И мое бебе кака по 6 7 пати на ден. Прво какаше 3 пати од станување до 12 напладне. Сега овие 2 недели како станува така кака у 7 сабајле обавезно, мислам дека и за какање се буди. Ама брат ми е ист и ден денес а бебе копија на вујче очигледно во се
@atz1995 моево цело време кака толку, среќа намали на 6,7 пати иначе беа 10-12 на почеток Мене ме нервира последните 3,4 дена кака кон 5ч ноќе па го преслекувам ама па презаспива одма. Иначе пролив е ако кака неколку пати во еден сат.
Луѓе како ги успивате вашите 1М. бебиња?? само вреска,и јаде дремка по 30мин и пак исто ,сменет памперс и нема надеж... око не склопуваме..
Следи прозори на будност и знаци за спиење. Навечер гледај прво памперс смени па дај храна и гледај да биде темна просторија да не е многу светла и тивка да е. Пробај да го легнеш и со цуцла да заспие нишкај по газе итн или пак повиј го со ќебе и нишкај го. Преку ден треба да е повеќе будно ако ти спие сабајле да ти врзува сон до пладне после тоа и цела вечер ќе се нишкате.
Пробај се ова од погоре што пиша @Brpbrp ако не успее да си се помириш дека такво е бебето. Иста сум за двајцата, првото лошо бебе, плачко, неспијач, мн нервозна мајка згора на се, второво досега е бајче во споредба со него, исто е се, плус што сега не е цело време тишина, што го буди големиот итн... И не го мена карактерот од бебе до сега 5 год
Дали ги изнесувате бебињата надвор на кратка прошетка ? Ние сме скоро 1 месец па сакавме ова зимско сонце да го искористиме малку 15 - 20 мин
Да, само да не е загадено премногу како минативе денови, денеска е супер. Исто како тебе прво плачко нема нешто што не пробав до бајачи стигнавме и џабе такво беше бебео до година, ова сега јаде спие само ретко плаче ако меше ја боли.
Излези слободно дури и ние бевме на кафе со бебулето. Многу и беше пријатно додека беше на сонце. Него да прашам смеам ли да пијам алкохол на пр розе со фанта? Ако да, колку смеам? На доење сме, бебулето мое има скоро 10та недела.
Ако си на чист воздух вади бебе секој ден. Јас од прв ден дома бевме надвор, се породив август. Сега освен кога врне и има магла излегуваме обавезно бар 30тина минути. Шетнувај ако имаш каде, и за тебе ќе е добро. Јас во овир 4 месеци 5 6 пати преку сила се имам напиено по една чаша чисто бело вино. Еднаш испив црвено ама си направив топка на градата многу млеко ми надојде. Ништо страшно не се случи. Можеш понекогаш да се разбереме да не е секој втор или секој ден тоа.
Мислам 1 чаша вино дека е дозволено, секако не секој ден, јас имам 2 голтки ракија пиено 2 пати досега, искрено не ми ни беше убава како претходно вино не сум пиела не сум мн мерак. @Maja1986. Слободно шетај бебе, еве го денес сат и пол надвор сега спие 2 саати дома и тоа во гужва, сите зборуваме тој спие. Јас живеам во мало градче кај што М нема од магла досега сонце е секој ден. Кога имам прилика излегувам.
На тебе нека спие. @lackygirl @Brpbrp и моето мало е многу помиено ама мислам дека голема улога игра тоа што јас сум 200 пати посмирена.
Мајки со бебиња од 4+ месеци, како ја преживеавте фамозната четиримесечна регресија во спиење? Кај нас трае веќе неколку дена и се осеќам како зомби пошто бебо се буди секои 45 минути и стварно ме фаќа таква анксиозност ако ова трае и трае... Навистина не знам што да направам за да помогнам на бебо да се наспие убаво, го гледам се мачи, денеска дури спиеше од нигде никаде до 11, дремна само еднаш со ептен мачење дури во 15, па заспа во 19.35 и еве ме сега пак го заспивам Да напоменам дека знам за прозори на будност, секоја вечер го легнувам во исто време, имам рутина за спиење од 2,5 - 3 месеци да му направам и еве не сега на 4 месеци и 1 недела апсолутно ништо не функционира. Громчето го поминавме од 4 скок, утре завршува скокот... има ли чаре некое како да му помогнам за регресијава? да напоменам дека до сеа си запсива на града и кога ќе се разбуди бара да цица
Не е до толку изразена кај нас. Преку ден потешко заспива од порано но спазен е редот горе долу. Преку ноќ се буди за цуцла а некогаш морам и во скут да го подумкам. Освен да си го тераш редот не знам што друго може да правиш. Излегувајте колку можете и нека се изморува.
Пред некое време за истото пишував и јас веднаш после 4от скок. Се среди за 2 недели, а тие 2 недели бевме зомби навистина. Се менувавме со маж ми, до 3 ч тој со неа потоа јас продолжував а одиме и двајцата на работа и беше страшно. Но да те утешам, поминува. Сега заспива пак касно но спие цела вечер.
оххх којзнае како ќе шетаме, скопје е голку загадено последниве месец дена... греота ми е да го вадам на загаденово
Скоро месец трае регресијата кај нас уште пред да влезе во 4ти скок комплетно се смени се ноќе а и преку ден е тешка за заспивање веќе недела дена никаков ред не помага. Бебе е 4 мес и 3 недели. Хаос, уморна сум некако многу. Едвај чекам да излезам кога не е загадено барем во количка да поспие...
И кај мене заспива со доење, ноќе се буди за доење само ама сега во 4ти скок има денови кога едвај се успиваме за денско спиење, раце веќе немам, станува буквално на 45мин ноќе, па ке преспие после тоа 2 ноќи како што треба и идеме пак, во круг се вртам веќе не знам колку време и не знам што со себе, жива ненаспана сум. А тек за 2 недели поминува 4ти скок.. и ете ти регресија
Сигурна сум и јас дека до мене е не очекував дека до олку ќе бидам смирена со бебе..едноставно уживам овај пат и ми е криво оти бев првиот пат толку нервозна. Моето е 4 месеци и 8 дена денес-утре требаше да е громчето, ама бебе кукла денес, не 2 туку 3 цели часа спиеше, па капење, пак дремна 5 мин и еве го заспива, 11ч заспива често, мн ретко 10 или 12ч. Јас досега скокови не осетив, освен денското спиење што е пократко, а добро ги памтам како беа со првото
Кога ќе заврши скокот ќе имаш ново бебе буквално во позитивна смисла. е сега само психички да се издржи треба.