Од ноќеска спиеше 7 саати без прекин освен ја будам два пати за да ја дојам маа јок, па ме плаши цел ден не јадеше, само малку а па ич не спиеше преку ден, има какано убаво 4 5 пати во ден. А едвај некако ја заспав пред 15мин. Ме плаши што многу малку јаде.... да не е во скок или рано е ? Инаку е 10та недела.
Onie sto pravat veke kasicki od kaj gi gledate ili naogate sajtovite? Me interesira za boranija grasak i spanak od koga se davaat? I dali ste davale zamrznata pa odmrznata? Kako grasak zamrznat pa odmrznat pa blendiran kupecki?
Мајки од кога почнавте децата во кенгур да ги носите и дали имате некоја препорака за некој модел? Фала ви
Првото од 2 месеци го ставав надвор за шетање оначе од 0+ пишува на кенгурот само мислам дека до 2 месеци треба да е свртено накај тебе после 2 месеци може нанапред ради главчето. Јас од енци менци го земав.
Мојот е 3,5 месеци, со марамата не се пронајдов и сакам нешто посигурно а ете да ми ослободи раце за преку ден или за шетање плус. Имаат неколку модели ќе разгледам баш таму. Не знаев дека може нанапред да биде свртен, баш ќе пробаме така
https://topolino.mk/product/kengur-flip-advanced-4in1-infantino/ еве овој го имам јас 2000ден го земав пред 3 години сега го поскапеле ама маста му ја извадив сегде ми беше практичен за носење особено ако требаше да пазарам нешто и да заспие бебе немаше гајле, а стално заспиваше ако излезевме.
Како да видов дека има пишано некој за спиење ноќе, ако не сум грешка, немам време да листам страни наназад. А може и да сум грешка од толку што сум уморна. Изгледа доенечка криза сме имале до пред некој ден, затоа нејќеше никако да цица, само кога е сонлива тогаш фаќаше. За спиење веќе со месеци е тешка ама мислам дека од 3ипол месеци полошо стана. Ни нишкање помага ни ништо. Е сега откако почна да си цица пак нормално, ноќе се буди милион пати. Само што сум заспала ете ја. Мислам дека на секој пола саат. Ќе си пукнам за спиење, немам сила веќе. Уште некој ден 5 месеци полниме. Се испожалив тука вака пред легнување, па да видам колку ќе дремнам и јас. Ако има некој со слична ситуација, да ме утеши малку дека ќе биде подобро
4 скок, јас пишав демек се враќаме во нормала полека пред некој ден уши варени се враќаме. Се буди на секој 45мин душа немам веќе. Дури вчера во 4 беше спремен за игра и забава видиме вечерва како ке сме. Еве го заспан во 9 ипол сеа 3 пат цица демек.
Од 8 почнавме со успивање бидејќи почна да ѝ се спие, па се до 9 таман ќе пушти цицка, ја нишкам и одма се мува под мишка и ајде пак цицање. Така 3-4 пати за тој саат. Од 9 до сега се се буди. Еве сега цица 4ти пат откако ја оставив во 9. А и многу немирно спие и само кенка и ги крева нозете и ги треска на душекот. Да видиме кога ќе помине и како ќе биде после тоа.
Да ве поздравам мајки. Пред 22ч. заспа,4 пати се разбуди до сега од кои три пати цицаше. Сега кога го легнав се сврте на страна и ми делува многу успан Ноќеска како низ магла ми е,ама мислам дека еднаш цицаше во 12ипол па следното во 6ипол. Невозможна мисија ,до сега најдолго поврзано спиење му беше еднаш,два пати 5 часа и тоа е се. За некој ден правиме 6м,не ми се верува колку брзо поминува времето
Исто и кај нас со нозете и желбата да се сврти од грб на стомак не поминува 2-3 пати успеа од креветче на спална да се сврти и сега тоа му е омилено дури мислам и во спиење пробува истото да го направи. Сабајле мм ми вика ноќеска не знаев веќе во која поза ве видов како спиете де од лева страна, де од десна, де во креветче он ти со главата кај него, сите обиди ги имам да врзе повеќе сон од 1 саат, зошо сум капната. Кај нас еднаш се случи тоа од 11 до 6 сабајле, ама бевме на гости ми се разбуди на префрлање од транспортер во креветче, тоа беше страшно вриштење и го ставив во среде измеѓу мене и мм за да се смири и така заспа. Сабајлето кога станав не ми беше верно, толку бев среќна ама не се повторило од тогаш Патем кај нас изгледа и заби тргнаа доле непцата му се бели кај двојките и кецовите, гриза ќебенце, пижама се што ке најде. Јас всушност и не знам како изгледаат непцата кога излегуваат заби ама мм ме убедува дека тоа е тоа пти и како подотечени му се двојките доле, можно ли е прво двојки да извади? вчера јадев јаболка ме гледаше а бе мислиш ке зајаде, му ја доближив до уста кога почна да глода оти тврдо па и ладна се гледаше дека ужива
Мене ми е страв да пишам да не се подречам сама, сеуште врзува 5,6 саати ноќе, од 10 до 3, од 11 до 5, потоа си станува на 2 сати, ама бар 4 сати врзувам јас што ми се доволно мене за да функционирам.. Скоков 4ти сеуште не го сеќавам, значи јас си споредувам со првото и ова боза ми е уште додуша ниеден скок не сетив, моево во скокови повеќе спие и цица, е сега денските дремки се пократки вчера на пр 40 мин до 1 сат, надвор спиеше 1 сат, потоа дома не многу, се буди и го презаспивам, знам дење и в раце да го држам пол сат за да спие оти ако не е спиен плачи и е нервозен. Се пика в уста, нервозно се чеша, лигави многу, нон стоп се врти во страна и се има свртено 2 пати од грб на меше ама на кревет, на под не, не го оставам на под бидејќи има шанса да биди изгазен од големиот а на меше кога е се врти во страна лево десно и пробува и нанпред на оди ама секако е без успех засега кога зборуваме и тој пеј, вика кога јадиме исто џвака @Carolin. Спремни се за јадење изгледа уште 2,3 недели почнуваме здравје
3-4 пати ми се им десено да го ставам меѓу нас. Ќе се разбудеше многу рано накај 7 и го ставав продолжуваше уште еден саат, ама како ја анализира спалната дека нема спиено таму.. ногу е смешен мм ми вика веќе забрането ставање меѓу нас зошто ќе ме преселите во дневна овој почна да разбира. Така веќе кога и да стане легнување меѓу нас нема
Колку сум возбудена да знаеш дека ке почнеме да јадеме, мислиш на факултет ке го праќам само тоа зборам собирам информации дури сега и за славата што му носеле пакетчиња на бебо со кашички имаше некои, па има и своја кутија се наредено му е демек нешто знае он
Дур трепнеш ќе има 2г, ќе разбира се, и сам ќе си доаѓа меѓу вас и ќе биде најсреќно дете на цел свет.
Да тоа си го збориме често со мм искрено и јас едвај чекам да го гушнам. Сега не змам колку разбира од гушкање ама ич нејќе да се гушка. Се надевам тогаш ќе се погушкаме малце