако лежи,обавезно да ждригне ако може, ама не со сила. Внимавај и на температурата, може преку ден ви е потопло дома тоа ја успива повеќе, а ноќе поладно па се буди.
Мајка хелп Бебе ми е 6недели, од сам почеток се заучи на шише.Породена сум царски (прворотка), касно добив млеко. Пробував и со силиконска брадавица ќе фатеше малце на почеток, сега ич не сака. Вришти плаче, кажувајте чаре како да фати на града. Јас се измолзувам на секои 3часа, а му даваме и дохрана дека немам многу млеко.
Фен пуштам да некогаш има ефект,ја држам исправено,но ретко кога ждригнува,ќе заспа во раце кога ја оставам се размрдува пробав и во кревтче и во гнездо и до мене и пак исто.А за темературата ќе пробам баш вечер да пуштам потопло во спална.Дента во дневна ни е потопло,а навечер во спална каде спие ни е поладно.Значи да не ја будам дента,да ја оставам да спие?
Разлади во дневна, сама ќе стане, пробај да и фатиш ритам со јадењето, смени пелена и дај и да јаде, ќе видиш, навечер во спална потопло, па види шо како за ден два. Мојата од топло спиеше многу, мислевме дека е нормално, се додека не сфативме дека е од топлото. Сега константно се обидуваме да држиме температура околу 23 степени. И имаше некој ред се до грчевите, тогаш пак почна да не спие ноќе. Оти ноќе фаЌаат. И не и менувам место, на исто место спие во гнездо, ја однесов кај моите, таму не заспа цела ноќ, па после спиеше 12 саати, не можев да ја разбудам, од памет не извади. Во дневна спиеме и таа и јас и почна да спие од 12_1 последно јадење, до кај 5 -6. 7 недели е
Пробај со шприц од ад млеко да и капнеш на града додека е за да фати. Најкасно легнување во 22 часот треба да е. Прво преку ден треба да е по будно т.е. да дремнува по 15 мин или пола саат, саат зависи и вечерта ќе спие. Ако спие преку ден повеќе и ти врзува по 3-4 саати џабе ти е вечерта. Пример до 10 сабајле да му е врзан сонот а после тоа да си се буди и да јаде повеќе за да си ја врзе вечерта.
Мами имаш системи за релактација. Тоа мислам ќе ти помогне постепено да се врати на града. Напиши ќе ти излезат. И таман ке стимулира повеќе млеко она на тој начин
Неповикана ќе пишам. Моето не главата, раката ја шета лево десно за да ги чеша десните. Ама тоа е тој ефект. Плус пред заспивање велиш, тогаш најмногу се чешаат сите бебиња. Сметам дека нема место за грижа